1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мамо, јас сум тука, остави го телефонот...

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 22 септември 2017.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Хммм, бебето е пред мајката, иако и ние некогаш имаме телефон пред нас, очите ни се сепак пола на детето. Да го остави на седиштето ќе беше види ја, го оставила на седиштето, каква неодговорност, не гледа дека ќе падне... Слика е ова, не знаеме колку безгрижно зјапала, колку долго. 20 саати биле на аеродром, веројатно и раце и паднале на женава. Вака доста лесно ни е да ја исплукаме.
     
    На crazylady, Снегулк@23, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Важно избрзаа сите да ја исплукаат мајката од сликата и да се потврди клишето дека технологијата е ко zombie apocalypse, леле мори мајко кај оди светов бла бла бла... Да беше од некоја од македонскиве влијателни фаци по социјалните мрежи постирано, токму личноста што сликала и постирала ќе ја направеа дно на сите дна. А и логично е прашањето колку опседнат со телефонот е баш и тој што во секој момент му текнува да слика нешто вака на прв поглед скандалозно и да го постира на интернет, и тоа мајка со бебе (facepalm)

    На темава, Бендер и Гош ја кажале главната поента што ми иде на памет на темава.
    Сега е телефонот, до пред десетина години бил само телевизорот, пред 50тина години - весниците... Како за изолирањето од реална комуникација, истово се важи и за запоставувањето на децата. Треба да се контролира, од време за себе и за занимација да не се претвори во зависност поради која се запоставуваат обврските, уште повеќе кога си родител па кога станува збор за внимание и љубов кон децата.
    И да, за двајцата родители важи.
     
    Последна измена: 30 септември 2017
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  3. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.337
    Допаѓања:
    51.761
    Пол:
    Женски
    Мислам дека 90% од мајките никогаш своето бебе не би го оставиле директно во количка без притоа да постелат чисто ќебенце, не пак на земја или валкан аеродромски под. Јас мое не би, за други не ме интересира. Тоа е, секогаш постои пример за како би и како не би.
     
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Темава не се однесува општо на влијанието на технологијата врз човекот, туку е конкретна - влијанието на технологијата врз родителствувањето. Не е исто да се заборавам пред монитор јас, која освен за себе не треба да водам сметка за никој друг, а сосема друго е родител да го прави истото. Од висење на интернет патат многу поситни обврски, што останува за одгледување дете. Најблиска личност што ја познавам, а е мајка на мало дете, не троши време на интернет ни најмалку, ама воопшто. Добро, таа има и посериозно работно место, не е административка на пример. Од друга страна, на тие родители што ги познавам со телефоните во рака, децата им се банда без команда. Случајност?
     
    На alana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Legally_Blonde

    Legally_Blonde Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2022
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Хм интересна тема штета што не е многу развиена иако е во денешно време жално она што се прави со децата... Имам чувство како мајкиве да се такмичат која поскапо и поубаво ќе го облече. Јас разбирам ете и јас во иднина ќе имам дете мерак ти е, ќе си го дотераш, ќе си го сликаш ама што е бре ова секој ден реклама на децава на стори Tommy Hilfiger, Boss?Не баш секој има пари за такви фирми да купува на детето.

    Зборот ми беше како имаат време за трошење на енергијата на тоа? Абе една два дена немаше кај се породи бебето одма на фб Па гревотка е бе наместо во тие моменти човек на раат да си се израдува со најблиските почна веќе се да се става јавно.

    Секој сака да си се пофали со своето ај разбирам ама пак од мајкиве што цел ден типкаат по телефоните немаат време да ги воспитаат децава, затоа секоја генерација е полоша и полоша.
     
    На Осе, elenaklasik, Алек*** и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    За облекување, која колку може и сака да си дозволи така ќе го дотера. Зошто не би го облекла скапо ако ми се може? А можеш да го дотераш и со малку пари, не мора да биде скапо.
    Околу ставањето слики на социјални мрежи исто е избор. Знам дека детето нема избор дали мајката ќе постира слики од него ама пак одлуката е на мајката и јас не гледам ништо лошо. Која како сака. Доколку си ставила слика вториот ден од пораѓај не значи дека не си се израдувала на детето туку си среќна и сакаш да споделиш со тие што ти се пријатели/следачи.
    Толку е напорен еден ден со бебе особено после првата година што некогаш само чекаш момент да си направиш кафе и да излезеш од реалноста. Не мислам на запоставување на детето за да седиш на телефон туку ете се заиграло само и го користиш моментот да разгледаш што има ново во светот.
     
