1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мамо, јас сум тука, остави го телефонот...

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 22 септември 2017.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Најчесто се логирам кога сум на работа и кога спие дома, а е спанко. Посебно навечер после осум..
    Ми се случува и преку ден, не велам не, но или татко му е тука, или е заигран или спие пак. Додуше он само што ќе ме види да зборам на тел плаче така да не, немам грижа на совест фала богу, а во спротивно би имала..
     
    На crazylady, Arthur, M&M и 2 други им се допаѓа ова.
  2. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    А исто и со обратна содржина треба да се направат плакати: Сине/Ќерко, јас сум тука, остави го телефонот.

    Колку млади личности работат/студираат/се омажиле во други градови или земји, и кога ќе дојдат во домот на родителите воопшто не им посветуваат внимание на блиските, туку си гледаат во телефон или на лаптоп.
    Родителите се труделе јадење да спремат, сакаат да зборнат, да се видат со детето, а младите дремат со телефонот во раце и се исклучуваат од реалоста.

    Или одиш кај баба/дедо после 100 години да ги видиш и не тргаш поглед од екран.
    Нормално на децата мајката им е најпотреба, ама и стариве се души желни за внимание.

    Млади, стари, деца, возрасни, сите сме bitches на технологијава :handshake:
     
    На iki26, Doozy, Mini90 и 25 други им се допаѓа ова.
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Јас бидејќи живеам во стан повеќе користам мобилен од досада, а кога ќе отидам на гости кај баба, бидејќи живее во куќа, заборавам на мобилниот и по цел ден. Во куќа е подруго според мене, енергијата ќе ја потрошиш на нешто друго, ќе се издуваш во двор и не ти текнува за мобилен.

    Во врска со темава, родителите во мобилниот телефон некако како да го наоѓаат спасот по напорниот работен ден и другите обврски што ги имаат во домот. На еден начин користењето на мобилниот го сметаат како еден вид релаксација, тогаш „го пуштаат мозокот на пасење“, „се исклучуваат од сѐ“ што ги вознемирува и додека го користат телефонот се во некој нивен свет кој ги релаксира. За жал, ако родителите не се контролираат себе си колку време поминуваат на мобилен, ако мислејќи „Еве само половина час ќе поседам на телефон, да видам што има“, а отишле наместо половина час, неколку саати, тогаш децата страдаат за внимание и поради недоволно внимание од родителите и недоволна меѓусебна комуникација децата застрануваат од правилниот пат, стануваат хиперактивни, лути, гневни, бесни, агресивни и уште многу други негативни карактеристики стануваат дел од нивниот карактер.

    Никој не вели родителите да се откажат од мобилните, само нивната употреба да биде сведена на минимум, за да можат да им посветат доволно внимание на своите деца.
     
    На crazylady, Gosh, Bozica1980 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Сите во слободно време од досада користиме телефон, ама јас зборував конкретно за тие млади што не живеат заедно со родителите....Се гледаат еднаш месечно или уште помлаку, и таман се заедно тие времето го трошат на телефон.

    Пример, на пријатели синот им работи во Австрија па летово беше дојден да ги види неговите, а татко му рече дали еднаш сме седнале со него за да се видиме и муабет да направиме.
    Или е излезен, или е дома со телефонот, значи исто ко да не е присутен...Ги игнорира домашните а еднаш годишно ги гледа.
     
    На crazylady, Bozica1980 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.077
    Допаѓања:
    81.907
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми знае на двајцата да ни каже оставајте телефоните,таблетите,и да си позборуваме ,но тоа не е често не да се правам јас не гледам ,а гледам но за се има време ако се сака .
    И ми се допаѓа што знае да не опомене иако е дете :)
     
    На crazylady, zhap4e, Arthur и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Кога го прочитав насловот ме фати срам :|
    Истата ситуација ја доживеав и се почувствував како лоша мајка. Детево во задно време сака да игра со нас, дојде до мене да ме викне, јас станувам ама станувам со се телефонот во рака и во тој момент детево ми вика: мамо, остај го телефонот..:|

    Дефинитивно сум самосвесна дека ми е лоша навика па и опсесија, но кога сме дома имам проблем да се контролирам. Среќа надвор тоа не се случува.

    Мобилните се најголемите убици на социјалниот живот и живеењето во реалноста.
     
    На Βικτωρία, mareane, azelea и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    2.549
    Пол:
    Женски
    Технологијата е баш како што кажа членката погоре, убиец од кој тек ќе ги чувствуваме нокаутите. И од аспект на деца, здравје, "среќна" брачна заедница....
    Анксиозност? Ова е болеста како резултат на модерната трета технолошка револуција. Само едно ќе кажам, жално.
     
    На BurstBerry, blonde_supergirl, Βικτωρία и 3 други им се допаѓа ова.
  8. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    64.724
    Пол:
    Женски
    Имаше еден твит "Дома снема интернет, фини луѓе биле моите родители".

