ние пробувавме и со шампони и со ампули џабе беше се на крај тоа ланче многу ни помогна и ден денес си го носи и нипто нема
На колку време ги бањаш? Ова нашето засмрдува после една недела. Кога шетаме само шепи му мијам убаво. Ама ич не сака да се бања.
Почесто ќе се чешка и при капење кога е мокро влакното се залепуваат болвите и полесно се приметуваат, особено ако има посветло крзно одма се приметуваат. Ќе се обратиш на ветеринар ќе аплицираат ампула против надворешни паразити. Таа се става 1 месечно, можеш и да купиш од пет шоп и сама да ја нанесеш, ама подобро прв пат да видиш на ветеринар како ја аплицира. Ако е поголемо, на возраст поголемко, кученцето можеш да набавиш и каивче против надворешни паразити најпопуларни и најпродавани се Форесто, Скалибур и Килтикс. @princess02 алчен е по нашата храна, се што јадеме жив не е ако не проба, негована му седи во чинивче, ама тој по нашата. Инаку јаде умерено, знае кога ќе се насити да си остави за попосле. А сувата сака во рака под муцка да му се додава, цели процедури имаме за хранење
ne znam stvarno na koja marka bese ama ne bese bas eftino 1000 i nesto go zemavme ama eve 5 meseci nemame maka ni so krlezi ni so bolvi
Пуштете ја со вас ,нашава си спие секогаш до некого Земи ампула Advantix според тежина ,најмалите 5-10 кг. И да има болви ќе угинати веднаш.
Првиот и вториот пат на ветеринар таа му ја ставија, јас пред некој ден за ноември му купив и сама аплицирав Ataxxa, исти се по состав со Advantix, одлични ампули се. Уште ова да те прашам и толку за вечерва, кога прв пат ја шишаше малтезерката? Јас сакав да му закажам за оваа недела, ама тек по 20ти имаат термин и тогаш ќе испадне да е точно 5 месеци, не е проблем што е есено време, а јас ќе му мењам личен опис на крзното така? Те прашувам затоа што мажот во пет шопот ми рече па почекај до февруари за шишање, а жена му со која работат заедно ми вика шишни го сега ќе му се заплеткува крзното ако не е среден на време.
На десет дена. Не сака ,се нешто мрчи ,па тоа косите кога ги сушиме со фен и за тоа се лути. А пудлата сака вода,тој и кога го носиме на одмор си плива. @Idedemja Ние само таа ја ставаме , понекогаш и Адвокат и многу е лесно аплицирањето. Каифче скалибур и сл.немаме ставено до сега. Па не ми текнува ама имаше 5-6 месеци. Јас не ги носам на шишање ,купив машинка и ножици на алиекспрес, ЈУ тјуб и развивам фризерски вештини.
Значи со малтезот да земам и некое сродно куче да си прават друштво? Вака просто прашање....ако е женка од друга раса, немој да ми се спарат...!?! Машко да е и другото?
Кога зимате кутре, особено мало додека е, купете бокс или транспортер и додека не сте дома затварајте го внатре, и додека возите негде ставајте го во багажник - и заради безбедносни и ради хигиенски причини. Ќе се научи по неколку месеци, и самото ќе си оди внатре и ќе спие. Сите овие проблеми,не е до расата, туку до размазувањето на сопствениците, и тоа го прават сите со мали раси. Кога имаш вучјак, или ротфајлер, не е изводливо само со сува храна да го храниш ради цената, и се случува столицата да не е тврда за со раце да ја собереш, и не е интересно да се покака на плочки или паркет,и таков да легне на гарнитура. Или недај боже да лае кога не си дома, цело маало ќе ти дојде на врата
Не,не мора.Ние земавме зошто многу сакавме уште едно.Само да бидете построги и постепено да го навикнете сами. А со ова раса е многу тешко.Ептен ги лигавиме. Јас сум малку построга,ама мм,мака да ти падне.
Малтезерот од мал морав да го оставам сам дома, со пуштен телевизор, си гледаше надвор од прозор, не правеше бељи додека е сам. Ама како потпорасна, место "научен" да биде сам, почна да бележи на 2-3 места и така фино ми оштети убава маса. И ова бележењево му остана у навика... Сега има 3 години и со гризење прилично лесно поминавме, беше бесен, далеку од мирен, ама ништо страшно. Е сега земавме уште едно куче-тој мал, мил, ова е баш мирно, послушно куче од мало, ама бре малтезеров не го поднесува! Првите денови од штрајк ни јадеше, ни вода пиеше, сега е поопуштен, ама дека се сакаат сѐ уште не, му 'рже, му лае, се надевам дека ќе се смени ситуација. За малово куче од старт купив кафез, се изнагледав видеа како да го истренирам да научи по некој саат да биде во него, ама за сега и тоа неуспешно, ај што плаче и цвили, наводно тоа треба да се игнорира, ама кога се помоча од страв, е тоа не можам.
Еве некои цени за транспортери и боксови https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=668380754047517&id=205105587041705
Адвантикс е малку агресивна ампула. Јас Фирприст не ја менувам, до сега ми се покажа како најефикасна и најтолерантна. Имаше нервни напади од таа ампула, со огромно црвенило и алергиска реакција. Буквално се поремети кучето. Го однесов на ветеринар, ми кажаа да го избањам и да мачкам синопен. Среќа за неколку дена се врати на себе. Сепак, така се погоди кај моево, може само да сугерирам на претпазливост. А намерно ја земав, затоа што ја фалеа.
За бањање и мојов како пудлата твоја е, лесно се наканува, фенот само му пречи. За бањање во вода ќе го проверам следното лето дали има таков капацитет да е водно кученце, ама ми делува таков ќе да е Браво штом имаш самодоверба за примена на фризерски вештини, јас машинка имам спремна за него, ама нит самодоверба нит вештини се уште, ама може ќе ме биде понатаму, све за куцики Фала за совети најмногу
Вчера во петшопот истово ми го предочија дека Адвантикс(Атакса) има појака хемија од Фиприст, ама мојов почна со таа ампула и немаше никакви несакани ефекти, а делотворна е многу. Ама добри информации и совети, еве јас да знаев во случај сама да му ставав ќе почнев со Фиприст, па потоа со другиве, ама ете се добро испадна и до сега вака.
Ако не реагирало до сега, немаш гајле. Проблемот е од прв пат ако има реакција, веднаш да се стопира.
Ние порано земавме фронтлајн. Но,еднаш неколку дена по аплицирање фронтлајн кога и видов крлеж на уво ,паника ме фати. Мм и го извади ама кај вет им барав ампула која ќе спречи закачување на такви животинки. Ни ја препорачаа Адвантикс,ни кажаа може да се чешаат од алергија но кај моиве не се случи ништо. Ни крлеж ни болва не фатиле од тогаш.
Добри состојки има, за разлика од другите, штити и од песочни муви кои пренесуваат лајшманија. Јас за тоа се залетав, со оглед дека станува се почеста појава кај кучињата. Ама ете, за жал не се погоди.