Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мамо, ти благодарам..

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Chocolate.me, 29 август 2013.

  1. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Мамо ти благодарам што си мојата најдобра пријателка! Ти благодарам што постојам и што си моја поддршка! Да не си ти и јас не би била јас :l: Единствена најсакаана мајка моја :l:
     
  2. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    Мамо, најпрво ти благодарам што ме донесе на овој свет! Потоа благодарам затоа што ме израсна како самохрана мајка и се бориш за мене како лавица која си ги брани малите лавчиња. Потоа ти благодарам за секоја шлаканица која сум ја добила затоа што тоа ме направи посилна. Ти благодарам за секој повишен тон, за секоја не спиена ноќ со мене, за секој совет, благодарам за тоа што си ми најдобра пријателка, се радуваш на сите мои успеси и жалиш заедно со мене за моите падови... ти благодарам што постоиш и си најважниот дел во мојот живот!
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.196
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам, прво, што си ме одгледала.
    Ти благодарам што покрај се што се случи, ти остана на моја страна и имаш сеуште доверба во мене. Ти благодарам што веруваш во мене. Ти благодарам што се што имаш, до последно, би дала за мене. Можеби не заслужувам толку, не сум добра ќерка, но ќе сторам се еден ден тоа да се исплати и да бидеш горда.
     
  4. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    ... за секој момент кој сме го поминале заедно и за тие во кои иако не сме биле секогаш си била со мислите со мене, и секој момент од кога си ме почувствувала под срцето не си престанала да мислиш, дишиш, создаваш, живееш за мене, и дури сега кога си на некој друг свет јас знам дека постоиш некаде за мене, пред се во мене! Ти благодарам што ме создаде, и жалам што нема да можам да ти кажам уште еднаш ТЕ САКАМ, но знам дека ме слушаш сепак некако!
     
    На Mrs. Diva, Abeja и <3 pleza4e <3 им се допаѓа ова.
  5. honey95

    honey95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Женски
    се надевам си горда на мене (иако малце забушавам по некад) луѓе сме грешки правиме сите. фала што си ми дала сестра,имам за кого да живеам. да си тука сега да можам да те гушнам уште еднаш.. животот значи толку е суров што од сега почна да ме спрема да се соочувам со проблемите сама. се надевам ме поддржуваш во моите постапки,барем во поглавните.. не заборавај,секогаш ќе те сакам..
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bellle

    Bellle Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Мамичке ти благодарам за се што правиш за мене, затоа што си секогаш покрај мене, ме разбираш и кога јас не се разбирам или не заслужувам, ми даваш љубов и поддршка како никој друг. Ти благодарам што постоиш, му благодарам на Господ што си моја мајка. Ти знаеш дека си најважната личност во мојот живот, мојата светлина, те сакам мамо :l:.
     
  7. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Мамичке..нема доволно зборови со кои би можела да ти се заблагодарам за се што правиш за мене во животот. Ти благодарам што ме израсна,што направи човек од мене.Ти благодарам за оние моменти во кои сите ми свртеле грб а ти си била тука за мене.Ти благодарам што во најтешките моменти си ми била светлината која ме издигнувала од нив.Ти си една и единствена,лавица,мајка-борец..Се гордеам со тоа што имам мајка како тебе.Ти си една силна жена,и мој херој..ти си мој идол.Би сакала да бидам еден ден како тебе.Ти се восхитувам.Ти си моја најдобра другарка,сестра,МАЈКА! :l:
    П.С. Ти благодарам за сите непроспиени ноќи со моиве испити,што ги преживуваш заедно со мене :P:wasntme:
     
    На zekzeki му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marojo budalO

    Marojo budalO Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2015
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Ти благодаρам мајκо што ми даваш леκција да не личам на тебе κога κе имам деца!! Многу ти благодаρам!
     
    На MG3 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Мами, ти си најпрекрасната мама што постои и ти благодарам за тоа. Те сакам НАЈВЕЌЕ. :l:
     
  10. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Ти благодарам прво за пружениот живот,ти благодарам што го жртвуваше својот живот за мене,неможам да опишам колку те сакам и колку многу ми фалиш.Знам дека еден ден горе на небото ке се сретнеме,а до тогаш чувај ме доле на земјата.

    ТЕ САКАМ И СЕКОГАШ КЕ ТЕ САКАМ МАМО :inlove:
     
  11. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Машки
    Ти благодарам што постоиш
     
    На Summerlover му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Фала ти мамо за секоја болка истрпена поради мене само за да ми пружиш подршка во тешкиов период.
    Биди ми здрава и жива за да можам да ти враќа безброј пати повеќе! :l::l:
     
  13. Marojo budalO

    Marojo budalO Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2015
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Еех мајκо. Κилκу е сево ова чудно. Сеκој се заблагодаρува што има мајκа . Тие што ја немаат само диρни, убавини пишуаат. Болно е ова..
    Сите се заблагодаρуваат што си ги одгледала, што си се боρела за нив што си им била пρијателκа..
    Што да ρечам κога јас не знам κаκво е чувството да те саκа мајκа. Пρегρатκа мајчина.. хах нема, место тоа ќотеκ. .
    Κаκо да ти се заблагодаρам што си ме одгледала, што си ме изρаснала κога за сето тоа што си го потρошила на мене отчет ми баρаш.. Κога сум болна за тебе глумам дечκо ми да дојдел со мене на болница.. А κога си ти болна. Κаκо што би тρебала ти да вдееш над мене јас бдеам! Не од што моρам од што саκам да си здρава! Не можам да те саκам послρ ваκов живот ама тоа е. Κе се помиρам еден ден..
    И баρаш поштовање.. Нема жено!
    Жал ми е бидејκи неκој се' би дал да е детето негово живо и здρаво, а ти мене ме уништи...
    Да можев да се заменам со бρатучед ми знам, посρеќна κе беше не тρебаше тоа да ми го κажеш ....
     
