Барав категорија или покатегорија "Семејство", не најдов. Барав тема за мајката, не најдов. Ако има, не сум ја видела, нека оди темава во корпа. Темава ја создадов за да пишуваме пораки, стихови, да им се заблагодаруваме на мајките за сите работи кои ги направиле за нас. Исто така, можете да постирате статии од интернет, интересни случки со мајките, како и многу quotes. Еве јас прва : * Ти благодарам што беше секогаш тука за мене. Ненаметливо. Не барајќи ништо. Само тука.
И благодарам на мојата прекрасна и единствена мајка на се воживотот....И благодарам за времето поминато пред болничките врати која што се држеше за вратата и плачешеколку што гласот ја држеше и викасе дали е добра керками ? докторете отворете да ја видам... И благодарам за сите глупости кои ми ги опрости иако не верувам дека секој родител го праи тоа. И благодарам што верува во мене иако понекогаш не го заслужувам тоа. И благодарам што и кога мислам дека нешто нема решение таа веке го знае ! И благодарам што моите болки го претвори само во горчливи спомени. И благодарам што секогаш кога јас грешам таа греши со мене и ме научи да се учам на туѓите грешки. Што ни еден момент не ми дозволи да осетам колку животот на моменти беше груб со мене што мојата најголема солза ја претвори во прекрасно изворче од кое што почна да извира среќа. Моите неуспеси ги претвори во само среќни обиди.И БЛАГОДАРАМ ШТО МИ ДАДЕ ЖИВОТ А ЈАС НЕЈЗЕ ВОЕА ЗА ДА ГО ЖИВЕЕ ТИ БЛАГОДАРАМ МАМО ШТО ЖИВЕЕШ БИДЕЈКИ И ЈАС ЖИВЕАМ ЗА ТЕБЕ
Хммм ке и кажам прво фала боже што ја имам најоткачената мајка Фала мамо што ме управи во животот и кога тргнав по погрешен пат.. Фала што ми правиш друштво за шопинг Фала што кон мене се однесуваш како најдобра другарка а не како строга мајка Фала што ми веруваш и кога не заслужувам иииии не ми текнуе др бее
Мамо, мамичке, иако немам храброст во живо на моја возраст да ти кажам дека те сакам толку многу, како од овде до Нептун, еве тука ти кажувам. Ти ме направи кревка а достојно храбра личност. Што е најважно ме направи човек. Ти не дозволи да ме победи тој, злобниот дел од животот. Ти ме направи убава личност. Ми го даде твојот дел од убавината.
Ти благодарам мамичке што во сите кризни и тешки моменти си била тука за мене. Што и покрај мојот пубертет се зближивме и сега сме си како најдобри другарки. Не си свесна колку те сакам! Би направила се за тебе мамичке. Колку и да ти кажам извини за сите направени глупости, нема да биде доволно. Ама ајде, малечка сум била па не сум разбирала до толку. Среќна сум што воспоставивме еден прекрасен однос. И пред се, ти благодарам за сите убави моменти поминати со тебе кога си се смееме ко улави за глупости. За моментите кога те шминкам и тато е у фазон: "Не ми ја дотерувај, ќе ми ја украде некој!" Секогаш ќе бидам тука за тебе мамичке, секогаш. Те сакам!
Ти благодарам мила моја мамичке,што постоиш и тука си да ми помогнеш секогаш! Ти благодарам што ме секогаш ме учиш да живеам чесно и да ги почитувам луѓето! Ти благодарам за се што си сторила за мене!
Мамо, ти благодарам за целата твоја грижа и внимание за тоа што си го жртвуваше животот за мене што кога беше до мене и кога ми беше најтешко,и во секое време што ме научи на многу работи ТЕ САКАМ
Најмногу те сакам мамичке. Ти што секогаш си тука да ми дадеш пари и љубов кога најмногу ми требаат . Знам дека можам да бидам многу подобра ќерка. Ти го заслужуваш тоа. И ќе бидам, да знаеш. Моментално сакам само да те гушнам ми недостигаш највеќе на свет. Едвај чекам да поминат овие 2 недели па да се видиме. ТЕ САКАММММММММММ
Ти благодарам мамо за се во животот за тоа колку се жртвуваше за мене, заради многуте непроспиени ноќи грижејки се за мене, трчањето по болничите ходници уште од 5 години и не оставајќи ме сама по болниците, карајќи се со дкокторите за направената грешка најмногу ти благодарам што ме сфаќаш и не ме окривуваш ме научи од мојте грешки да извадам една добра лекција и истото да не го правам повеќе, и што ме трпиш хистерична во некои денови ти благодарам мамо за се и знај дека те сакам најмногу
Мамо ти благодарам што ми беше поддршка, што ме храбреше и бодреше. Ми делеше најразлични совети, беше до мене кога сите ме оставија и ми завртија грб.Во било кое време,па макар и во ноќта ти си ме сослушувала и што е најважно отсекогаш ми посакуваше да најдам понатаму во животот некој кој што ќе знае да ме цени .. . Ме научи дека сите деца се смеат на ист јазик, да не се водам според бојата на кожата, туку според карактерот на човекот.Ме научи да ја кренам главата високо, да не дозволам другите да ги видат моите солзи Срцето ми се стега, кога би можела да го вратам назад времето Но, ветувам дека се повеќе и повеќе ќе се трудам и еден ден уште повеќе ќе се гордееш со мене. Знам дека ме гледаш секојпат кога и да погледнам во небото, дека секогаш ќе живееш во моето срце .. Ветувам , еден ден навистина ќе се гордееш со мене.Ветувам.
Темава баш ме разнежи,мојата мајка одамна ја имам изгубено,но сепак и јас ќе учествувам.Можеби полесно ќе ми биде. Мамо би сакала да си на миг покрај мене,сега во овој момент да те прегрнам,да ти кажам колку ми недостасуваш!!! Но знам дека сето ова што го посакувам е невозможно да биде изводливо,како и да е Ти благодарам што ме научи да бидам силна,да си кажам себе си"го можеш ти ова ричи.ааааа" да не откажувам никогаш,и секогаш да знам да се издигнам над проблемите,но иако воопшто не е лесно,сепак се трудам. Би сакала да имам временска машина и бар за миг да можам да дојдам до тебе да ти кажам колку си значајна за мене...
Мамо, благодарам што ме разбра. Знам дека таа идеја дека се менувам и дека пораснав ти е сеуште несозрена, ама ти ме сфати. Можеби се што ти признав ти дојде наеднаш, но ти се обиде да ме разбереш.
Мамо ти благодарам што постоиш,на секој му посакувам да има мајка како мојата,ти благодарм што си секогаш со мене,што ми даваш совети и што ме сакаш најискрено и повеќе од било кој на светот.Знам дека не сум добра ќерќа,но ти ветувам дека еден ден ќе направам да бидеш горда на мене! Мамичке мила знај дека те сакам најмногу на цел свет,ти си ми единстевена пријателка,подршка ти си моето СЕ!