1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Манастири со лековита моќ

Дискусија во 'Религија' започната од samovilamila, 19 март 2013.

  1. samovilamila

    samovilamila Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    19
  2. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Секој манастир си е Светиња. Секој манастир, секоја осветена црква, секоја икона, секоја реликвија која некој свет човек ја носел на себе.... се’ е свето.
    Зошто?
    Секоја црква на чинот на осветување на таа црква, во Престолот (тоа што е во средината на олтарот, каде отецот служи Света Литургија) се ставаат мошти од светител. Фактички тој Престол во својата вистинска суштина, го претставува Гробот, Божјиот Гроб, па затоа се ставаат мошти од светител во него. Затоа секоја црква е света, затоа секоја икона е света. Зашто по молитвите на епископот, отецот, благодатта од Бог слегува на нив и ги осветува :) .
    Останува само малку за крај што е потребно да се направи од наша страна. Пoтребна ни е само малку вера и чиста молитва која ќе биде од срце кажана. Не мора да биде со зборови, нека биде само еден сокриен глас во нашите души и срца, Бог ќе го слушне тоа, зашто тој ги чита нашите мисли.

    Мала помош, на оние свети места кои се попознати во Македонија.
    - Чудотворната икона на Св. Јован Крстител, во манастирот Св. Јован Бигорски.
    [​IMG]
    - Чудотворна икона на Мајката Божја, во манастирот Пречиста, Кичево.
    [​IMG]
    - Чудотворна икона на Мајката Божја, во манастирот Рождество на Пресвета Богородица, Калиште, Струга.
    [​IMG]

    Уште што има голема чудотворна моќ се моштите на светителите кои се наоѓаат во манастирите (ама не секој еден) и каде може човекот да се поклони и да се помоли пред нив, па така да го измоли застапништвото на тој светител/ка пред Бог.
    Манастирот Св. Георгиј во с. Рајчица, метохот на Св. Јован Бигорски, во тој манастир има мошти на Св. Георгиј.
    [​IMG]
    Во Бигорскиот манастир има доста мошти на многу светители: моштите на Св. Јован Крстител, кои се мироточиви и исцелителни, како и оние на Св. Марина, Св. Параскева, Св. Евстатиј, Св. Пантелејмон, Св. Јаков, брат Божји, Св Јулита и Св. Кирик, Св. Трифун и Св. Харалампиј, додека недостасуваат моштите на Св. Никита, кои исчезнале во времето на комунизамот. Сите мошти биле донесени од Цариград и биле подарени на манастирот од богати трговци.
    [​IMG]
    Мошти на повеќе светители има и во Лесновскиот манастир, но конкретко кои не знам. Потоа во манастирот Св. Архангел Михаил во Прилеп има мошти на Св. Козма и Дамјан и Св. Стилијан. Морам да напоменам едно чудо кое се случило по молитвите на една жена.
    Немала доста време дете, па и кажале за овој манастир и за моштите на Св. Стилијан (зашто тој е заштитник на децата), па заминале со сопругот да се помолат. По повеќе од 10 години брак, со уредни медицински анализи (која и самата била мед. сестра), добиле детенце, женско. Денес можеби тоа детенце е веќе голема девојка :) .
    Потоа уште едно чудо поврзано со овој манастир и порзано со тие мошти.
    Жената имала постојано спонтани абортуси, можеби 5-6 пати. Се помолила пред моштите и денес имаат прекрасно детенце :) .
     
    На princessp, Flower123123, душленце и 16 други им се допаѓа ова.
  3. samovilamila

    samovilamila Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    19
    серафима мн ти благодарам тоцно секоја црква иманастир имаат лековита мок но постојат места кои малку кој ги знае како црн камен во велес од каде тече вода и кога ке поминеш дали ке ти се исполни или не( не се секавам како беше да не згрешам)П
     
  4. B.Bulka

    B.Bulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    842
    Имам слушнато на телевизија, во Гостиварското село Долно Јеловце постои манастир посветен на Свети Илија, и во негова близина се наоѓа некој извор од кој тече лековита вода. Некое слепо момче го однеле до изворот , се измил со водата и одтогаш прогледало :)
     
