1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Малтекс

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од anabel-a, 31 јули 2012.

  1. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Малтексот претставува природен производ добиен со екстракција на јачменовото зрно и е производ препорачан од сите нутриционисти заради големиот број на витамините и минералите кои ги содржи. Сличен е на медот, само што има многу поблаг вкус и е погуст. Многу луѓе со години наназад го употребуваат и како замена за шеќерот. Една лажичка малтекс е многу добра замена за благите работи. Исто така го употребуваат луѓе како природен засладувач, кои се алергични на полен.

    Меѓу другото, малтексот е познат и како природно средство за лечење на бронхитис, и е погоден за оние кои имаат проблеми со дишните патишта.
    Малтексот може да го употребувате и како засладувач во благо млеко. Исто така се јаде и искомбиниран со јаткасти плодови.

    Како и да е, одлична замена е за рафинираниот шеќер и е многу полезен за нашето здравје.

    [​IMG]

    Дали малтексот е дел од вашата исхрана и колку често го користите? :)
    Јас го имам тој на Виталиа, некаде 150 денари го земала мајка ми од една локална продавничка за здрава храна.

    Еве еден вкусен и здрав рецепт, кој вклучува нормално малтекс во него - во конотација со темата :).


    МАКРОБИОТСКИ КОЛАЧ

    Ова е одличен новогодишен колач за вас и за вашите гости. Здраво јадење кое само ќе го исполни вашето здравје уште повеќе, без да го оптоварува организмот со тешко сварливи состојки. Освен тоа, се подготвува многу лесно и брзо, така што можете да го подготвувате секој ден.



    За подготовка е потребно:

    1 чаша интегрално пченично брашно;
    ½ чаша пченкарно брашно;
    1 печиво;
    1 чаша ладна вода;
    1 чаша семе од афион;
    100 гр. суво грозје;
    100 гр. кокосово брашно;
    100 гр. сечкани ореви;
    3 лажици малтекс;
    5 помали рендани јаболка.

    Се ставаат двата типа брашно и печивото во сад за мешање и се додава водата. Сето тоа се меша со лажица, додека не стане хомогена маса (да нема грутчиња).

    Потоа се додава семето од афион, сувото грозје, кокосот, оревите, малтексот и јаболката. Повторно целата маса се меша убаво.

    Се става во нелеплив сад за печење или во обичен плех за печење, обложен со хартија за печење. Се пече еден час на температура од 150 степени.


    Рецептот е преземен од сајтот на 8-ка.
     
    На slavica999, Phyramide и ludoto19 им се допаѓа ова.
  2. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    Порано го конзумирав. Ставав малтекс измешан со семки од тиква,сончоглед и лен. Слично е на оние мусли барс на Виталија,а е далеку поздраво. Исто така го јадев и измешан со сушена коприва,за зголемување на нивото на железо во крвта. Е оваа комбинација ми беше многу грозна за јадење. Па често забушавав.

    Во секој случај , далеку повеќе го сакам медот од малтексот.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Waka-Waka, би можела да го споделиш рецептот со сушена коприва и малтекс ако не ти претставува проблем, баш сакам да го пробам ова. Јас со задоволство би го применувала а верувам и оние кои се склони на анемија.

    :)
     
  4. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    Ништо посебно не е, се купува од билна аптека сушена коприва. И ја ставаш во тегло малтекс. Промешуваш убаво. И спремно е за конзумирање. Ненормално го покачува железото во крвта. Само никако не се црпи од теглото со метална лажичка. Најубаво со дрвена. Заради хемиски реакции.

    Едит

    Билна аптека има спроти УЈП
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  5. PunchMarmelade

    PunchMarmelade Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    31
    Истото и јас го имам консумирано..Наутро со чаша цеден портокал разреден со вода,голема лажица малтекс,плус лажичка семе од коприва (после се појадува овошје)...И накај пладне,лажица малтекс,со (една мала лажичка) лен,сончоглед,семки од тиква,сусам.Превкусно!
     
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Чудно нешто, ама мене ова не ми е доволно благо :D
    Го земав демек за кашлицава, прочитав дека бил добар, а и уз чајче, колаче такви ствари. Има интересен вкус и ми се сфиѓа.
    Видов дека Виталиа имаат и еден друг малтекс со плус билки за бронхит и грипови и такви ствари. Пишуваше дека се конзумира 2-3 пати на ден. Па се замислив вака, јас како што му почнав, да не претерувам :?:
    Има некоја доза до која може ова да се јаде (пошто јас така си го јадам со лажичка, чисто) или глупост прашувам? :tmi:
    Иначе малтекс со чај од хибискус :x немојте...
     
  7. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Кравче, мене ми рекоа дека 2-3 лажички на ден, евентуално 4 :D, се сосем доволна доза.
    Јас насабајле со овес мешам. 2 лажички малтекс и 5 лажици овес. :mm:


    А малтекс со хибискус - ни јас не препорачувам. :D
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    :tmi: излеа доста ми беше дозата за денес :tmi: :D
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Aу обожавам Mалтекс, сличен ми е како Mед, и 2те си ги обожавам дефинитивно :) :)
     
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Девојки, влијае ли малтексот нешто на апетит, килажа такви ствари? Прочитав на нетов, некоја се здебелила за 10ден, 2 килца па нели овај :wasntme: јас секое сабајле си јадам по една лажичка, ама ако може да помогне ќе ја зголемам дозата :geek:
     
  11. ketisk

    ketisk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    148
    Малтексот не дебели ако јадеш по една до две лажички дневно, напротив во Вита диет клубот го даваат во мешавина со семиња како ужинка за време на диета. Многу е здрав и вкусен во комбинација со ленено семе, сончоглед, семки од тиква, интегрален сусам....
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Го сакам иако одамна не сум го конзумирала.Порано мешан со коприва го конзумирав,поради железото,а и така ... убавоо ! :) :) :)
     
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Па јас еве два месеца веќе може како си го користам континуирано наутро и искрено...се здебелив, не ослабев :) Не верувам дека е конкретно до малтексот, ама од друга страна и не ми влијаеше за да ослабам, немаше таква функција кај мене :) И така од здравствен аспект само го користам :)
     
  14. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    34.208
    Пол:
    Женски
    Не ми е нешто нај, но помешано со мелено семе од тиква, лен, сончоглед и сусам превкусно е :inlove:
    Од што е превкусно, може и бомбици да се направат + прелиени со црно чоколадо мх мх :inlove: