Мојов малтезер па изгорен е на трева се да си регулира натенане. А го изнесам за накај парк и знам во тревникот под зграда му е прва станица за голема. Лесно се научи, да не се жалам, ама палавштини како твоево мажјаче пудла, исто, копа во саксии, гризе папучи, пластика, картонски кутии му оставам, клуб масичката ми е домашен дрворез, се уникатно по дома, изгравирано од негови заби. Ми рекоа такви се додека менуваат запчиња после се смирувале, ај да видам
Од Маврово држеше да се вратиме дома..Ко човек е,не оди во секаков тоалет Машко е твоето? Може до полот е Само уште е немирен мојов,не прави бељи,ама таков е немирен. А малтезерката никогаш никаква беља не ни направила,бубаче.
Се стиска до дома за да моча и прво влегување тоа му е. Ништо штета ти немаат направено? Леле моево се изгриза, еден здрав чорап неаме И гарнитурата ја изеде.
Нашето додека му раснеа забчињата се лом ни направи и влечки и маси и столици дури и вратите ги гризаше. Ама сеа веќе е смирена хаха
Ама се разбираат и многу е инаетлива. Еднаш ја оставивме на2 мин во кола истоваравме торби и тоа со отворен прозор седеше цела кола лом ни ја направи со голема нужда за инат зашто не сме ја земале и неа надвор
Машко е, ај се тешам до возраста е, мало па палаво А на почеток бубачка мирен беше, ама од октомври наваму аууу како го распекмезувам така се потемпераментен е, а стрилизирани ли ти се?
Жими се ,ништо,ни влечка не гризеше. Ми беше страв за гарнитурата тогаш кожна ја земавме,ама ништо не правеше,многу е мирна. Маж ми викаше оваа има ген на мачка. Другарка ми се чудеше,нејзиниот па пинч се живо и изеде. Дојде еднаш на гости тој скокаше насекаде,оваа во нашата спална си замина. Многу е терсене. Ама пудлата ни наплати. Со водата што ја вадеше најмногу ме лутеше,сум го плеснала по газот,па престана.
Mоже и до расата е, ова си е ловџиско куче сепак. Има премногу енергија, само гризе и душка дома. Го караме ама, не, мирен е 2 часа и после пак е во акција.
Значи во кола сам никако Разбираат навистина и друго што приметувам кај малтезериве, може и другиве така реагираат, ама се плаши од појаки звуци, од фенот и правосмукалката бега, ај кога го фенирам дувам накај раката и го поминувам по крзното па е мирен. И да повишиш тон одма бега, се крие. Ама а сам го оставам кога ќе упали цвилеж свирката, ич не сакам да плаче, многу се приврзани и лојални како миленици, да не пишам во вц со мене оди, а му затворам врата одма квичи
Да , двајцата. Тој побрзо се опорави,за еден ден беше топ. А на принцезата над глава цела недела и седевме,мм во раце на пелена ја носеше,и така си лежеше и си лежеше.... Сите не правеа будали,ќе сме можеле пари да правиме на нив,не доаѓаше во обзир за нас. Ниту тоа,ниту па имавме интерес по изложби да ги носиме.
Па да во ген му е да истражува. Ние во почетокот кога ја земавме нашава и појма немавме,една жена ми рече си зела куче за дружба и за на кревет . Не ја разбрав,ама сега ми е јасно. Цел ден е по кревети.
Не е само пари да се прават, која одговорност е тоа, какви последици си носи и повлекува со себе, ова народов како размислува значи, јас се сум на ум мажјак втор да купам, ама да не палават уште повеќе ми е тоа во мисли Сега те прочитав за креветот, иста приказна, потполно те разбирам, па се мази, многу мила раса се
Мојава секогаш ми е лута два саати после бањање,ич не сака. Кога беше помлада се вртеше накај ѕид кога ја викав.
По описот на @Cosmi и мојата пуфка е повеќе малтезер, помалку нешто друго. Мене ич не ми беше битно педигре или чистокрвност, какво си посакав такво си најдов. Ништо не каса, цел ден ако може да се гали и ако може да спие со некого (а не може). Глупо прашање, пошто го имам кучево 8 дена- можно е да има болви, како да познаам и како да го истребам ако има
Ќе си идеш во ветеринарна амбуланта да купиш ланче против болви и крлежи. Смрди малку повеќе ама нема да имаш ич проблеми