Здраво! И јас носам 35ка. Кога ќе најдам БРОЈ купувам по неколку пара да ми се најдат. А пред некоја недела купував Converse и 35ка ми беше голема, па си зедов 34ка детски број па и поевтини се Дали некој знае каде се наоѓа продавницата за чевли Traffic сега? Имам некоја 35ка купено оттаму. Едно време ја имаше во Кисела Вода но ја имаат променето локацијата...
И јас носам 35-36 но мноогу ретко имам пролеми пред да купам нешто напротив многу сум среќна и многу слатко изгледа на девојче мало ноже
И јас носам 35-36,исто како останатите пресреќна сум кога ке најдам мое бројче па кога ке најдам повеќе пара веднаш си ги земам па уште кога на модни критики ке ми речат си можела да облечеш други чевли а јас одвај сум ги нашла тие најмногу ме мачи што неможам да си најдам апостолки не постои бр.35 сите од 36 излегувале не само што имам мала нога него и тенка и ништо не ми одговара,во зима убаво си ги носам 36 бр.чизми на дебели чорапи.
Е ова ми е најголеемиот проблем никако не можам да најдам број за мене инаку носам 35/36 нешто помеѓу .. штикли до сега не сум носела, а и во мојот град нема со мал број
се зависи од моделот но помеѓу 37,38,39 тешко наоѓам и јас чевли некако не можат да ми легнат на нога- или ми се широки (имам прилично тенко стопало) или ми клапаат од големина или прстите ќе ми испукаат
Јас носам 38 понекогаш и 39 ми се точни секогаш наоѓам чевли и не ми е проблем А за тие што имаат мал број чевли нека порачуваат специјално ќе им направат
Уфф.. ова е она што најмногу ме нервира кога купувам чевли, имам доволно долга нога ама многу ми е слаба и неможам никогаш да си ги земам тие чевли што сакам, заради овај мој пуст проблем
Носам 35 и ептен ми е глупо. Скоро сите модели што ми се допаѓаат почнуваат од 36. Летни апостолки, сандали морам да купам 35. Балетанки исто, понекогаш ако калапот е поголем не мал тогаш и во 35-ката носам памукче а не пак во 36-ка Чизми може и 36 не ми е проблем, за едно бројче за чизми. А штикли обавезно 35.
И јас кога се работи за салонки носам 35, и одвај наоѓам, евентуално ако се со ремче па да земам 36-ка иначе нема шанси. Според мене поубаво нешто од тоа да си носиш 37 нема... ама тоа е, среќа па има и 35-ки. И дали знае некој во кои продавници низ Скопје може да се најдат 35-ки?
Jaс имам проблем што носам измегу број и многу тешко си наогам чевли. Ко помала носев патики почесто но сега кога сум повозрасна ептен проблем ми стана ова. Не можам никаков чевел да си најдам точен. Пробував и со влошки ама не можам да погодам колку да ги сечам и секогаш носам помали, особено штикли и едвај додржувам ме стегаат цело време но што да правам.. Има некаде во Скопје продавница кај што изработуваат чевли за тие измеѓу број? Или па да не знаете некои влошки такви специјални дали постојат за да пополнат измеѓу
Јас носам мал број, 36 а поретко 37 зависи од моделот па скоро никогаш не ми било проблем да си најдам чевли, незнам зошто на вас ви е толку тешко. Си купувам најмал број од серија и скоро секогаш си наоѓам. А колку пати само имам искористено попуст баш затоа што најмалиот и најголемиот број најретко се купуваат