Пред да се нафатите на ваков пакет мој совет ви е разгледајте дали имате потреба од целосен пакет, зошто на пластика на клиника е многу поефтино. Ако е само за гради, со иљадарче може да се помине. Нема потреба да се плаќа за све...
Јас не го сакам зборот дебела. Подобро речи со вишок килограми. Бев и јас со голема бројка на вага. Е сеа за убави тела. Не ми е репер Ким Кардашијан или Ангелите на Викторија Сикрет. Немам ништо против туѓо тело и дали некој изгледа поразлично од тоа што јас мислам дека е убаво. За други не се дрзнувам да коментирам изглед. За себе да, бидејќи знам како изгледав порано, сега сметам дека изгледам грдо. Самокритична сум и мислам дека не треба да се самосожалувам и да се прифатам ваква. Не можам. Многу пати наидувам на коментари: -"Мајка си тие лузни, стрии се белези на твојата борба, треба да ги прифатиш и закасаш." -"Здрава права ќе легнеш под нож за глупости или за да му се допаднеш на некој друг" -"Не си пејачка или актерка за толку да се замараш па и на операции да одиш." И ред други коментари. Тие стрии и лузни може да се добијат и од варирање во тежина (дебелеење и слабеење), може и од повреди, во сообраќајки да добијам лузни. Не ги сакам и не ги прифаќам. Не можам да ги прифатам и засакам. Да бидеме реални нема ништо убаво во стриите. Пејачка или актерка не сум, но сакам да изгледам подобро, за себе, не за некој друг. Знаеш ли колку се фрустрирам ? Ослабнав 24 килограми, вежбам секој ден во теретана, режими на исхрана терам, во дефицит сум со месеци, градам мускулатура, секој дел од телото го доведувам полека во добра форма, и изгледот никако не ми е комплетен. Стомакот остана грд и лабав. Градите не ми се совршени и цврсти како порано, но еве не мора да бидат, не би дала пари и за тоа сега. Приоритет ми е стомакот. На нозете имам исто стрии, маж ми вели можело и тие да ги средам ако сакам тој ќе ме частел, не мора бе, не се толку страшни, избледеа со тек на времето. Не сакам слика да ставам, не можете да замислите каков ми е стомакот. Страшна е и грозна глетката. Секој ден си го гледам и ми расипува расположение. Не сакам да го гледам и да се обвинувам зошто сум си дозволила да се здебелам толку во бременоста . @LiliBoz абдоминопластика прават ли ? Не ми треба цел пакет, доста ми е стомакот да го решам.
Јас имам стрии на нозете, колковите, рацете, стомакот ми е со стрии до под гради. Сигурно немаш поќе од мене. И да, многу мал дел ми се од бременоста, рестото од јо-јо диети. Прашањето е колку тоа 'за себе', навистина е за себе, земајки во предвид дека сме индоктринирани со стереотипи за убавина, уште откако ќе се родиме?
Ќе ти дадам слика во порака ако не веруваш за стомакот.. Тоа "за себе" мислам дека е баш за себе.. Не знам, јас не дека не следам инфлуенсерки и мајки манекенки. Ги гледам, ама знам дека не се реални, има фотошоп, има милион зафати правено и корекции меѓу нив. Сеа тренд е темен тен, а го немаат сите, па ај сите трчаат по солариуми, тренд се напумпани усти, сите боцкаат филери. Ама јас не сакам темен тен, имам бел светол тен и ми делува аристократски, си го сакам. Напумпаните усти не ми се поим за убавина. Но од друга страна сум ЗА човек да си среди се што не си бендисува на себе. Сега наметнато е некако сите да имаме одредена форма на тело, тенок струк, огромен задник и големи гради, затегнати и тонирани другите делови од телото. А реално мал процент на луѓе генетски имаат такви предиспозиции и таква градба на тело од раѓање. И останатите тонат во желбите да ги исполнат сите тие критериуми. Прават BBL, да не зборувам колку жени пополнуваа образи, си ваделе ребра некои слушнав.. Не би да запаѓам до толку. Еден единствен приоритет ми е стомакот од цело тело кое никако не ми е совршено и никогаш нема да биде.
Со прво дете и јас вака се осеќав,се додека не видов секаде низ град девојчиња млади и убави,средношколки и на факс,со повеќе стрии на задник и нозе,подебели,што тек ќе раѓаат и гордо парадираат во суќни и шорц без мува да ги лази.Си направив споредба па ми светна ,ја мисица сум била.Некако се навикнуваш на новото тело што го имаш,и знам дека е мое и ова и тоа пред да родам,и повеќе е до самодоверба и главата ,него до телото.Инаку ако на некој епетн му значи,сум за пластика од секој вид,ама во време на медиуми и слики премногу се очекува од нас жените.Работа,дете,ќуќа,средена мајка.Епа не може се,не си филмам дека тоа некои го можат,ама добро глумат или моиве очи така ги гледаат.
