Манастир свети Димитрија - Мироточиви, с. Селце Прилепско. http://markukule.mk/чудотворно-место-во-прегратките-на-пл/
За мене сите цркви и манастири се лековити. Лековити за душата на верникот, места каде чуда се случуваат. Но ако се мисли на лековити води, извори, исцелителни икони, чудотворни мошти, не би можела точно да посочам каде ги има, не сум дотолку запознаена. Во секој случај, посетата на било кој манастир и црква и молитвата која произлегува од чисто и од отворено срце, доволно е за чудо да се случи.
Препорачувам на секој кој има внатрешен немир или било каков проблем да оди на Острог. Бев 2 пати и не можам да ви опишам какво е чувството, кој мир ве обзема додека сте таму. После првото преноќување таму за неполн месец ја запознав мојата љубов. Здравје, планирам кога ќе затопли да одам уште еднаш.
Црн камен, кај манастирот Св. Димитрија во Велес Освен пишанаата легенда по интернет,дали некој има неккакво искуство? Од Велики Петок до Спасовден се оди. Но што се прави? Како помага?
глупости. бев таму. со каква енергија и желба одев мислев дека ќе полетам. осетив некое олеснување потоа се надоле надоле ми тргна, кавги дома, беспарица, ни дечко ни бутур, работата ми пропдна. море мрш се е маркетинг
тоа ми беа последно пари што заштедив веќе ништо. дечкото си најде друга, дома ќе се заколиме. маица од брат ми носев детето глава не крена, колата секој втор ден ја поправа цела плата на тоа ја фрли, татко ми дупло почна да се пијани, бизнисот надоле почна. ме одбија на оглас. дезинформации се дека ќе ти тргне
Одамна бев, има водопад. Се верува дека кога ќе поминеш низ водата, ако тече обилно демек било убаво, среќа е, ќе ти тргнеле работите. Пред мои очи две жени кога поминаа, водата секна. За дечиња дошле (немале деца) и баш една жена им кажа, штом водата секнала, не биле за таму - да си бараат чаре на друго место. Се оди првата недела после Велигден (петок ден да е) се вика Источен петок (Балаклија) се преспива во конаците, и утредента пред зори, мора да си таму (угорно е, може половина час се искачувавме). Се верува дека ако земеш каменче од тоа место, наредната година, мораш да го вратиш на истото тоа место.
Нема збор дека желбите треба да бидат реални, но и не треба човек да се потпре 100% дека ќе му се остварат. Факт е дека Манастирот чуда правел, оделе од каде не, и од каква не вероисповед, но дека со гаранција ги исполнува желбите, заблуда е дефинитивно.
Значи не е битно дали желбите се реални, туку дали се богоугодни! Пример, ние Го молиме Бога и бараме некој наш близок да се исцели од некоја тешка болест. Оваа молитва може да биде и богоугодна и не. Богоугодна ќе биде ако тоа го бараме од љубов кон нашиот близок, за да се исцели, да му биде подобро за да може и тој да дела добри дела, небогоугодна ќе биде ако тоа го бараме само за ние да не се мачиме грижејќи се за него и неговата болест. Христос ни кажа во Светото Евангелие: „Најпрво барајте го Царството Небесно, а потоа се` друго што ви е потребно ќе ви се придодаде!“, ама ние се` бараме, само Царството Небесно не го бараме и затоа Господ не ги услишува нашите молитви. Потоа битно е и како застануваме пред Бога за да се молиме. Да се запрашаме, прво и основно дали сме во мир со сите? Дали сме скарани со некого? Дали мразиме некого? Ако мразиме, дали работиме против него или пак се трудиме да му помагаме и да ја потиснеме омразата? Дали веруваме во Бога, дали ги знаеме основните работи од нашата вера? Дали се трудиме да ги твориме Божјите дела и Божјата волја? Ако сме православни христијани дали некогаш сме се исповедале и причестиле, дали постиме барем во петок и дали одиме во недела в црква, барем свеќа да запалиме?
Чуда, како не. Затоа при болести, поповите и останатите свештени лица се упатуваат кон клиниките. Скршнуваат од патот кон манастирот кој прави чуда, зошто ли ? Како наседнувате на маркетинг, возрасни луѓе во толкава заблуда, е жално за гледање од страна.
А значи така, болни луѓе и деца за кои семејства се молат и одат на секакви места - не оздравиле оти сигурно желбата не била со љубов, туку за да не се мора да грижат за нив. Ок. Желбата некој да оздрави во секој случај е хумана и добродушна. Ако како ваква не е богоугодна, пак многу зборува за карактерот кој му го припишувате на вашиот Бог. Али у секој случај алал да ви е како за сѐ имате оправдување во ракав...
И докторите и напредокот на медицината е од Бога. Барањето на чуда, за болести за кои има лек, личи на следнава ситуација: таткото им купува на децата клешта за кршење ореви, а тие бараат од него оревите да им ги крши со заби/раце. @Someonespecial за разлика од нас Бог знае се`. И она што се случило, и она што се случува и она што ќе се случи... И тајно и јавно. Кога ние би го знаеле тоа што и Он го знае, би осознале и колку е Он милостив, долготрпелив, полн со љубов и сочувство, но и праведен. Ние скоро ништо не знаеме, ама за кажување рамни ни нема. Се замислуваме, дека сме подобри од Бога, а да сме на Негово место, со сулфур и јаглен ќе гаѓавме по земјата.