На My Pet Shop имате добри машинки за шишање. инаку, мајка ми го шиша со една од Џамбо во Солун купена пред 10 години кога го зедовме. Уште е добра, за 10 евра. Ножици и нарачав од Алиекспрес, океј се, по 4-5 долари едни. Јас лично немам живци и би платила 1000че да го средат ама таа си обожава да го тинтари, за пола сат е ко нов.
Јас пак си ги шишнав и супер испадна. Го ставив тоа делчето за по долги влакна. Другото делче за шепите оздоле. Мене ми брка работа,јас и со ножици околу очи често ги шишам, брадичка да немаат исто... Сакаат тинтрање, од мали се научени. Чешлањето и чистење очи и уши ни е секојдневно.
Јас од 3,5 почнав. Околу очи го шишаа на 2 месеци, ради солзичките и тоа кафеното околу очи. ...и околу задник...јасно е зошто. Имам чуено дека има некоја течност да немаат кафено ама незнам ни како се вика ни каде да ја барам. Ако некој знае , нека пише.
Angel glow се вика, капки се. Јас порано го земав од Србија 30 еур 30 мл, 50 еур 50 мл беа. Кога му ставаш е чист, кога не му ставаш пак му е кафеаво. Кај нас не знам дали има.
Ние нашата бишонка редовно ја шишаме околу очите и секој ден чистаме очи и досега нема пројавено кафено. Инаку 3,5 месеци е. Сакав да прашам околу храната. Моментално е на Пурина сенситив и супер ја поднесува но во последно време некако одбива да ја јади. Ќе и се стави да јаде само душнува и не ја чепка се додека не прегладни што не беше случај на почетокот. Некој да имал сл. искуство
Таа е таа од лосос? Почни со пурина пилешко, и моето не ја сакаше пурина лосос, му мириса лошо на рибата (и мене ми мирисаше )
Колку отприлика изнесува месечен трошок за бишонче.Знам дека неможе точно да се одреди,нели вакцини,ветеринари,ама грубо,отприлика колку би требало.
Вакцините се во првите три месеци вкупно 1500 ден, чип 800, вакцина за беснило со чипот 600. . Пасош 100 ден. Храна зависи каква има од 60 ден кг па нагоре. Шампон 100-200 ден, ако го носиш на груминг 1000 ден третман. Таблета за глисти 50-100 ден, во првите 6 месеци треба секој месец, понатаму на 3 месеци, прашок за болви 100 ден, ампула летно време мораш да му ставаш на килажа се наплаќа. Треба да купиш ремче, веројатно ќе го чуваш внатре па и место за спиење/креветче. Ако му купуваш гардероба плус пари. Витамини плус пари. Секоја посета на вегеринар плус пари. Ако заболи нешто плус пари. Секој троши за кучето колку што може да си дозволи.
Јас 3те вакцини ги платив по 800ден една, апченцата за глисти околу 50тина денари, со тоа што додека е мало се дава осминка/четвртинка од апчето во зависност од килажата. Чип + вакцина за беснило + пасош + ампула (400ден) + апче = платив 2000 денари. Вакцината за беснило се прима еднаш годишно, и плус еднаш годишно ревакцинација. Апченце за глисти ми кажаа дека се прима еднаш месечно цел живот, ампула на неа пишува дека трае 60дена, но отприлика ми рекоа дека на 40 е најдобро да се става нова. Ампула ми дадоа advantix Храна моментално му давам Purina Pro Plan пилешко, 290ден е килограм, потребни ми се 2кг месечно, бишончето ми има 5 месеци. Останатите трошоци се по твои желби и можности, креветче, кебенце, играчки, облека, шампони, груминг третмани. @simona_baby @СуперДевојка каков е тој прашок за болви? Мене ништо такво не ми кажаа дека постои, само ампулата ми ја дадоа. Јас уште му ја немам ставено затоа што е ладно и уште не го шетам надвор. Дали прашокот е доволен за штетници што може да се фатат на овие временски услови и кои периоди ја има песочната мушичка што носи смртоносна болест за кученцата? Едит: 150 денари - 10 пелени, за додека кученцето е мало е мочка дома
@PositiveVibes неопиптроид е прашок за широка намена и влијае врз секакви штетници меѓу кои и болви и вошки и е најбезбедна варијанта за новороденче до 3 месеци. Ампулите не се пожелни да се ставаат додека е мало па го препорачуваат прашокот.
За пелени да ви кажам. Во Зегин има некои нови, по 30 се во пакет и се 340 денари. Иста големина 60х60 како и оние по 10 што се. Кој има постаро кутре да каже дали им се менува однесувањето со стареењето или такви разиграни ке си останат секогаш.
Дали си задоволна од овие пелени? Ние последно што зедовме едни воопшто не се квалитетни. Ставаме и весник над нив и пак пропуштаат одоздолу. И мене ме интересира за карактерот
Кафеавото околу очи не е од нечистење или нехигиена,алергиска реакција е и нетолерантност на храната. Ако нема сега не мора да значи дека нема да се појави,колку сакате чистете го. Нашето пројави на околу 9 месеци,едвај најдовме соодветна храна после многу пробувања,кога ја погодивме се исчисти за нецели 2 месеци,пак стана цут бел.
Дававме од Country farms purina,лом се направи од неа,ужас! Го оправивме со Royal,да не го подречам супер е.
Еве разлика,не се лажете да купувате скапи капки за во очи или нз какви средства,се е одвнатре од организмот,најчесто храната,така беше кај нас.