Знаете дека бришат коментари на ФБ кои не им одговараат? И блокираат Преплавено е со кутриња од Бубамак зошто САМИ се деклалираат како единствена одгледувачница на малтезери во МК, па луѓево мислат дека се друго не чини. Осеќам ко да се навредуваат одредени членови од муабетов ако купиле поевтино кутре. Воопшто не е тоа намерата. Секако дека вие исто ќе си го сакате својот миленик, особено ако потеклото и не ви е до толку битно. Меѓутоа да мислите дека кутре од 300е со кутре од 1500е е ист квалитет, не е. Без разлика што продавачот ќе ве убедува дека 'тие таму некои само пумпаат цени без врска', а демек ова неговото е со реална цена. Има луѓе на кои тоа им е битно, и луѓе на кои не им е. Да нема измамени купувачи во иднина, затоа се коментариве, не дека тоа од 300е заслужува помалку љубов од поскапите.
Буквално секое малтезерче во Скопје е од кај нив, во секое време имаат кутриња за продавање. Далеку од тоа дека ми е криво што луѓето си направиле бизнис, жал ми е за тие 15 кучиња кои живеат во тие услови само за приплод. Многу нехумано. Многу...
Бизнис нека си е бизнис, ама со живи суштества мразам бизниси. Нека си работи човекот, ама ако нештата се под долната хумана граница, тогаш....треба да се алармира. ...на пример во Анима Мунди.. Сум била во БубаМак. Ги видов условите. Не се лоши, навистина има четири кафези за бебиња едно врз друго, топла мала просторија. Ама не јс знаев позадината, дека се штанцаат.Мислев дека тој ги одгледува зашто човекот така и се претставува и такви приказни плете, дека чека бебиња од некоја кучка, дека се пола таксани, дека од цела Мкд го бараат. Сите кои ги имам прашано од каде им се штенчињата, сите од таму ги купиле.
Пред извесно време истово го коментирав за Бубамак-претераа! Нон-стоп објавуаат нови легла, вистински одгледувач не продава кученце туку така, фино се распрашува во чии раце оди тоа куче. Од друга страна само ми се појавуваат објави од типот-продавам 3 годишен (и слично) малтезер, или најден е малтезер (го гледаш на слика сирот, запуштен скроз, или-поради одење во странство, се вдомува малтезер итн. Жално! Не знаев и дека без педигре продаваат. Едно време се рекламираа и како набавувачи на сите раси. Јас едно време за сериозни ги сметав, дури ги имав препорачувано, ама ептен штанцерски фатија.
Здравоо,јас имам малтезер 4 месеци и од расата сум многу задоволна многу се паметни,но треба многу внимание да им се обрнува затоа што не сакаат да седат сами.
Па ниедно куче не сака баш да седе само. Нашево се лути, еден ден го оставивме само, бевме во Ск, после 2 дена ни беше луто и намерно мочаше кај ќе стигне. А за овие чудно ми стана, и јас ги читав како најдобри. Многу ми се убави овие кучиња, ама маж не ги сака. Он сака големи, јас сакав вакво или бигл, кокер, боксер, лабрадор Сега имаме 2, и големо и мало, ама мерак ми е за бишонче
Абе знам дека не сакаат да се сами ама невозможно е секаде да се носат. Зарем никој не иде на работа и по други обврски за да седи со куче дома.. Твоето ги го тренираше за мочање? Како пројде?
За мочање бидејќи се чува по дома има едни во аптека пелени за неподвижни лица. Се постила доле големко е
Исто, мислам единствена мана на малтезериве е тоа, а и кога го купував ми беше предочено да го земам ова во предвид. Ретко го оставам сам од овие причини, многу квичи и се потресува, добро е што се снаоѓам. Инаку од овие причини знам за случај што по неколку месеци го продаде, ми кажа самата вели јас на работа детево со школски обврски и немам време, летото го купи во октомври го продаде.
прво сите теписи ќе си ги кренете зашто лом ќе ви бидат ќе си прави белји и на страна но кога ќе ја видиш ќе и викнеш не тука и со весник малку ќе ја потчукнеш по газзето и ќе ја седнеш на пелената. Само така се научј моето
Малтезерите се такви кучиња и не сакаат вооппто да останат сами. Моето кога сме сите на работа лае цела населба во вис ја крева и прави бељи се качуваше по маси и насекаде кај што стигне
Еве како изгледа ртодовник/педигре Ги има сите прародители и нивни титули и не го плативме 800 еур туку 250. @wannaBeMomma И јас спиев во почетокот во дневна ,ми беше жал,ама пусто од тоа колку се неодоливи,брз се размазуваат. Стави му некое твое парче облека во креветчето и ке се научи. За на пелена мм по 600 пати на ден ја носеше и брзо научи. Ја остававме сама ,ке оставевме погласно ТВ и си седеше,ама свекрва ми ја зафркна работата на двапати ја зема долу(живее под нас) и после имавме мака. Се додека не дојде новиот член,пудлата,сега си седат сами еден со друг.
@Cosmi веќе некое време барам второ кученце да земам, сакав оддамна да те прашам за искуства со малтезер и друго куче, од прва ли се навикна и се прифатија и какви промени приметуваш откако е со другарче дома, еве си пишала помирни се и седат сами, мене и тоа ми е најголема причина да не замарам постојано да е под надзор и да не е сам, да има со кој да се дружи. И друго ме интересира кога го бираше кучето го носеше ли со тебе малтезерот да видиш се трпат или не? И друго ме секира сега ако земам тукушто родено нели тоа нема вакцини и треба дома да седи без контакт со други животни, а јас секој ден малтезеров го шетам, не знам што да правам освен да купам постаро кученце, ама па не сакам така
Малтезерката имаше 2 год.кога го донесовме пудличето(француска тој пудла)и прво го игнорираше ,подоцна му се постави ко мајка.Тоа ко теле оди по неа и ден денес,таа е главна. Но,никогаш за овие 4 год.не се затепале,искасале за ништо.Ниту за храна,никогаш не се рчкаат. Таа беше бубаче,никогаш не изела влечка или нешто по дома,грев е да речам,е овој беше понемирен, кога беше мал ми копаше земја од цвеќињата,вадеше вода од садот и после шлапкаше во водата и уште е такво магаре,а она си дреме цел ден,мирна е и ко мачка се однесува,а тој џвака пластични шишиња и капачиња,милион играчки има со сите игра секојдневно и така.Двајцата ни се многу приврзани. Кога ке ги оставиме ,одат во детска и се сместуваат на еден од креветите,кога ке се вратиме уште се таму. Ама никаква беља не направиле.
Го тренирав со награда, никако со весник по газе. Е сега спремај се за мочање, околу 3 месец се учат. Се научи на пелената и сега и кога е надвор, внатре моча Не кака на исто место, туку во близина, на плочките во ходникот. Се мислам на терасата да го учам. Јас немам теписи па чистев со оцет. Инаку ми ја измоча и гарнитурата
И мојава тоа правеше,шеташе надвор мочаше на пелена. На земја не сакаше да стапне,а не да моча,подоцна почна во трева.
Не сум го мавала таман работа туку нежно да го потчукнеш така ни викаа сите што ги прашувавме со награда не ни успеваше. Како бебенце си ја чуваме ние по дома најразгалена ни е. Инаку и кај нас исто гарнитурата е лом од неа. Од инает кога не сме дома прави бељи зашто не сме ја земале со нас. Ама сега откако ја спаривме прв пат стана многу мирна само да се мази.