Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мами мејковер / Mommy makeover

Дискусија во 'Бременост' започната од Sofi***¥, 31 јули 2022.

  1. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Не можам да си дозволам толку долго. Бев со царски рез, докторот рече 6 месеци, јас пробав уште вториот месец, ми беше тешко ама со мал интензитет почнав. Веќе третиот месец активно и редовно вежбав и постепено зголемував интензитет. Не верувам дека ќе издржам 6 месеци.. Затоа барам конкретен одговор.
     
  2. NoOrdinaryMama

    NoOrdinaryMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Имав клиентка која правеше операција за вишок кожа, во горенаведеното го споменувам нејзиното искуство. Рече дека кожата ја нема, затегната е, ама стриите стојат само се помалку видливи. СО ласерски третман исто знам дека видливоста се намалува ама не сум слушнала комплетно да ги снема.
    Што се однесува до опоравувањето, различно кај секој, не можам да ти кажам конкретна временска рамка, но знам исто така дека е многу болно и подолготрајно од царски. После операција мораш ЗНАЧИ МОРАШ да применуваш ајде да ја кажам физикална терапија за абдомен и карлица, па дури откако тие мускули доволно ќе се зајакнат, да додаваш постепено физичка активност. Ваква програма исто се препорачнува после породување, ама ретко кој ја практикува. Исти вежби како за дијастаза, само добро е некој да те насочи како да ги прогресираш и кога да правиш потешки вежби. Ако некој се враќа на физичка активност посебно интензивна, овие вежби за мене се a must! Би ги препорачала и на оние кои не вежбаат редовно, бидејќи многу работи се олеснуваат потоа. Докторите избегнуваат одговор, оти го немаат. Тој стручно може да ти каже околу раната, но за вежбање не е стручен. И одкога ќе започнеш во теретана, ќе бидеш како скроз почетник да кажам. Цел начин на вежбање треба да го смениш, од тоа како дишиш, како го држиш телото, како го активираш јадрото итн. Мислам дека малку разјаснив, прашај се друго што те интересира.
     
    Последна измена: 29 август 2022
    На Sofi***¥ и Annath им се допаѓа ова.
  3. NoOrdinaryMama

    NoOrdinaryMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    6 месеци е општа препорака...и што ќе се случи и да чекаш 6 месеци а абдоменот е сепак нефункционален? Ќе направиш многу полошо. И јас сум со царски...истата препорака ја добив. Јас си почнав по 10 дена...верував на докторот за тоа што е стручен, а си верував себеси на мојата стручност. И можам да кажам дека не направив грешка.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Каква операција правеше ? Јас сакам абдоминоплсастика. Се комплет, сечат лепат. Стриите ваљда може
    да се репарираат. Можеби клиентката твоја правела мини tummy tuck ?
     
  5. NoOrdinaryMama

    NoOrdinaryMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    не знам точно, можеби бил мини tummy tuck. И вадеа вишок кожа, а сало дали ваделе не знам. Инаку нема деца, немаше проблеми внатрешно со стомакот, само со вишокот кожа заради голема тежина. Млада девојка прилично
     
  6. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    аа за вежбите после операција што спомна погоре, кој може да ми ги даде или каде можам да најдам тренер нешто за тоа ?
     
  7. NoOrdinaryMama

    NoOrdinaryMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    еве го најде :D:D:D:D
     
    На Sofi***¥ и DarkStormm им се допаѓа ова.
  8. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    и ти ли си тренер ?
     
  9. NoOrdinaryMama

    NoOrdinaryMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    yes ma'am :D
     
    На Sofi***¥ и DarkStormm им се допаѓа ова.
  10. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    ајде во ЛП да си мериме мускулите. :D:D:D
    Не сум тренер сѐ уште, ама во план ми е да почнам понатаму.
     
    На NoOrdinaryMama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. NoOrdinaryMama

    NoOrdinaryMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    пиши ми слободно. Имаме сега на 31ви бесплатна работилница за постпородилно вежбање и постпородилна депресија. Ќе има исто инфо споделено за ваквите типови на операции па кој сака да слушне ќе ви пратам линк
     
    На Sofi***¥, sun995 и DarkStormm им се допаѓа ова.
  12. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Еве ако на некоја и е од корист.
    2A2114FF-2A39-4A85-8599-B3F9ADDA71ED.png
     
    На Sofi***¥, ani23 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  13. Sofi***¥

    Sofi***¥ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2021
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Одамна не сум ја видела темава, толку новости, прекрасно! Сега видов дека и во Систина породените имаат 30% попуст на послепородилни зафати:inlove: ако сте во тек со опции операции и цени кажувајте. Јас уште утре ќе се информирам:l: Давајте предлози за вежбање дијастаз. Лани после пороѓај јас со дишење вежби почнав одма, вакум на стомак штом дојдов дома и хегел после месец дена. Па запишав Мајки херојки кај Мери и после тоа продолжив кај сите можни онлајн вежбачки па после 4 месеци мислам тргнав по теретани и ЕМС.
     
  14. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Мислам дека стриите се средуваат ласерски.
     
  15. NoOrdinaryMama

    NoOrdinaryMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Па дишењето и вакумот се добар почеток за третирање на дијастаз. Што понатаму зависи од реакцијата на абдоменот на вежбите. Затоа и не препорачувам групни програми за ваква проблематика бидејќи реакциите идивидуално се специфични и не за секој е исто. Кегел вежбите сами по себе немаат некоја улога за третирање на дијастаз, а што се однесува до карличните мускули, има многу подобри начини за нивно будење и реакција на импакт одошто Кегел.
     
    На Sofi***¥ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sofi***¥

    Sofi***¥ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2021
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Ајде, чекам и јас контакт. Секогаш имам уште за учење, за среќа ☀️
     
  17. NoOrdinaryMama

    NoOrdinaryMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Во секој случај и оперативното затворање на дијастаза ги вклучува овие вежби. Препорачливо е да се прават заради mind-muscle конекција со тој дел, но вакумот доста покасно, не на почеток, исто како царски. Операција не препорачувам, освен ако влијае на функционалност и дијастазот претставува проблем во секојдневното функционирање. Што се однесува до естетски изглед, лична одлука на секој.