1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Малтезер и бишон

Дискусија во 'Дом' започната од Ninjasdaughter, 9 септември 2020.

  1. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Женски
    Сакам и јас да пробам со друга храна пошто сега приметувам дека некои столици и се потечни.
    Инаку како се научивте на да оди на пелена. Ние сме многу упорни ама ко заинат не оди на пелената оди насекаде по собата
     
  2. PrettyDramaQueen

    PrettyDramaQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2016
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    4.192
    Пол:
    Женски
    Приметете каде најмногу сака да мочка и таму ставете ја пелената, од кога ќе си играте, после јадење, спиење секогаш ставајте го вие на пелената и почекајте да се измочка. Од кога ќе отиде на пелена еднаш, два пати после по мирисот ќе си оди сам таму. Пред да кака обично многу душка насекаде, си бара место, па ако уште не знае ни тоа на пелена ќе го однесете вие кога ќе го приметите. Исто кога ќе го дефинирате местото на пелената цел останат простор пребришете го со алкохолен оцет за да исчезне мирисот од претходно ако се имал измочкано некаде.
     
    На cresa-jagoda и LaTama им се допаѓа ова.
  3. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Женски
    Цело време го праваме тоа т.е ја носеме после спиење,јадење, играње на пелената и се моламе по 15-20 мин за жива глава несака и кога ќе се тргнаш од таму пошто ќе си помислиш на толку молење дека не и се оди ќе ја пушташ и оди каде ќе најде. Инаку правам дезинфекција секој ден по повеќе пати и пак нема никаков ефект. Најверојатно ќе треба да и ја подместеме пелената. И нејзината и е веднаш до леглото. Се надевам ќе има ефект :)
     
  4. PrettyDramaQueen

    PrettyDramaQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2016
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    4.192
    Пол:
    Женски
    До тоа е сигурно, кога беше пелената веднаш до леглото веќе 2риот ден никако не сакаше таму да мочка, ставате ја подалеку без грижи дека нема да оди до подалеку за да се помочка :rofl:
     
    На cresa-jagoda и LaTama им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Ги оставате ли кучињата сами дома ?
    Како реагираат ?
    На колку време ги имате оставено ?
     
  6. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.104
    Допаѓања:
    40.298
    Навечер е по 8+саати сама во дневна. Преку ден до сега макс 3ч, гајле нема, ужива. Одмара од децата:rofl:
     
    На referentka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.104
    Допаѓања:
    40.298
    Сите ли бишони се вака луди? Гризе нозе, ногавици прсти. Ама баш силно. 2,5м е
     
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Период им е.
    Ги чешаат заби веројатно.
    Моето и со нокти гребеше, дрепа не напраи:D
    Ноктите му ги исекоа.
    Мислам дека касаат од 2 до 3 месеци додека не им никнат сите заби.

    Чипирањето колку пари е?
     
    На cresa-jagoda и wannaBeMomma им се допаѓа ова.
  9. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Женски
    Не се сеќирај не е само твоето. И нашата е иста возраст, не гризе нас не прави лом со тие игличките заби :D
     
    На cresa-jagoda, wannaBeMomma и referentka им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Ние денес бевме на сечење нокти:makeup:, чистење уши , стижење околу очи и чистење очи.
    Очите со обична вода и тоалетна и тоа онака храбро, без да го штеди кутрето, докторот вели-не го боли, не се секирај.
     
    На cresa-jagoda и Bubce38 им се допаѓа ова.
  11. PositiveVibes

    PositiveVibes Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2020
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    132
    Каде и дали наплаќаат за овие услуги?

    Инаку какви ампули им ставате на вашите мали кученца за заштита од надворешни паразити?
     
  12. PositiveVibes

    PositiveVibes Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2020
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    132
    Моето само навечер после 21h има вишок на енергија и сака да се истрча, да му фрлам топче и да ми го враќа, да каса, лае, 'ржи.. Преку цел ден само спие и јаде :rofl:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Кај матичниот ветеринар, бесплатно.
     
    На PositiveVibes му/ѝ се допаѓа ова.
  14. jagoda777

    jagoda777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    486
    Пол:
    Женски
    Здраво ,дали некој може да ми објасни на што мислат карантин за куче малтезер со примена само една вакцина следната му е за брзо .Го носев со мене во маркет и сите што го видоа ми рекоа додека не се вакцинира со сите вакцини чувај го во карантин(во јакна ми беше не шеташе по под) ...тоа е за да нема контакт со други кучиња и мачки претпоставуваам ,а не и од луѓе или...?Или треба и од луѓе ?
     
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.577
    Допаѓања:
    40.005
    Пол:
    Женски
    Од кучиња и мачки, да не душка околу. Не го изнесувај додека не прими вакцини
     
    На cresa-jagoda, jagoda777 и referentka им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Се мисли на тоа, кучето после примени редовни вакцини и ре вакцини кои се примаат до отприлика 4 месеци не смееш да го носиш надвор, сеуште е мало и не е имуно на болести..може да душне нешто, да лапне нешто од улица кое би предизвикало болест
    Јас ваков одговор добив од ветеринарот.

    Тие што имаат малтези и бишони...кога првпат ги шишавте?
    На пат сум да купам машинка и да го средам, читав дека од 3 до 6 месеци треба да е првото шишање.
    Околу очи имаат по малку кафено, таму ги шишам со ножици и малтене секој ден чиста очи со крпче со чиста вода.
    Има ли некој препарат за да нема кафено под очи?

    П.С....машинка за кучиња најдов, безшумна.
    1250 денари.Немам живци на месец дена на груминг да ги носам, кај мене се повеќе животни, неможам месечно да плаќам толку пари за средување, по исплатливо е 1200 машинче и да се научам.
    По изложби немам намера да ги носам ама сакам да се убави и средени.
     
    Последна измена: 22 декември 2020
    На cresa-jagoda и jagoda777 им се допаѓа ова.
  17. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.720
    Допаѓања:
    172.708
    Пол:
    Женски
    Рефке ма..колку животињи купи8-|
    Ниедна слика не си почастила :inlove:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Полна куќа.
    Кажав,уште змија немам:Dама и тоа ќе биде:D

    Бизнис ќе отварам сеа:D
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Дечки да ве известам, тие кои имате малтези и бишони, имате на попуст машинки за кучиња, по 1400 денари се во Кисела Вода во Krusel store.
    До среда е попустот.
    Машинките се во комплет ео ножици за шишање, четка за кучиња (која во продавницоте е мин 450 ден), два вида на чешли(едер и ситен..за шишање),масло за машинката, три делчиња за висина на влакно.

    Не е реклама, поефтино е, инаку се над 2000 денари.
    Плус овие се спец за кутриња и се спакувани во убаво куферче.

    20201223_120326.jpg
     
    Последна измена од модератор: 23 декември 2020
    На cresa-jagoda, Elenpelen, jagoda777 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Колку пари толку музика. 2 пати дали ја искористив, тешка е, гласна, тропа и пресилно вибрира. Мало куче ќе извади од памет. Никогаш не паднала за да се зезне нешто.