Мамо, јас сум тука, остави го телефонот...

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 22 септември 2017.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    12.973
    Допаѓања:
    294.106
    Деновиве во скопска градинка осамна порака до родителите

    ,,Мамо јас сум тука,,

    [​IMG]

    Секојдневието на мајките е брзо, динамично, преполно со обврски. Но, мајката не смее да заборави дека детето од неа очекува само една работа – внимание.

    Колку современата технологија и начин на живот ни пречи во воспитувањето на децата ?
     
    На Wahnsinn, Bender Rodriguez, eli25 и 47 други им се допаѓа ова.
  2. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.518
    Допаѓања:
    25.448
    Темава ме потсети на една слика што пред некој ден ја видов на интернет. Што повеќе да се искоментира? 21587041_10155917841849728_499534749728723345_o.jpg
     
    На MilaP, Arthur, alana и 8 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    12.973
    Допаѓања:
    294.106
    Ја отворив темава бидејќи ме засегна ова.

    За себе да кажам: Да !...Има моменти кога сум била во ваква ситуација:( (за жал на моето дете):(

    Посебно дома попладниња кога место да си играм со детето и или да го однесам да трча, јас сум преокупирана со телефонот.
     
    На MilaP, Arthur, Lolipop23 и 20 други им се допаѓа ова.
  4. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.525
    Допаѓања:
    30.955
    Пол:
    Женски
    Технологијата се повеќе и повеќе си зема замав во нашите живот за жал. Сега веќе и старо и младо се на телефоните. А скоро никој не ги забележува ( спомнува ) негативните страни од истите.
    Можам да кажам дека и јас донекаде спаѓам во оваа група.
    Како што вика Рефи, наместо да си играме со децата, боиме, цртаме, шетаме, ние тоа време го поминуваме на телефонот :( А на децата им е потребно нашето внимание. Бидејќи не сме ни свесни колку брзо поминува времето. И кога ќе се свестиш, децата пораснале.
     
    Последна измена: 22 септември 2017
    На eli25, Arthur, M&M и 10 други им се допаѓа ова.
  5. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    21.976
    Пол:
    Женски
    До сега ја барав сликава, ама неможев да ја најдам, и јас пред некој ден ја видов, и навистина нема што да се коментира
    Ќе излажам ако кажам дека додека сум дома не го пипкам телефонот, но се трудам максимално да го баталам и да се посветам на домашните обврски
    За жал технологијава до толку е навлезена во нашите животи, како некоја зараза..
    Лап топот од кога е купен од моја страна не е пипнат, ама мобилниов да
    Не само што е штета за децава, туку да не кажам се одродивме, наместо со пријателката да се слушнам да си поразговарам, ние се допишуваме на вибер, мислиш кој знае колку ќе не кошта разговорот
     
    На Arthur, Lolipop23, M&M и 8 други им се допаѓа ова.
  6. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.518
    Допаѓања:
    25.448
    И јас ќе излажам ако речам дека ми се нема случено. Ама кога ќе ми викнат децата одма се свестувам и го оставам телефонот. Свесна сум и за негативната страна на телефониве и гледам да не ме надвладее. Среќа не сум зависник од фејсбук, го имам само заради факултетот. Ни на форумов не сум нешто најактивна баш поради реалните секојдневни обврски. Ама дека ми се случува, ми се случува.
     
    На M&M, joy1, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.489
    Пол:
    Женски
    Бравоооооооо @referentka :handshake: Бравоооооооооооооооооооо(y) НАЈДОБРА ТЕМА :handshake:

    КОЛКУ БИ САКАЛА ВАКВИ ПЛАКАТИ СО ТАКВА СОДРЖИНА ДА ВИСАТ НА СЕКОЕ ЌОШЕ, НА СЕКОЕ ДРВО, ВО СЕКОЈА УСТАНОВА..ВО СЕКОЈ ДОМ!!!!
     