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Драга samovilamila,

    Прости ми што ќе звучам како скептик, но Вистината е мојата најголема љубов, затоа што Бог е вистина и ги љуби вистинољубивите луѓе.
    До сега јас немам слушнато за некој евидентиран случај на некој болен, кој отишол во манастир, во некоја црква, пиел некаква „света вода“ или бацил некоја икона и потоа оздравел. Напротив, пред извесно време на вести кажаа дека 117 луѓе се затруле пиејќи „света вода“ во Русија.
    http://vecer.com.mk/?ItemID=764D66C972CB65409BBC0A15D0687594

    Јас имам многу пријатели доктори и сестри, а и мојата девојка студира медицина и тие ми немаат кажано за таков некој случај. Од друга страна јас се лечев од канцер од 2007 до 2009 година и на институтот за Онкологија запознав многу пациенти (од кои повеќето починаа) кои како давеници за сламка се надеваа на разни бајачи, природни лекови, одеа по манастири и во земјава и во Србија, но ништо од тоа не им помогна.
    А и не мора човек да се влечкал по болници за да знае дека таков евидентиран случај нема, бидејќи кога би имало, тоа би било хит на сите вести и весници, би се расчуло и во земјава и во странство. Но за жал сите вакви вести се од изворот „рекла казала“, „чула не дочула“, таму далеку некаде во некое село... Такви прикаски има и кај муслиманите и кај будистите и кај хиндисуте и кај суеверните селани кои поима си немаат од никоја религија. Во кое и село да отидеш ќе ти лажат дека таму некој се замил со некоја вода и оп чудо се десило. Но таков евидентиран случај нема.

    Ако некој мисли поинаку, нека ми каже еден евидентиран случај на некој пациент кој боледувал од некоја сериозна болест (со евидентирана историја на болеста во некоја клиника) кој по престојувањето во некој „лековит манастир“ оздравел.
    Немој да ме судите како некој неверник или богохулник. Јас сум само љубител на вистината објавена преку Исус Христос.
     
    На rose60, Bender Rodriguez и elisabeta им се допаѓа ова.
  6. the.child

    the.child Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    34
    сакав да ве прашам за мислење. на манастирот св василиј острошки во црна гора, и тој е исто така лековит манастир. и велат дека тие што направиле некаков грев се скаменувале на врата пред да влзиш таму. Има некој од вас некакви информации за ова?
     
  7. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    За лековитоста тоа е точно луѓе влегувале внатре во колички а излегувале на нозе,а ова со гревов прв пат го слушам,ако беше така и јас кога појдов ќе се скаменев :lol: не дека имам кој знае колкави гревови,ама сепак сите имаме по некој грев направено,нормално нели нема безгрешен човек 8)
    Не му се секирај оди слободно ако сакаш да го посетиш многу,многу убаво чувство е верувај ми ;)
     
    На Bitter-Sweet и the.child им се допаѓа ова.
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Така е! Манастирот се занимава со продажба на камени скулптури, оти сите што одат се скаменуваат... :D Што не ќе прочита човек. :) Ако беше така сега јас ќе требаше да бидам вграден во некоја куќа :) или да бидам поставен на некој плоштад. :)
    Шегата на страна. Свети Василије е голем помошник (исто како и светиот Наум Охридски) и Бог по неговите молитви прави големи чуда, ама до сега никој не се скаменил. Како и за секоја светиња, така и за Острошкиот манастир, пред да се посети потребно да се преиспитаме самите, да се исповедаме и по можност да попостиме неколку денови. Само така светителот ќе ја прими нашата молитва и ќе Му ја принесе на Бога.
     
    На Witchman, Bitter-Sweet, friendy и 2 други им се допаѓа ова.
  9. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Јас пак сигурна сум дека за да можеш да влезеш и да се помолиш во манастир доволно е да имаш чиста намера и силна желба за благородни мисли.
    Убаво е и да постиш но постот не е пресуден.

    Јас сум била во Св. Василије Острошки. И за мене овој Светец направи неколку чуда. И ми го подари најголемото чудо - љубовта моја, мојот партнер.
     
