Многу се смеев во првиот дел , кога на еден му падна заб уствари сам си го извади хаххаха кога се гледа на огледало забите како на коњ големи и една гооолема дупка ... Ми падна жал . Вториот не го гледав , но првиот е добар
Вечерта кога го гледав првиот дел ми се разубави поради филмот! Убаво смислен. Се на се, ме воодушеви
Филмов ме пресмеа! Го гледав пред некоја вечер и се згазив од смеење, ми го продолжи животот. Секако, зборам за првиот дел.
По се изгледа голем дел од нас пред неој дел го гледал филмов.Јас првиот дел го гледав и се изнасмеав слатко.Вториот почнав да го гледам,ама лоша беше снимката,па се откажав.Во секој случај одлична комедија.
Можам да кажам и дека е најсмешниот филм што сум го гледала . Значи се пресмеав. Едвај чекам да го гледам вториот
Еден и единствен ми е Hangover, една од најдобрите комедии што сум ги гледала досега. Колку смеење падна не сте свесни! Првиот пат го гледав во друштво, а вторпат го гледав сама и се смеев уште повеќе.
Првиот дел е стварно урнебесна комедија ама вториот е разочарување. за сите што го гледале првиот дел ви препорачувам да не го гледате вториот за да не ви стане глупав целиот филм.
леле сите тоа ми го викаат. Од првиот дел сум мн задоволна, филмињте, значи чиста комедија, без тинејџерси глупости, филм на место за жанр комедија, а за вториов сите ми викаат поарно не го гледај, има мн подобри филмчиња, кои ми се на листата,но сепак, од чиста љубопитност, мислам дека ќе го ѕирнам
Првиот дел навистина вреде да се погледне, се изнасмеав до солзи. Вториот го гледав уште одма кога излезе си го симнав и очекував нешто WOW. Всушност е истото сценарио со сменета локација, многу е сличен на првиот и некако знаеш што ќе се случи во филмот уште кога го гледаш.
Првиот е многу смешен , а вториот е катастрофа ... Како што кажа девојката погоре , исто сценарио а сменета локација само ... Промашен е !
Кога го гледав се газев од смеење и цело време само - ииииииииих шо си напраил бе имаш жена.. -Лелеее овој сигурно нема да се ожени.
Луд филм, буквално луд! Неможам да кажам дека вториот бил промашај, океј веќе знаевме дека ќе биде сличен на привот, но сепак мене и вториов ми беше пресмешен и дури некои сцени беа подобри од привот. Овој вториов е малце по хард кор Ален ненормален 100 насто, да не беше тој можеби и намаше да биде толку јак. Јас се пресмеав на сцената со транветитите И двата дела си имаат свој шарм. Третиот како што прочитав ќе биде тотално раличен од првиве два, па останува да видиме. Јас би им дала и на двата 8
Ненормално добар и смешен филм. Значи кога ќе го видам кинезот и кога ќе каже We had a sick night bitches! крај! А тек Бредли Купер! Милина!
Ептен се јаки и двата делови од филмот се умрев смеење, а и едвај чекам да излезе и третиот дел за кој имам читано дека ќе биде со нови глумци и сосема различен од претходните два