    Последна измена: 22 септември 2017
    На Eli23, blonde_supergirl, Arthur и 26 други им се допаѓа ова.
  8. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    21.976
    Пол:
    Женски
    Генерално, не се збори само за запоставување на децата, туку општо, дали сопружници, гости..
    Летово ми дојдоа од Белград гости, возрасни луѓе, тие на мобилните и фејзбуците штракаат, и така седиме во двор, пиеме кафе а тие со мобилните, па на шала им се развикав дека ке им ги одземам..
    Со мм пиеме кафе, тој па игра некоја игра:@, и му викам ок јас сама со себе си пијам кафе??
    Лошо е во секој случај, што убаво беше порано со обичните мобилни, не дека сега ги нема ама ај оди врати се на нив:D
     
    На fallenangel, Mari*, Lorins и 9 други им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    19.291
    Допаѓања:
    122.821
    Пол:
    Женски
    Се слагам потполно со сликата.
    Речиси воопшто не им обрнуваат внимание на децата зјапајќи во телефонот.
    Сведок сум на такви случки и не само мајките туку и татковците.
    Камо да имаше некоја кампања во земјава како поттик дека ги испуштаат најмилите моменти од нивните деца.
    Браво за темава.
     
    На fallenangel, celineparis, Mari* и 4 други им се допаѓа ова.
  10. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.002
    Допаѓања:
    68.735
    Од моја страна, детево не е запоставено заради телефонот... Го користам кога спие, или кога дедо му ќе го земе да го шета... Ретко и во други прилики, ама само кога има уште некој со нас што го игра...
    Арно ама, од страна на татко му, за жал е... Го чува со телефонот в рака и на 5 мин крева глава само да провери дали дете прави нешто опасно...
    Тоа предизвикува кавги меѓу нас, наметнување и префрлување вина...

    Сакам да разговарам со луѓе очи в очи, кога ќе излеземе некаде не го ни носам телефонот со мене... Ако излезам за да зјапам во телефон, не ни излегувам...Арно ама, сите други попрво ќе гледаат што има ново на фб и инстаграм, отколку да кажат нешто
    Со мм повеќе на фб пишеме дур е на работа, од што дома зборуваме :x
    И после се чудиме зошто немаме пријатели, зошто сѐ повеќе разводи, зошто агресивни деца и нефункционални семејства...
    Е ради ова
     
    На blonde_supergirl, Arthur, mareane и 25 други им се допаѓа ова.
  11. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.606
    Пол:
    Машки
    По некој билборд со истата слика нема да е лошо да се постави. :)
     
    На Arthur, celineparis, parksey и 7 други им се допаѓа ова.
  12. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.667
    Допаѓања:
    19.744
    Пол:
    Женски
    Sepak kako ova slikava pogore nikogas!.
    Kompjuter od kako se rodi malava 90%veke ne koristam a telefon da iako i toj e na pomalo nivo od kako ja imam cerka.

    Najcesto tel koristam dodeka spie ili dodeka sama saka ili veke e zanesena vo nejzinite igri.
    Jademe,zaspivame zaedno,nadvor sekogas igrame zaedno oti sama ne ja ostavam.
    Najcesto kako vina imam koga treba da zavrsam obvrska niz doma a ona sama.
    Sekogas sum so moeto dete,nikogas za nisto ne bi ja ostavila na 2mesto...
     
    На Lolipop23, Mari*, Monella и 2 други им се допаѓа ова.
  13. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.793
    Се сложувам за ова со тебе @referentka но би кажала што е тоа бе на деца од 7 или 8 години мама и тато им купуваат ајфони,знам дека не е ова тема но ме нервира и тоа.
     
    На Arthur, cresa-jagoda, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    12.973
    Допаѓања:
    294.106
    Фала Богу да се сложиме за една работа:D
    Се шалам...

    И мене ме нервира.
    Ама што од тоа кога знам дека ќе и купам таблет и јас:tmi: кога ќе нарасне малку.

    Сега има свој мобилен , без картица, само ви-фи е вклучено.
    Додека правам ручек, мојам садови, се бањам...ќе и го дадам да гледа (ако татко и е зафатен) за да си обезбедам мир додека работам.Не и дозволувам до бескрај да се занесува, обично настојувам да си играм со неа, да редиме коцки или некои други контруктивни игри:)
     
