Членката сака да посочи дека мајката на детето работи во истата градинка како педагог и не е во добри односи со директорката на градинката. Затоа вели дека целиот случај можно е да има друга позадина.
А како медиумите објавуваат нешто непроверено и непотврдено? Ако е лага и пуштена дезинформација заради некакви лични несогласувања меѓу вработените.
Јас искрено не верувам дека би имало насекаде пуштено лажна вест и уште да излегуваат јавно пред камера и да клеветат некого. Дека имало тепање имало, а дали било дете на педагогот или сосема друго е искрено тотално небитно. На вакви сподоби местото не им е покрај деца. И не знам што толку де фативте за тоа дека е невозможно да удри дете од колешка. Ете ви поназад пример каде што братучедка го чува детето и го тепа. Ако може да го малтретира блиска роднина може и оваа од колешка дете да удри. Дај малце свестете се до кај е дојден светов. Родител убива дете од тепање а вие полемика водите за негувателка дали би удрила дете од колешка......