Јас патики носам 37 број, а балетанките и 36 ми се големи. За џабе стојат дома. За полуматура сега ќе ми требаат штикли, а кај нас нема на порачка да ти прават обувки.. Каде во Македонија има продавница за мали бројчиња? Има ли воопшто?
Пробај повеќе модели 36ка бидеќи кај нас се разликуваат од калап до калап бројчињата.Некаде имаат бројчиња 35 на штикла.Ако веќе толку не можеш да најдиш земи си чевли со ремчиња на горниот дел,не на глуждовите и тие ќе ти ја држат ногата и купи си силиконски влошки.Ногата нема да ти се лизга и плус го намалуваат бројчето за половина.
Блазе си ви девојки,јас носам 41 и ретко можам да си најдам број...кога се помали обувките изгледаат убаво но вака многу се гломазни како шлапатарки
Имам мала нога и многу ми е мило за тоа, зошто кога ќе облечам штикли или балетанки или сандали убаво изгледа и никогаш сум немала проблеми со броеви. Патики 37, штикли 36, балетанки и сандали 36.
јас носам 35 и многу ми е тешко да си најдам нешто што навистина ми се допаѓа зошто никогаш нема број за мене
Јас носам 37, само штикли кога купувам или сандали тогаш 36 ми одговара. Но, верувале или не, ми се случило да не најдам ништо затоа што сите обувки биле помали од 36, поголем број немало. Затоа имам едни непрежалени чизми...
Јас носам 35, а понекогаш и тоа ми е големо.. Штикли треба посебно за мене да се произведуваат 34 број Никогаш не можам да си најдам тоа што ми треба без да си ги искинам сите нерви...
Девојки подарувам два пара чевли, зелените се број 35, другите број 36. Преку сила се носени два пати, ако сте заинтересирани пишете ми.