Маамичке мојаа најмила ти благодарам што постоиш и што си толку добра и трпелива мајка, ти благодарм и покрај тоа што бев проблематична и на моменти те излудувам ти секогаш беше покрај мене и ме гледаше со љубов и внимание, за мене на овој свет не постои подобра мајка од тебе ти си СОВРШЕНА во секој поглед, ти си мојата нежна мила мамичка и едвај чекам повторно да те гушнам и заспам во твоите прегратки
Мамо, ти благодарам, бидејќи кога ќе почнам да летам со умот ти знаеш како да ме спуштиш на земја. Ти благодарам што кога ќе ми се разниша самодовербата ти веруваш во мене и ме бодриш, ме учиш да верувам во себе. Ти благодарам, бидејќи ме научи дека семејството е најголемата потпора која ќе ја имам во животот. Мамо, ти благодарам за неизмерната љубов и поддршка.
Фала ти што постоиш и фала ти за се во животот. Фала ти што си со мене во најтешките мигови, што ми си најдобрата пријателка. Знам дека понекогаш правам грешки, некогаш сум и неподнослива а ти секогаш исто ме сакаш. Ти ветувам дека секогаш ќе се трудам секаде да ти бидам најголема гордост. Те сакам.
Мамич, ти благодарам пред се што постоиш, што си тука за мене во било кое време. Ти благодарам што покрај што си ми мајка, си ми сестра, најдобра другарка и најоткачена цимерка. Ти благодарам за се што досега ме научи, што досега ми помогна, и за се што допрва ќе направиш за мене... Премалку се зборовите да ја искажам мојата благодарност и љубов која ја чувствувам кон тебе. Ти благодарам што си полна со разбирање, што ме сфаќаш и не знаеш да ми се налутиш. Ти благодарам што ме порасна во човек, што ме научи да сакам и да бидам несебична. Те сакам, ма те обожавам!! <3
Зошто си ме родила и израснала во добар човек.Ти благодарам што уште ми угодуваш како мало дете иако не заслужувам понекогаш.Ти благодарам што знаеш да ми дадеш добар,искрен ,рационален,приземен совет.Благодарам што ништо не ти е тешко да направиш за мене.Ти благодарам што сеуште во очите ме гледаш како мало дете,иако тоа дете одамна го изгубив во себе...Благодарам за тоа што и да згрешам ти си тука за мене без резервно.Благодарам што ми ги читаш очиве ,тагата ,среќата во нив. Благодарам што знаеш да молчиш со мене како никој друг кога е најпотребно.Благодарам што си ми мајка мамо.
Ти благодарам што ми покажа каква мајка не сакам да бидам. Не ме допираат твоите солзи, навреди и закани повеќе. Нема ниеден удар да оставам да ти биде невозвратен од сега па натаму. Ти ветувам.
Ти благодарам за се што имаш направено за мене,што секогаш си тука за било каков совет,најважно од се,што си многу позитивна и секогаш ме поддржуваш во се...фала ти што постоиш,една е мајка!!!
Во тебе секогаш ќе гледам авторитет и поим за силна жена. Секогаш ќе бидам твоја поддршка во што и да одлучиш. Не само затоа што си ми мајка, туку затоа што ти си таа која си се борела да ме претвориш во човекот кој сум денес. Благодарам никогаш нема да биде доволно за да ти се оддолжам за сè. Најмногу те сакам!
Ти си прекрасно битие кое изобилува со љубов и разбирање. Му благодарам на Господ што имам мајка како тебе. Те сакам мамо
Мамо ти благодарам што не направи луѓе со брат ми и сме ова што сме. Ти благодарам што секогаш ми помагаш кога најмногу ми требаш. Ти благодарам што ги издржа сите тешки моменти за нас двајцата. Те сакам бескрајно сакам да си најсреќна
Ти благодарам мамо за тоа што минативе скоро 30 години, живеев во розов свет. За тоа што секогаш ми веруваш за се', безрезервна поддршка ми даваш во секое време и невреме, љубов најголема. Денот кога дознав,јас умрев. Се изгуби розевиот свет,одеднаш стана мрачен.И секој ден умирам одново и одново.И секоја ноќ мислите стануваат лош сон, кој често се претвора во јаве. А ти си мамо, јунак над јунаците, цел свој живот. Душава да ти ја подарам, малку ќе е за тебе, Мамо моја најубава.
Ти благодарам што ме трпиш Ти благодарам што ми прости Ти благодарам што ме одгледа да бидам добра и да имам добри особини
Колку пати да напишам благодарам,е џабе мајко,ти го даде својот живот за мене,зарем треба објаснување........КЕ СЕ ВИДИМЕ ЕДЕН ДЕН ПАК ЗНАМ.
Благодарна сум што ме направи човек( бев право говедо). Откако почина сфатив дека јас ништо не сум направила за неа. Благодарна сум што некогаш се скратуваше од сопствените задоволства само за да може на мене да ми исполни некоја желба и да ми пружи нешто повеќе. Посакувам да го ценев тоа на време.. На моменти посакувам да ме види и да знае колку ми е тешко без неа,но на моменти помислувам дека е подобро да не може да ме види како пропаѓам и како цел свет ми се руши во неколку секунди, како плачам и како умирам пред спиење...