    На mssuniquee, Осе, Izaabella и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Legally_Blonde

    Legally_Blonde Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2022
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Разбирам јас една слика две па и три нека се и пет и шест.... Ама 24/7 на секои пет секунди на стори околу 300 слики. Тоа е за мене лечење комплекси преку децата ништо друго.
    Имам блиска роднина кај која истото сум го заприметила ќе купи еднаш скапо нешто, ќе го слика детенцето и по два дена тоа оди в канта оти детенцето веќе било видено на Инстаграм со тоа. Јас и реков подобро донирај, не го донира да не носело било кое друго дете такво блузе зато в канта
    И јас имам услови се надевам и во иднина така ќе е да овозможам поскапи работи ама дека ќе се рекламирам по интернет и детето нема.. Јас не сум растела со скапи фирми, сум носела и носени алишта од братучеди па ете здрава и права сум. Ќе ги направат од мали ни вода ни киселина па оти биле такви децата.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    8.862
    Пол:
    Женски
    Факт е дека има различни мајки, ама секоја жена и покрај тоа што е мајка, исто така е и човек, сопруга, домаќинка, и оди на работа, па покрај толку обврски сака секое слободно време да го искористи за себе, да погледне на телефон што има, да се напие кафе, да излезе некогаш.
    Околу објавувањето слики од децата, реално мајката има да речеме слично ако не и исто секојдневие со дете, па така цело време со детето мора да си направиш да ти е интересно и побрзо да ти помине времето и ќе си го сликаш, па ќе си објавуваш, а и мило ти е истовремено па така сакаш да споделиш со пријателите.
    За маркирана облека тоа е веќе избор на секој родител и кој колку може да си дозволи.
    Еве јас за моето дете до сега дали 10тина-20 комплетчиња или бодиња сум купила, буквално цела облека ја земав од внук ми и пак порасна детето, тоа нема врска.
    Тоа дете секако не ни разбира дали е во марка облечено или не, е проблем почнува да станува кога ќе почне детето да разбира и се да му се удоволува па после стануваат разгалени, ама пак си е тоа индивидуално и секој родител си ги сноси сам последиците подоцна.
     
    На crazylady, Осе, Jana06 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    Те разбирам околу споделувањето фотки, имам една таква, уствари имав две ама едната ја избришав. Буквално го малтретираше детето за на сториња.
    За облеката, купувам и прескапо, а купувам и од маалски продавници, битно е да ми се свиѓа. Дури носи и џемпери што ги носел татко му :D
    Секакви луѓе не има. Не има такви што со душа сме ги чекале децата и се трудиш колку можеш, даваш 200% од своето време и енергија, а има такви што имаат деца зашто дошло време, па ете баби ќе чуваат, на телефон ќе се седи, викенд нема да се пропушти кафана... Што да кажам. Времето поминува и не се враќа.
     
    На crazylady, sunshinebabe, Mia Fuentes и 4 други им се допаѓа ова.
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    23.641
    Имаме правило дома, доаѓаме од работа и телефони тргаме и јас и маж ми. И така неколку саати во денот проаѓаме со дете, бар да биде квалитетно поминато. И не е дека играме само. Правиме ручек за следен ден, матиме вечера, некогаш усисаваме, бришеме прашина. Живи радости е.

    Иакрено јас сум позависна од телефон, маж ми не се замара, само чита вести и ако треба некоја и формација да најде, никад не скрола бесцелно, нити чатува. Има фејсбук, никад не постира, пред некој ден ме праша шо е стори :D. По телефон јавувајќи се завршува се што треба и искрено му се воодушевувам за тоа.

    Од кога ќе заспие мали во 8, собираме играчки и ехеее има време и за глеање моб, се јавуваме кај треба, гледаме филм заедно...
     
    Последна измена: 30 јануари 2022
    На crazylady, Осе, Izzy_0504 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. My litle pony

    My litle pony Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    853
    Пол:
    Женски
    Мојава кога зборам на телефон скока околу мене и ако не и обрнам внимание плаче,па морам да исклучам:D
     
    На crazylady, mal.ecka и Legally_Blonde им се допаѓа ова.
  12. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.952
    Допаѓања:
    13.890
    The sad truth:
    FB_IMG_1643620126405.jpg
     
    На crazylady, Stark, Осе и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.554
    Пол:
    Женски
    Може темава да оди и во една друга насока поврзана нормално со ова...
    Да даваме примери и предлози со активности и игри со кои би го пополниле нашето време со малишаните
     
    На elenaklasik, Milkiway, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.