    Не само родителите, сите сме станати зависници од технологијата. Најмногу ме иритира што родителиве и на децата им ги даваат телефоните само за да биде детето мирно. Од мали нозе децата во денешно време стануваат зависници од технологијата.

    Пред некое време спроти мене во кафич имаше седнато мајка со малечко кое имаше 3-4 години. Детенцето уште на лустер не се качи за да го привлече вниманието на мајка му, а таа ладнокрвно на телефон си седеше и кафе си пиеше. Од страна што гледав ми стана жал за детенцето. Се уште не сум родител ама ќе се трудам максимално да му се посветам на детето.

    Жалосно е што станавме робови на технологијата.
     
    На crazylady, blonde_supergirl, Βικτωρία и 9 други им се допаѓа ова.
  9. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    6.673
    Пол:
    Женски
    Арно си напишав вчера дека сакам да се врати времето кога технологијата беше "недостижна" за сите.

    Иначе ретко ми се случува ова. Висам на телефон само кога спие или кога ја чува друг. Кога сум сама со неа, не ни можам да го земам телефонов враце.
    Бара да ја играм, да ја шетам, па сакала нејќела ќе го оставам.

    Едно време и пуштав цртани за да испијам кафе раат, ама сега не, гледам да и се посветам колку што можам повеќе.
    Мм вчера и пушти цртан, таа не сакаше да гледа, па ми ја даде и продолжи да си гледа тој цртани...:nod:
     
    На Βικτωρία, Mari*, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    Од како се породив до ден денес мојот телефон е ставен на вибрации....кревам кога сум во можност и барам ако имам навистина потреба и тогаш кога времето ми дозволува...најголем приоритет ми е детето. На интернет седам кога спие. Маж ми е друга приказна и имавме сериозни кавги на оваа тема (буквално беше како сликата што жуто ја објави...да ти пукне филм).
     
    На Βικτωρία, Mari*, Lolipop23 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    @referentka убава тема, но...
    Не е виновна технологијата за кратење на времето поминато со децата...
    И пред 20...30 години имаше „занимации“ - статичен телефон што некои го користеа за повеќе часовни муабети, ТВ што некои нон-стоп го гледаа... Значи, и тогаш имаше родители кои што „немаа“ време за игра, прошетка, учење со децата!!! Познавам такви!!! Сега нивните пораснати деца се виновни што немаат време за нив, што немаат нормални разговори родител-дете!!!
    Не е само до модерното време... Повеќе е до одговорноста и совесноста!!!
     
    На Izaabella, BurstBerry, Someonespecial и 20 други им се допаѓа ова.
  12. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Децата сакаат,внимание,љубов. ШТо ќе им се тие родители со мобилни. Бабите да ги чуваат внуците?
    Катастрофаа сликата со телефон в рака, бебето на земја.

    Штом имаш дете,имаш и обврска кон тоа дете!
    Каков е овој однос не ми е јасно ЦЦцц

    Треба секаде да се постават такви пораки . Телефонот да се остави!!!
     
    На Mari* и azelea им се допаѓа ова.
  13. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.294
    Допаѓања:
    20.771
    Пол:
    Женски
    Фала Богу за темава. Жално е што дискусијава ќе си остане само тука на форумов а нема да се прошири помеѓу родителите и децата за да се освестат за своите постапки. Јас не сум мајка, ниту планирам да бидам во скоро време. Студент сум во "најлудите" години што би се рекло. Но, гледајќи ја денешнава младина, па и постариве како зависат само од телефони и како лажно го прикажуваат својот живот на ФБ, МИ СЕ ГАДИ!

    Можда сум малце офф топик со ова, само моментот ми беше дека имам и членови во фамилија каде што децата уште како фетуси знаат сами да си уклучат нешо на телефон, не значи дека тоа е цртан или едукативен канал, туку и безобразни работи ама тоа за родителиве сеа е смешно..мали биле. Ќе ве прашам кога синовите ќе пораснат па ќе изиграваат мафијаши и тепачи, а ќерките најголеми к...Според мене не е нормално на 10 години да знаеш да се шминкаш и така провокативно да искачаш и на 10 години да знаеш секс пози и да ги имитираш со другари/ки. Мислам СРАМОТА.

    Сите ама баш сите сме или биле зависни од социјалниве мрежи поготово со новиве телефони. Јас лично сум пример за тоа одење на посета кај баби и дедовци и зевање додека не извадам телефон и да пратам фејк ХАХАХАХА на ФБ. Значи катастрофа.
    Исто така не ги сфаќам сите чекирања и слики од типот "Уживкаме" и тоа секој ден, по 15 пати на денот на различни локации. А behind the scenes шо се вика ги кршите децата ако пробаат да ви направат муабет додека вие враќате на коментари од типот "Блазе си ви". А одкако ќе им ја исчупате косата и скршите по некој заб смирете ги со доза на Аца Лукас и Северина во фишнет пошо само тоа го пуштате на Јутуб.

