Ти благодарам шо се обиде да ме сфатиш, за сите совети што ми ги даде.. ти благодарам за се. ПС- Ветувам дека се ќе те слушам, се ќе ти помагам, без да се бунам..
Мамо, ти благодарам што си секогаш овде до мене, кога си ми најпотребна.Ти благодарам зашто си единствената која знае да ме разбере, и ме дозволува се, за подоцна самата да сфанам што е добро, а што лошо.Има моменти и кога не сум ти баш благодарна, ама подоцна сфаќам дека ти си била во право.Има уште многу за кажување, ама ова мислам дека е сосем доволно во знак на благодарност.
Mamic ti blagodaram sto me izrasna olkava devojka i bese trpeliva vo sekoj pogled. i ti blagodaram za toa sto si do mene. sekogas. ima uste mn mn mn za kazuvanje no ovdeka mislam deka e ok
Ти си една повредена, една напатена душа, а сепак успеваш на мене да ми дадеш толку многу, успеваш да ми го дадеш сето тоа што ти си го немала. Не мислам материјални нешта...ми ја даде целата љубов на овој свет, успеваш да ме истрпиш и кога сум најлоша, и кога не знам што да правам успеваш да ме кренеш и да ми покажеш пат. Те сакам мамо. Благодарам за тоа што постоиш.
Ти благодарам МАМО за се што направи за мене, за тоа што ме порасна и ме воспита да бидам добра и чесна личност, ти благодарам што од многу работи се откажа за да имам подобар живот. Највеќе од се ти благодарам и ти се восхитувам за се што претрпе во текот на овие години заедно со мене и и покрај тоа секој ден си насмеана и успеваш да ми го направиш денот подобар! Ти благодарам што си секогаш тука кога ми е потребна помош, што секогаш знаеш да ме расположиш и тогаш кога не сакам ни збор да изустам, ти благодарам за сите смешки и глупости што ги правиме кога сме заедно и за сите убави мали ситни нешта што си ги имаме доживеано. Едно ќе кажам: МАМО ТИ СИ МИ НАЈДОБРА ДРУГАРКА СЕГА И ЗАСЕКОГАШ!
Мајко моја најубава, најмила и најдобра ! Те сакам најмногу на цел свет. Ти даваш сè од себе за секој човек, а не пак за твоите деца. Затоа сите те сакаат во свое друштво. Најкриво од сè ми е фактот што не си блиску до мене, ама ете таква ни била судбината. Се надевам тоа ќе се смени, зашто очајно те сакам до мене и ми се потребни твоите совети. За моиве 26 години немам сретнато жена која поубаво готви од тебе и која толку беспрекорно се грижи за домот. Нека Господ ти дава здравје и мир секогаш. Не постојат зборови со кои можам да ти се заблагодарам за сè што правиш за мене и сестра ми. Те сакам, мајчице моја мила!
Mamo ti blagodaam sto ti bas ti si mi majka. Znaes li kolku sum gorda na tebe? E pa najmnogu se gordeam so tebe,koga sme so drugi majki sum uste pogorda na tebe i pred site go kazuvam toa Te sakam mamo najmnogu i ti blagodaram sto si sekogas moja podrska za se,blagodaram za se sto imam BLAGODARAM MAMO STO SI TI MOJA MAJKA. Te sakam najmnogu
Љубовта и почитта кон мајката е бесконечна! Исто така, голема е и благодарноста што не донеле на овој свет, и секогаш се бореле за нас, нивните деца. ЕДНА Е МАЈКА!
Mamo... Ti blagodaram sto me nosese 9meseci vo stomakot,bez da mi baras kirija za toa Ti blagodaram za seta ljubov koja nesebicno mi ja davas.. Ti blagodaram za site neprespieni nokji,za site izbrisani solzi od moeto lice,za site nasmevki koi gi izmamuvas na moeto lice,za piddrskata ogromna kako planina sto mi ja davas... Ti blagodaram sto me nauci deka ponizuvajkji go drugiot,nikogas nema da se vozdignam... Ti blagodaram sto me nauci deka povazno e ona sto Gospod go znae za mene,otkolku ona sto drugite go mislat... Mamo,ti blagodaram sto postois ! Samo edna e Mama <3
Ти благодарам мамо за неизмерната љубов и поддршка што ми ја даваш! Ти благодарам што ме полниш со оптимизам и од секоја ситуација знаеш да го извлечеш најдоброто. Ти благодарам што постоиш за мене и за нашиот дом!
Иако веќе не си меѓу нас... Те сакам премногу и се каам што не можев да го искажам тоа... Ти благодарам што од мене направи човек,што ме изведе на прав пат и никогаш не се сомневаше во мене... Ти благодарам за се... Срце ми се кине,не ни можам да кажам за што се сум ти благодарна...
Би и се заблагодарила на мојата прекрасна и единствена мајчичка што ме носела 9 месеци во нејзиниот стомак. Што се грижела за мене и како мајка и како татко, што правела се за мене и она што не било возможно го направила да е возможно. Што ме хранела, доела , и пораснала , што плачела за мене кога ми било лошо и што се радувала на моите успеси. Што била до мене во сите мигови кога мојот татко не беше и што се обидуваше да не осеќам никаков недостаток од него. Ја сакам повеќе од се
драга мамо ти благодарам што ме роди што ми овозможи образование ти се извинувам за сите лоши нешта што сум ти приредила во животот се трудам максимално да успеам во животот само те молам купи ми макар и на неколку рати еден лап топ оти навистина ми е потребен поздравче гушки и бакнежи hug: срцекршачка
Мамо ти благодарам што секогаш за све ме подржваше и не се сомневаше во мене дека ќе успејам... Ти благодарам што во најтешкиот период во мојот живот беше покрај мене и ми помогна ме фати за рака и ме спаси,заедно успеавме, да не беше ти покрај мене незнам дали ќе можев,тоа нема никогаш да го заборавам и тогаш мислам дека вистински пораснав сватив што е лошо а што добро и создреав... Ти благодарам за све мамо,твоето мало девојче порасна и наскоро ќе се бори сама и ќе биди далеку,но никогаш нема да заборави на твојата безизмерна подршка и пофалби и за све материјално и духовно што ми подари... Ќе ми недостига нашето и нашите разговори love u...
Mamo, ti blagodaram sto celiot tvoj zivot go posveti na nas. Tato prerano si zamina od ovoj svet, jas imav samo 3, a bato 6 godinki.Ti ne drzese cvrsto za raka, nikogas ne pocuvstvuvavme deka nesto ni nedostiga, sekogas imavme se, duri I nesto sto deca so dva roditeli nemaat. Najvazno od se e sto vo nasiot dom sekogas imase sloga, podrska, sekogas mozese otvoreno da se zboruva za se. Dobivme ljubov, vospituvanje, obrazovanie I se poradi sto izrasnavme vo deca zadovolni so svojot zivot. Se gordeam so tebe, sto tolku mlada ostana sama I cel zivot na nas ni go posveti. Ti I bato ste najvrednoto sto go imam!♡