На која возраст прв пат се става ампула за болви, крлежи? Исто ме интересира од која храна сте најзадоволни? Јас имам бишонче, 2 месеци старо, на почеток му давав Royal Canin starter mini, сега му ја заменив со Purina Pro Plan, со лосос. Му ги мешав двете заедно за да видам дали ќе ја прифати и приметувам дека новата повеќе ја сака, Ројалот му останува.
Да ,јас заради тоа најмногу се одлучив за Адвантикс. Имавме улична кучка за која се боревме да преживее со таа болест. Многу скапо е лечењето со милтефорани после.
Се надевам дека ќе се навикне, вчера се бркаа во двор, тоа е чудо Поголем проблем е што од љубомора почна да напаѓа други кучиња, кога го шетам, се обидува да ги гризне За ампула, најчесто му ставав Фронтлајн, ама оваа пролет кога на ставена ампула му најдов 4 крлежи, еден до мене легнат у кревет, друг кај детето на врат (откако се галеше со кучево), ми се згади, му ставив Килтикс каивче, супер се покажа, од мај наваму му стои, одлично (сега е веќе за менување). Инаку мојов не дозволува ампула да аплицирам, бега и сл. Околу козметика за малтезери, нема избор по петшоповиве. Посебно нема спреј за расчешлување, еден што ептен ми го фалеа и рекламираа, не само што не помага при расчешлување, туку и го пожолтува крзното. Последно купив шампон+регенератот на Биоганц, да видиме како ќе се покаже. Секој можен ден го чешлам, имав намера бар 5-6см коса да има, ама после шишање, 3 месеца поминуваат и буквално преку ноќ се тутка и затоа е потребен добар спреј за расчешлување, ама нема. Да се среди ситуацијава со граници, вируси и од Софија планирам сѐ да купам, ептен имаат избор. Сега е ишишан на најкратко, ич не ми се бендисува...
За кучето и јас преферирам каивчиња, навистина мирисаат прво, ама кратко трае. И барем ми се покажале ептен ефикасни, 4-5 месеци се ефикасни, а јас го носам апла во природа, чим таму не фаќа, значи добри се Иначе ако се здружи со малото кутре, можно е да сака да напаѓа за да го брани него, али тука си, корегирај, ќе се среди.
Топло ги препорачувам овие капки за мочање Моето за три дена се научи и да.мочка и да кака на пелена. Вака од далеку не мирисаат, ама од близу бљак...
Од Фемили Шоп од Куманово околу 130 денари. Вака од далеку не мирисаат ама ако се доближиш-корне. На секои 10 мин со носето го носев до пелната каде е капнато со капки и сфати. П.С...праќаат по кагрго. Имаат убава гардероба за кучиња..и чизмици видов, ама солени ми се
Во почетокот кога беше бебе, го бањав 1 месечно, повремено шепите ако се извалка. Сега на 10-15 дена. Ветеринарите советуваат поретко, ама грумерот каде што одиме на шишање ми рече дека доколку се користи добар шампон, растворен со вода и добро се исплакне, може да се бања секогаш кога ќе осетам потреба. Шампон земам од таму, од Србија го носат. Претходно користев еден виолетов шампон за бели кучиња, го купував во Сити мол во подрум и бев задоволна. Кој шампон и да го земеш, обавезно растварај го во шишенце, стави колку што мислиш дека ти е потребно и 3х толку вода. На крај го сушам со фен и истовремено четкам со четката. Учи го од мало на вода, фен, чешлај го, чисти му очиња, за да не ти прави проблем понатаму.
Не баш до корен, ама мали се. Сеа нема кафени влакна т.е. се малку и куси.па и очињата му се гледаат.
Здраво на сите. Пред 10 дена зедовме Бишон женка. Уште е бебе т.е стара е 2 месеци. Ја хранеме со Royal Canin mini papy ама некако не и стига и цело време е гладна. Некој ако има што користи иста храна да ми каже по колку гр. го храни своето кученце да си направам споредба, да не нешто ние сме грешка со дозата. Инаку многу е мила ама е и голема инаетлика. Уште се учиме за хигиенски навики и ни оди тешко. Го начекува првиот момент кога никој не ја гледи за да направи беља
На почетокот се ко ненајадени, моето се тресеше кога ќе ја видеше храната. И со други што сум зборела исто велат. Сега, си јаде ама не така лакомо. На googl ги имаш табелите. За очекувана килажа (како возрасно) од 2кг е 50 грама, за 6кг е 100 грама. Јас имам малтезер, не знаѓ Бишонот колку кг е како возрасен. Според очекуваната килажа израчунај колку гр и треба на ден.
Јас го оставам скоро секој ден, најдолго само има седено 16 саати (научено е да мочка и на пелена). Спие додека ние не сме дома. Како мало знаеше да ми ги прекопува цвеќињата, сега веќе не прави бељи. Цивка малце кога ќе ме испраќа, ама си имаме ритуал пред одење и штом ќе се вратам. Секогаш исти реченици кажувам на одење и на доаѓање(во смисла чувај куќа и браво) и давам награда. Не дека едно прцле од 2 кг ќе чува куќа, ама да се најдеме во муабет Да чуствува некоја сигурност, затоа што навистина разбираат. Како на пр кога ќе речам “ајде дома”, трча како лудо
Да и ние даваме толку ама некако како гладна ни делува, кога и да одам до кујна секогаш трча по мене како да е гладна.
Каква друга храна им одговара на овие раси кутриња? За колку време се научи вашето каде да мочка и кака и на кој начин полесно да ја научаме? Прв пат чуваме куче и некако сме неискусни Имаме и друг проблем, секоја вечер ни цивка по мин. 2 пати и додека не види некој од нас не престанува Инаку ја оставивме еден ден сама дома 4 часа и ни се јавија дека премногу цивка. Незнам како ке се научаме сами
Јас имам бишон машко, исто 2 месеци и исто почнавме со ројал канин и беше цело време гладно и храната ја јадеше за секунда. Потоа почнав храната да ја оставам да отстои во топла вода барем 15мин, зошто приметив дека му е тешко на мешето и едно сабајле ми поврати дека најверојатно многу брзо само ја голтало и не ја соџвакало. Потоа земав пола кг пурина со лосос, за осетливи стомачиња ми рекоа дека е таа храна, плус тоа што ми остана од ројал канинот му ја давам заедно со оваа, но сега пак цело време му останува храна во тањирче па има храна постојано. Некогаш се молиме да јадеме, му ја ставам на под, така повеќе сака да јаде или од рака му давам Планирам сега да земам исто од пурина но со пилешко и мајчино млеко, можеби оваа од лосос има појак мирис на риба што доаѓа до израз кога ќе ја накиснам, што ни на мене не ми се допаѓа Во врска со пелените кога кака не промашува да отиде на пелена, за мочкање 80% оди на пелена, остатокот како за инат некои денови прави беља на друго место. На почетокот кога го земав пелената ја ставив во близина на креветчето и таму никако не сакаше да мочка, па потоа ја преместивме до влезната врата во собата, што му е подалеку на него но излезе дека е подобар начин