    Навистина не знам како вака ќе се тера понатаму, како ќе се растат децава со телефони а не со родители. Стварно е греота и жално. Се надева дека овој "проблем" некогаш ќе биде дискутиран на поголема платформа и ќе допре до повеќе луѓе.
     
  14. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.491
    Допаѓања:
    33.387
    Пол:
    Женски
    Често ми се случува морам да признаам. Но најчесто е поради тоа што мм не е тука и така комуницираме преку нет.
    Но со текот на времето се трудам што повеќе внимание са му посветам. Вака само за викенди можам да забушавам инаку не преку недела целото внимание го има од мене и баба му и дедо му што мислам од тоа и почнува да станува малку поразгален.
    Но сепак и јас сум многу против оваа технологија која што не владее сите нас.
     
    На mareane и Mari* им се допаѓа ова.
  15. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.616
    Пол:
    Женски
    Дете мое уште не проговорило :D

    Фејзбук немам,дремам малку повеќе на феминава и чат пат вибер
    Не се сметам за зависна од телефон и не би ми дала совеста да запоставам дете заради тоа
     
    На crazylady, alana, zuto и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.145
    Допаѓања:
    76.558
    Пол:
    Женски
    Се изгуби човекот себеси.

    zombies-phone.jpeg

    Една од најжалните работи со луѓето денес е што обрнуваат внимание на своите телефони повеќе отколку на своите деца. Кутри дечиња... Сувишно е тука да се пишува, треба да се реагира и да се отвараат очи.
     
    Последна измена: 26 септември 2017
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Доста сексистички од градинкава, која не само што претпоставува дека мајката по дифолт мора да го зема детето од градинка, па уште и ја критикува зашто не му обрнува внимание. Мислам, донекаде се слагам со поентата која сакале да ја доловат, ама не е на одмет да се спомне дека децата имаат двајца родители, кои би требало да бидат подеднакво одговорни за грижата за детето.

    У однос на темата, не мислам дека технологијата е виновна за тоа што родителите не им обрнуваат доволно внимание на децата. Несовесни родители имало отсекогаш и секогаш и ќе ги има - со текот на времето, се менува само начинот на кој тие го запоставуваат своето дете.

    Денес луѓето се џарат во телефоните, претходно тоа го правеа со компјутерите, пред тоа се џареа во телевизорите или правеа маратонски муабети на фиксните телефони - кафе-муабетите со пријатели и комшии никогаш не излегуваат од мода... :D

    Ми ја сфаќате поентата, де.

    Ако некој решил дека нешто друго му е побитно од потребите на сопственото дете, технологијата не може никако да биде виновна за тоа.

    Нормално, секој може да се занесе со телефонот, меѓутоа ако детето му го посочи тоа и побара внимание од родителот, а родителот го игнорира и си продолжи да зјапа во телефонот - е тогаш, проблемот не е во телефонот, туку во нешто друго.
     
    На bittersweet, Mishela, friendy и 15 други им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Еве од мајката објаснување за сликава. Жената со бебево била 20 часа заглавена на аеродром. Го држела во раце, седело во транспортер, ама бебе е и го оставила на ќебенце да се оптегне, додека на телефон се објаснувала со роднини кои биле загрижени што се случило и зашто ги нема. Женава е педијатриска сестра и поради сликава била загрижена да не ја изгуби работата, што среќа не се случило, зашто има уште две други деца кои треба леб да јадат.

    Она што е страшно во ситуацијава е што човек може туку така да слика некоја ситуација без да знае било што за тоа, сликата да ја објави и да стане вирална и тој некој ни крив ни дужен да сноси последици, зашто на нас луѓето осудувањето најдобро ни оди за жал.

    Патем, убаво имаше еден коментар, тој некој се служи со технологија да ја слика женава што користи технологија, па ја објавува со истата технологија, за сите други да може да осудуваат користејќи ја истата технологија...

    Во какво време живееме, ехх...
     
    На mamaJana, Lolo5, mareane и 10 други им се допаѓа ова.
  19. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Се согласувам потполно. Само што еве, јас не би ставила дете на земја, а најмалку толку мало бебе. Тоа бебе го собира и на седиштето до неа. Ама ок, да не осудувам пак предвреме, можеби и за тоа жената има некое издржано образложение.
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Добар изговор за да не се изгуби работа.
    Кога прв пат ја погледнав сликата се згрозив. Како мајка не ми штима безгрижното зјапање и занесеност во телефон додека бебето се “оптега” (аха) на земја со можност некој да го здипли и никогаш повеќе не го види. Бебето треба да е на клупата а мајката на земја или до него и со едната рака околу или до бебето како што и доликува.
     
    Последна измена: 29 септември 2017
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.