    На MG3 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Мамо,ти благодарам што си ми пример за силна,истрајна личност,упорна,внимателна и посветена на своите блиски.
    Жена која цврсто стои на нозе после се' и преминала преку многу препреки,а сепак не се жали за ништо.
    Жена која се' ќе жртвува само мене и на брат ми да ни е добро.
    Ти благодарам и што никогаш не ми се лутиш кога ќе погрешам нешто и ќе сторам нешто што не треба,а сето тоа го простуваш и ме советуваш,па повторно ми ја даваш најубавата насмевка на светот кога велиш дека ме сакаш и дека сум твој ангел.
    Ти благодарам што секогаш веруваш дека можам да успеам во се' што ќе правам и ми даваш поддршка во оние моменти кога ме обзема трема и страв.
    Ми дојдоа солзите на очи веќе. Што и да пишам,колку и да ти се заблагодарувам за се',малку ќе е.
    Те сакам најмногу на светов најмила моја!
     
    На Sky-butterfly, Marojo budalO, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  15. auroraa

    auroraa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    843
    Ти благодарам затоа што си со мене за се. Ти ми ја даваш најголемата подршка, ми даваш сила и надеж. Фала ти што постоиш.
     
  16. mandy_gorgeous

    mandy_gorgeous Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2016
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за сите нешта кои си ги направила за мене.
    Ти благодарам за сите непроспиени ноќи поради мене.
    Ти благодарам за сите подароци кои никогаш нема да ја достигнат нашата приврзаност и љубов.
    Ти благодарам за вложениот труд во моето воспитување.
    Ти благодарам за времето кое ми го посветуваш секогаш кога ми е тешко.
    Ти благодарам за преголемата искреност со мене.
    Ти благодарам за чувството на заштита кое секогаш ми го подаруваш.
    Ти благодарам за бескрајната љубов од денот кога забремени па се до сега.
    Те сакам повеќе од се, најдобра мамии:l::l::l::l::l:
     
  17. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    12.614
    Пол:
    Женски
    Мамо, ти си мојата поддршка, моето СЕ на светов, истовремено и мајка и најдобра пријателка! Фала што си секогаш тука за мене, да ме ислушаш кога ми е најтешко и да ми го дадеш најдобриот совет..Фала за тоа што заедно со тато ми пружате прекрасен живот, не мислам на материјалните работи кои ми ги купувате туку на бескрајната љубов и внимание! Фала за тоа што ме трпиш кога се понашам како да имам 8, а не 18 години :clap: Најмногу фала за тоа што му даваш смисла на мојов живот, ти си најсовршеното суштество што постои на планетава!!! Те сакам, мајкаааа :l:
     
  18. pinkberry

    pinkberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    564
    Мамо ти благодарам што ја имам најголемата привилегија на светот,а тоа е што ти си ми мајка.Искрено во животот не сум почувствувала за жал ни трошка татковска љубов и грижа,но ти истовремено беше моја мајка и татко,моја најдобра другарка и мој психијатар.Ти благодарам за се мамо.
     
  19. Lilianna

    Lilianna Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    3.725
    Пол:
    Женски
    Мамо, од она што ми се случи денес сфатив дека единствено тебе вистински те боли мојата болка. Мислев дека нему можам да му се доверам, да ме сфати, да ме утеши, да ме праша како сум...
    Ти си ми единствена најдобра пријателка и знаеш што е страшното? Што ова што ме пржи во гради и не ми дава сон, морам да го сокријам од тебе. Овие мои сомнежи, кои сакам да останат само сомнежи и затоа не чепкам подлабоко, можеби би те дотолчиле. Единствена личност на која сакам да ѝ кажам и да се ослободам од товарот си ти, а ти најмалку смееш да дознаеш.
    Те чувам како ти да си мое дете, сакам да те заштитам, зашто доволна ти е физичката болка.
    Посакувам да се иселам, а не дека би имала каде да одам, а и кога би имала, не би те оставила сама. Ќе ја чувам оваа тајна додека сум жива, макар се борела со демони секојдневно, зашто не би поднела една твоја солза.

    Мамо, ти благодарам што ми покажа колку силно се сака дете... и што покрај тебе научив колку многу љубов моето срце може да ти даде.
     
    На Abeja, purple..m, referentka и 3 други им се допаѓа ова.
  20. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    Edinstvenata licnost na koja mozam da se potpram za bilo sto.
    Edinstvenata licnost sto sekogas me podrzuva za se.
    Edinstvenata koga mi e tesko me guska i ne me isprasuva.
    Edinstvenata koja me saka zasekogas bezuslovno pa i koga gresam
    Podobra i pozrtvuvana zena od tebe ne znam
    Ti i sin mi ste moeto se,moeto najgolemo bogatstvo. :l:
     
    На Abeja, ♡BuBaLe♡, Espadrila и 10 други им се допаѓа ова.