    На TrinityNeo, GirlLove, HUNK и 3 други им се допаѓа ова.
  10. the.child

    the.child Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    34
    Значи , и мене таа ми рекоа, заради тоа ве прашувам вас оние кои имате искуство можеби.
    како и секој жив човек, сите имаме направено гревови.. ама сакав да знам дали тоа што ми го кажуваа е мит или вистина.. :$
     
  11. adrijanka

    adrijanka Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    7
    Кога рекле се скаменувале, не мислеле буквално, сигурно.
    Некој така метафорично се изразил затоа што немал збориви да ја прикаже
    велеллепноста на благодатта божја која извира од тоа место.
    Нели некој некогаш вели, се скаменив од страв, на пример.

    Разбираш?
     
    На kva и the.child им се допаѓа ова.
  12. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Може ли некој да сфати каков е вкусот на јагодите само од објаснување и раскажување, се додека самиот не ги вкуси.

    Така е и со благодатта Божја. Се додека некој не ја доживее лично, по милоста Божја, не може никогаш да ги сфати доживувањата кои ги раскажуваат поклониците на бројните православни манастири и цркви, кога зборуваат за нивната лековитост.

    Да се помолиме за нив Господ да ги помилува :angel: и нив :) .
     
    На Bitter-Sweet, eticka, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.600
    Бев таму, немаше никој скаменет, а сите сме со гревови.
    Инаку, сите викаат дек молитвите им биле услишени, и скоро сите ги пратела среќа по посетата на манастиро. Но, желбата мора да ти е искрена и дане штети на друг.
    Инаку, луѓе спијат во дворот таму.
     
  15. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    ФОТО: Трудно дрво во скопско Бањани ги лекува неплодните жени

    На четириесетина минути оддалеченост од Скопје, на височините на планината Скопска Црна Гора, се наоѓа манастирот „Света Богородица". Во дворот на манастирот ќе го видите дрвото кое наликува на трудна жена, а за кое приказната вели дека им помогнало да забременат на многу жени кои биле неплодни, пишува Вечер.
    Можеби во ерата на модерна технологија за многумина оваа приказна би била неверојатна, но за домарот на црквата, дедо Милош, и за локалните жители оваа дрво им донело само среќа во домот на оние што го посетиле.

    Приказната за трудното дрво се случила пред две години, за кое, како што велат мештаните и домаќини на манастирот, им помага на сите коишто посакуваат, а не можат да имаат деца. Во дворот на манастирот седеле тројца мажи, дедо Милош, овчарот и уште еден нивни пријател, кога се појавил човек од Скопје, кој се претставил како Илија. Тој им раскажал на присутните оти сонил дека токму во тој манастир се наоѓа бремена жена. Тројцата мажи се насмеале и му кажеле дека тоа не е можно, бидејќи во манастирот има само мажи. Но, сепак Илија бил упорен и тврдел дека на ова место има жена која е во блажена состојба. Тој започнал да бара и го нашол дрвото кое личи на стомак на трудница. На дедо Милош и на неговите пријатели не им се верувало во тоа што го гледаат, а дедо Милош вели дека никогаш порано не го забележал тоа дрво, ниту пак неговиот израсток.

    - Многу години доаѓам тука, но никогаш не сум го видел дрвото. Откако го најде Илија, тој ни кажа дека тоа дрво ќе им помага на жените кои не можат да имаат деца и дека тука ќе доаѓаат да се молат. Ни кажа дека треба да го покриеме дрвото, да ставиме икона и крст кај што се наоѓа. Илија ни остави и молитва којашто треба да ја прочитаат сите кои ќе доаѓаат да побараат помош и ни објасни што треба да направат тие што ќе дојдат. На секоја жена која ќе дојде да побара помош, ние и кажуваме што треба да направи и не смееме никого да вратиме назад без разлика на нејзината националност и вера, раскажува Дарко К.

    Најпрво треба да се наполни вода од манастирската чешма, мажот и жената потоа треба да се помолат внатре во манастирот и да ја кажат молитвата, да ги замијат рацете со водата, потоа да се упатат кон дрвото и таму да го сторат истото. Од кај дрвото треба да си продолжат кон своите домови од друга страна, бидејќи не треба да се вратат повторно до манастирот штом еднаш отишле до дрвото, објасни Дарко.
    Тој вели дека голем дел од оние што го посетиле местото и сега имаат деца се вратиле со подароци за манастирот.
    - Од нашето село Бањани има девојка која остана бремена откако беше тука, а исто така има жени од Скопје и Велес кои останале бремени, вели Дарко.
     