Имам фитнес инфлуенсерки на инстаграм што никогаш не се ослободиле од вишокот кожа после породување, веројатно затоа што е нормално. Типичен пример, getmomstrong. Тоа е ако збориме за вишокот кожа. Можни се и други состојби, на пример дијастаза, каде што стомакот секогаш ќе изгледа како 2,3, 4 месеци во бременост. Дијастазата се подобрува со специјални вежби. Важно е да се разграничи што е нормално, а што не е. Искрено за мене, килограмите ми се скроз последно нешто на кое мислам откако имам дете. Кога ќе видам некоја слаба мајка, се воодушевувам како имала време да вежба и/или се храни здраво.
Не знам бејб, не сум гледала за тоа, зошто конкретно за гради гледав. Ама има на нет пиши пластична хирургија, има и тел ако сакаш слободно јави се у принцип се мн љубезни. Околу погорното што си го пишала ќе ти речам само -подршка. Ако ти не се осеќаш пријатно, нема што другите да ти кажуваат. Ако не си актерка готово може да си не по свој кејф мислам глупости. Прај шо те прај среќна.
прават, приватно си плаќаш и прељубезни се. конкретно за стомак немам прашано ама има по нет листа на услуги на пластика .
И јас така викав ама останав непланирано бремена со второ па сега со две ми е полесно. Со една мајка правев муабет вика со три најлесно и било сега, кога имала само едно најтешко. Пробај и ти па кажи. Од операции после втор царски ми рекоа дека ‘мора’ операција за ректус диастазис 5 прсти ми е мислам ама не би правела никаква операција, нека си стои ваков каков што е. Знам дека не е темава за дали би правеле или не, сакав да кажам дека прво диастазот треба да се среди и да се види како ќе изгледа стомакот со диастаз 1,5 па после да се види каква операција.
Дефинитивно е полесно со второ. Со првото кај мене шокот беше до сите неба се што имав од гардероба изнесов у картонски кутии пред врата зошто мислев нема на рака да ги ставам веќе тие хс парталчиња и после прво и после второ па уште побрзо с евратив на хс и с а со третово си купив 36 и 38 за после пораѓај
Ауу страв и језа ме фаќа од втора бременост и второ дете. Па разболувања, па депресии. Не фала.. Дебелеењето е најмал проблем искрено, има операции има опции. Баш се сеќавам читав негде оти познатите прават две во едно, царски рез и абдоминопластика. Ама ако не се здебелиле многу во бременоста. Кога ќе ми текне клексаните колку болеа, па на крај на бременоста и инсулин боцкав.. Не фала..
Би правела. Ама имав царски кој не помина славно. Посебно пост-оперативниот период. Сега не сум спремна да легнам под нож и да примам анестезија. Сакам да ме изделкаат. Имам вишок и со диети тешко ми оди. Јадам па гладувам, хаос. Која е храбра- поддршка до небо од мене има.
Процедурата за намалување на стомакот хирушки нема да ги отстрани стриите. Ќе се намали обемот, ќе го извадат салото и ќе се израмни...стриите си стојат. Вишок кожа ако има, ќе се затегни и ќе се отстрани, дијастаза ако има ќе се сошие. Е сега за сметка на тоа ќе носите лузна не како царски ами од една до друга страна на стомакот буквално. Дијастаз се третира и со вежби. Јас ја препорачувам само доколку е изгубена функцијата ја абдоменот, односно кога и покрај терапија со вежби, сепак има симптоми на болка, притисок, инконтиненција, дисбаланс итн. Папокот после операцијата исто така често изгледа чудно, а опоравувањето е многу тешко. Е сега доколку нема индикација за операција, некој сака само да го подобри изгледот, оправдувам, секој си има право со свое тело да прави што сака, ама не би ја препорачала. Ова чисто информативно, да споделам. Ако мислите дека стомакот изгледа „лошо„ ( што најчесто не е случај, само си патиме за стар изглед ) она што го препорачувам е да се проба прво со вежби (ако се работи за дијастаза) вишок кожа значи за тоа нема збор мора хирушки. Ако вежбите не функционираат, ондак одлуката си е ваша. Ако имате прашања во таа област пукајте ќе помогнам доколку е во мој домен на работа
Имам прашања милион. Вишок кожа и стрии имам. Што ќе се случи со стриите ? Не ли може да ги елиминираат ? Колку време трае опоравокот ? За колку време после операција може да се вратам во теретана на интензивно и напорно тренирање ? Ова прашував секаде, во сите клиники, некако избегнуваат да дадат одговор, велат потоа ќе видиме, докторот што ќе ја изврши операцијата ќе даде конкретни насоки итн. Се зачудив искрено, др. Амадеј вели ќе ме испегла ни стрија ништо да не останело. Како ? 2во1 процедура или ?
За стриите не знам, мислам дека остануваат. Ама вежбање би претпоставила дека е по 6 месеци или повеќе.