    На Arthur, M&M, fallenangel и 7 други им се допаѓа ова.
  15. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.673
    Допаѓања:
    74.623
    Пол:
    Женски
    И јас бев едно време зависна од телефонот ама откако ми се роди и малиот видов дека Facebook ми е вишок во секојдневието и ми одзима премногу од времето па го деактивирав профилот и верувајте ми дека се препородив, немало ништо поубаво, време имам за извоз.Сега чепкам у телефон само кога се заспани или кога се ептен двајцата убаво заиграни па брза проверка на нет и толку.Затоа и не сум толку активна на форумов како порано.Лаптоп ми служи само за префрлување слики од моб а на малата среќна сум што не и е интересен телефонот, игриците, многу ретко знае да побара да поигра некоја игрица, се занимава со играчки, боење и чат пат цртани.
    Многу е бедно времево, неможеш да излезеш со човек да се напиеш кафе и да направиш муабет зошто сите се со телефоните во рака и ФБ е најбитен.
    Дефинитивно треба некоја јака кампања со вакви слики и пораки па можеби тек тогаш ќе се освестат луѓето дека децата и посветување на внимание е најбитно.
    Браво за темава, секоја чест.
     
    На blonde_supergirl, buba4e89, Mari* и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    13.590
    Пол:
    Женски
    За жал живееме во време каде постојат паметни телефони, но глупави луѓе ...

    Секогаш сум имала поддршка кон технологијата и науката со цел да ни го олесни животот но денес навистина се претерува таа граница.

    Никогаш не сум била и нема да бидам зависник од технологијата и да дозволам таа да ми биде главна занимација во животот.

    И воопшто не ме интересира дали некој за мене вели зошто не користам социјални мрежи или зошто немам најнов модел на телефон.

    Исто така не ме интересира и за зависноста на останатите луѓе.
    Нивна зависност = нивен проблем

    Денес на секому се му е пружено и единствено човечкиот ум пресудува како, кога и за што ќе ги искористи телефоните.

    Ако некој е малку попаметен, нема да се преокупира со тоа и кога му е навистина потребно ќе ги користи придобивките и изумите на овој временски период.

    А останатите ... тие веднаш ќе се заразат како глувци (да ги задоволат своите искомплексирани потреби)

    И додека телефоните стануваат потенки и попаметни, луѓето стануваат подебели и поглупави ...


    [​IMG]
     
    Последна измена: 22 септември 2017
    На toogood, Arthur, piglet1 и 15 други им се допаѓа ова.
  17. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    3.702
    Допаѓања:
    31.131
    Пол:
    Женски
    Не е и на одмет кога ќе се логираш на форумов да пишува
    Мамо, јас сум тука, остави го телефонот...
     
    На BurstBerry, toogood, Arthur и 12 други им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.527
    Допаѓања:
    51.186
    Пол:
    Женски
    Тешка тема.
    Јас сум најмногу на нет кога спие преку ден и кога ќе заспие навечер зашто рано заспива, накај осум ипол, девет.
    На фејсбук не седам, речиси ич, само на форумов. Ама цел ден е со мене и знам да отворам, па ќе се зачитам нешто и тогаш ми легнува во скут да ми покаже дека е тука, или рипа на мене, ама не ме остава да седам со телефонот во рака. И тогаш ептен се нервирам дека детето се бори со телефонот за моето внимание.
    На лулашки секогаш одам по неа да не ја турнат поголемите и таму нема телефон.
     
    На Eli23, Arthur, M&M и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.731
    Допаѓања:
    196.975
    Пол:
    Женски
    Често ми вика ова ќерката :mm: на моменти се чуствував како зависна па почнав да го оставам намерно дома или далеку од мене.
    Еве што направивме без таблети и телефони.
    IMAG1924.jpg
     
    На MilaP, toogood, Arthur и 26 други им се допаѓа ова.
  20. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    1.844
    Допаѓања:
    26.112
    Се сложувам, колку пати сум седела во ресторан, и родителите на телефон, а децата прават се за да им привлечат внимани, трчаат, плачат, прават бељи, а ќе добијат само ќотек.
    Или евентуално таблет да гледаат ЈуТуб, за да не ги вознемируваат.

    Само не ми е јасно како и во 21 век, целата вина и одговорност паѓа на мајката?

    Оти татковците не дремат на телефон, а уште помалку си ги земаат децата од градинка,така?

    Може ако се заангажираат грото околу своите деца повеќе одколку само да помогнат, мајките нема да се чуствуваат толку загушено, па да одмараат блеејќи во телефонот...
     
    На CameliaMiller, BurstBerry, Mini90 и 20 други им се допаѓа ова.