    На rose60 и meckicka им се допаѓа ова.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Ова што го споделивте е чиста словенска паганштина и демонска превара! Место да се молат луѓето на Преслаткиот Господ и Бог наш Иисус Христос, на Мајка Богородица, на ангелите и светците, тие се молат на дрвото! Е не помага дрвото, ами Бог!
    Доколку имавме црковна - богобојазлива власт, ова дрво требаше до сега да се пресечи и спали, исто онака како што св. Методија и Кирил, ги сечеле и спалувале дрвата-богови меѓу словенските народи.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Се извинувам за дуплото мислење, но не можам да го редактирам повеќе претходното.

    Од житието на свети Константин-Кирил Философ Солунски, рамноапостол словенски

    Имаше кај народот Фулски голем даб, сплотен со цреша , а под него принесуваа жртви, нарекувајќи го Александар - и на женскиот пол не му било дозволено ниту да му пристапи, ниту пак (да принесе) жртви. И кога слушна за ова Филозофот, не штедеше мака и се упати кон него.И застана [свети Кирил, моја забелешка] сред нив велејќи:„Елините отидоа на вечни маки поклонувајќи се на [како на Бога] небото и земјата, толку големи и добри творенија.Така и вие, кои на вакво кутро создание, дрво,подготвено за оган,му се поклонувате, како може да избегате од вечен оган? "

    Тие му рекоа: "Ние не сакаме да правиме така, но (оваа практика) ни е од татковците, и затоа благодарение на него се исполнуваат сите наши барања, и повеќе има чести врнежи.А што сме направиле ние,што никој од нас не се осмелил да направи?Впрочем, ако некој се осмелува да го стори тоа, во исто време и смртта ќе не види, и така нема да видиме дожд до својата смрт. "

    Тој [свети Кирил, моја забелешка] им одговори со истата филозофија: "Бог говори за вас во Книгите, како може да го негирате? Еве,Исаија извикува од Господа, велејќи: "одам да ги соберам сите племиња и народи, и тие доаѓаат и ќе ја видат мојата слава, и ќе се постави знак на нив, и ќе појде спасението од нив кон народите: во Тарсис и Фул, и Луд , и Мосох и Фовел, и во Елада и на островите кои се далеку, каде што не го слушнале Моето име, и ќе влезе славата во мојот народ "
    Уште еднаш, рече Господ Седржителот:"Јас ќе испратам многу ловци во ридовите и карпите да ве фатат" Познајте го браќа Бог кој ве создаде.Еве го - Новиот завет, Божјото Евангелие, во кое што се крстивте. "
    И така, со слатки зборови ги убеди, им нареди да се пресече дрвото и да се изгори.Му се поклони нивниот старешина, и го бакна Евангелието, и после него сите .И земајќи бели свеќи од Филозофот, со пеење отидоа до дрвото, и зедоа секира и го удри Филозофот триесет и три пати, и нареди да се искорне со се корења и да се изгори.Истата ноќ падна дожд од Бога.И со голема радост го славеа Бога, и Бог силно се радуваше.
     
    На Bitter-Sweet и eticka им се допаѓа ова.
  18. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Според верата наша ќе ни биде. Треба да го бараме царството Божјо и се друго ќе ни се придаде.

    Секоја црква, секој манастир, секоја икона е чудотворна за вистинскиот верник.

    Голема почит и пклонение треба да им се оддава на светителите, односно нивните мошти.

    И уште нешто: ништо не е чудотворно за себичнниот човек, затоа што молитвата само за себе и својата среќа не е целосна. Прво отвори ја душата и помоли се за своите непријатели , па за пријателите ... со искрено срце и најпосле за себе!
     
    На Bitter-Sweet, meckicka и Orthophill им се допаѓа ова.
  19. sie

    sie Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    5
    сакав да ве прашам за острошкиот манастир како е таму како се оди дали треба да имаш постено или нешто слично исто така сакам да знам дали вистина на тие што одат со лоши мисли им се случува нешто
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Таа Сум

    Таа Сум Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Не постојат манастири со лековита моќ, постојат само лековити води и исцелителни икони. Манастирот како манастир може само мир душевен да ти даде.
     
    На biGirl и HUNK им се допаѓа ова.