Дали имате ваков проблем? Како се справувате ? Јас имам многу мала и тесна нога, носам број 35 чевли и многу тешко си наоѓам бројче. Некогаш морам да купам некои кои воопшто не ми се допаѓат, бидејќи не можам да си најдам бројче. Знам дека по порачка се решава овај проблем, ама конкретно во мојот град нема такво нешто. Ако е дупла темава слободно клуч.
и јас исто така го имам истиот проблем, па понекогаш купувам 36-ка и со нив си купувам и специјални влошки за штикли и да ти кажам дека помагаат колку толку, бидејки некаде и покрај тоа што можеш да порачуваш, некои модели почнуваат од 36-ка, значи 35 воопшто и нема.
Ах, мојот најголем проблем. Јас обожавам чевли, не знам веќе колку пара ги имам, но жалосно е за ваков обожавател како мене да носи 35че. Помнам првите чевли кога ги земав еден другар ме зезаше дали ми се за украс или за носење Во Скопје веќе на памет ги знам сите продавници во кои има 35ки, но понекогаш ни во нив нема од сите модели. Кога наоѓам не се двоумам веднаш ги купувам. Чизми купувам 36, балетанки, сандали, но салонка мора 35ка. Со влошки да може да се прилагоди, но тоа е првите 2,3 носења и после тоа џабе е. Оно со 35ка, па после неколку носења се проширува чевлата па морам да ставам влошка. Чизмите си ги носам така големки, нормално во зима со 2,3 пара чорапи, а балетанките често ги пополнувам напред со памук. Тоа е, снајди се па носи
Ooo, добредојдов во клубот на гејшови стапалца Хаха, сериозно некогаш е проблем за снаоѓање и наоѓање добра обувка а да не е 40ка и нешто слично. Трагично е што сум метар и седумдестри, а носам 37ка, ретко се погодил калап 38мица и тоа земени од око, просечна цена, само зошто немало 37мица. Сите штикли што сме ги купиле со сестра ми, се 37 или 36, со судни маки барани. Балетанките не се проблем зошто ајде, ќе најдеш и за поефтина цена, па може да си купиш повеќе пара, но генерално за мали стапалца е проблематично. Само за чизми не е проблем, зошто со чорапа и зимски хулахопки, веќе 38мица можам слободно да купам.
Де бре, подобро помал број на чевли одколку поголем. Имав една другарка носеше број 41 на чевли, абе тоа наместо сандали мислиш пераи носи. Јас носам 37/38 и имам проблем да најдам бидејки тоа е просечен број и најпрво тие броеви се продаваат.
Фала му на бога немам таков проблем.Имам долга и тенка нога носам 38-39 често си го наоѓам бројот но понекогаш ми викаат голема ти е ногата нема тој број
Носам 37 мислам дека е стандард оваа бројка,па затоа веднаш се распородава. Некогаш на некои штикли ми одговара и 36,но најчесто носам 37.
ахх моето е лошо , носам 35 . често наоѓам соодветни чевли но за штикли ми е најлошо или не ми се допаѓаат или пак ми се превисоки или бојата не ми е соодветна . а на никого не би препорачала правење на чевли јас не сум задоволна на направените чевли.
само да те утешам малце, мене и 35-ка ми е големо...па така, балетанки купувам најчесто детски, ама најголем проблем имам со штиклите, особено со салонките... и кога ќе купам некои, одма идам на чевлар да ми стави ремчиња, за да не останам како Пепелашка со чизми немам проблем...стандард си ги носам со дебелки чорапчиња
Јас носам 38-39.Ама кога излегувам да барам чевли значи ми треба цел ден.Бидејки имам тенко(слабо) и долго стапало,или бројот ќе биде преголем или премал
Лелее и јас си имам мака со мал број на чевли .Носам 36,а некогаш и тоа ми е мало па морам да барам 35 што многу ретко има .Имам проблем да најдам број и кога барам го вртам цел град и сите продавници.Ама кога ќе најдам сум пресреќна
И јас го имам истиот проблем 36 или 35 .. маки додека да си најдам.. единствена предност ми е што ми изгледаат најслатки на нога
Мислам дека е казна ваков љубител на чевли како мене, да има ваков проблем....број на стапало 35 евентуално 36. За патики не е проблем. За салонка е проблем ама ќе си ставам соодветни влошки па терам некако. Редовно ми се случува, во зависност од моделот бројчето да е 35 а мене да ми шлапа ко домашна влечка . Ама за сандали многу ми е тешко. Кај лето стапалото се поти и по дефолт се лизга на напред, па уште и да ми клапат...и кога ќе видиш прст прст и пол позади на петата имам простор....ич не ми се допаѓа како тоа изгледа. тешко си наоѓам обувки пошто сум од мал град со 3-4 продавници за чевли. Можно е да начекам кога немам пари..... а никако да најдам кога имам реална потреба. Порано (сега кога сум домаќинка но веј) си купував скоро секогаш кога ќе си начекав бројче, па точни па и згодни уууујееее. Имам неколку пари од Швајцарија донесени, кожени и сандал и чевел- измеѓу, ги скапав од носење, тамам точни и згодни.(башка другарка ми ги ми ги шитна за солидна цена) Ама кај да начекам пак... А стапалцево ми е ко на мало дете, стрина ми се смееше колку ти е висока штиклата толку ти е долг чевелот
Сум пробала лично со нарачка на чевли 2 пати.Првиот пат се беше ок, ама вториот ми ги утнаа, односно ЈАс им кажав- Може од овие 35 да ми нарачате? Ги нарачаа отидов да ги земам, и ко ги пробав воопшто не беа комотни, удобни, згодни....Јас 37 си ја ставив на нога за да видам како изгледаат и дали се удобни ...а бе ....Одтогаш не сум нарачала.
Имам купено еден пар преубави чевли, ама број помал од мојот,а беа љубов на прв поглед, летна љубов Џабе ги носев на одмор, иако се со отвор напред шанси немаше да издржам ни една вечер на нив, и така само ги прошетав до таму. Отпосле разбрав дека „лек“ за помали чевли е да ги ставиш во кеса обична и во замрзнувач подолго време, и навистина ги олабавуваат колку толку.