1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Манастирот Св.Јоаким Осоговски

Дискусија во 'Религија' започната од snegulka21, 21 април 2011.

  1. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    92
    Кој бил да го посети овој манастир, ова прекрасно здание? Се наоѓа во близина на Крива Паланка, сместен во прекрасна шума. Место создадено за одмор, каде човек навистина може да го пронајде својот душевен мир, место каде може вистински да се одмориш само гледајќи ја околината. Би сакала да отидам таму на викенд но не сум сигурна дали треба предвреме да се најавиш за сместување во конаците и колку чинеше. Сум била еднаш и си ветив дека Морам да отидам повторно. Какви искуства имате вие и дали сте биле некогш таму?
     

    Прикачени фајлови:

    • joakim2.jpg
      joakim2.jpg
      Големина на фајлот:
      225,5 KB
      Прегледи:
      716
    На martinuska, Avril.09 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Не сум била, ама прекрасно изгледа на слики. Многу би сакала да одам, ќе предложам обавезно. Ако најдеш информации околу сместувањето те молам сподели ;)
     
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Сум била, пред многу време, и преубаво беше :)

    За сместување, па таму е планината Голак има куќички кои се изнајмуваат мислам :wasntme:

    Едит- сега гледам дека не е баш близу, ама знам ние кога бевме го посетивме манастирот и после спиевме на Голак :?: :wasntme:
     
  4. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Преубаво место. Кога бев 7 одделение бевме овде на екскурзија и прекрасно си поминавме, навистина е место создадено за одмор и релаксација.
     
  5. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    92
    Верувајте дека местото е преубаво, јас сум била на многу места на екскурзии нормално ама како овде нигде не е, сместувањето е во конаците на манастирот одма до него се тие, а има и ресторанче и мотел над манастирот, се што е потребно за вистински одмор се наоѓа таму, еве слика од конакот на манастирот, и знам дека сместувањето беше ефтино ми се чини дека кажаа дека е 300 или 500 ден од човек, ама не сум 100% сигурна, ако има некоја девојка од Крива Паланка нека ни каже ако знае за сигурно. Инаку за Мала Богородица е слава на овој манастир, тогаш е преполно со луѓе од цела Македонија и Бугарија :) Јас сакам со дечкото на еден викенд на отидеме па се распрашувам сега околу смештајот како е :)
     

    Прикачени фајлови:

  6. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Бев со родителите пред 10 години сигурно! Бевме со спиење, сместени во конаците.
    Единствено се сеќавам на фреските надвор, оние за смртните гревови.
     
  7. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    92
    Ете не знаев дека постоеле такви фрески, интересно, ако знае некој дополнителни информации нека ги спорели со нас :)
     
  8. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Еееееееее! НАЈГОЛЕМО БРАВО ЗА ТЕМАТА! Па што не прашате, горда паланчанка сум ви јас! :lol:
    Ова што го гледате е нашата најголема гордост. Си одиме секој викенд, прошетаме пешки.
    За велигден кружиме, за 1 мај одиме таму, но и погоре, накај Варовиште.
    Мир наоѓа човек овде.
    Е сега, за сместување, ќе прашам после моите и ќе ви кажам веднаш.

    Се израдував сега :$

    Едит. За 28ми Август ако доаѓа некој, обавезно ЛП! Тогаш има толпа луѓе и од странство и од овде.
    Собор ни е, и одиме нагоре. :hai:
     
    На spacegirl92, snegulka21 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  9. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    92
    Уф колку ми е мило што се најде некој од Паланка да ни каже нешто повеќе :) Да ги прашаш твоите и очекувам да ми кажеш подетално за сместувањето дали предвреме се резервира и колку чини, јас еднаш бев и свештеникот таму кажа убаво, но многу луѓе имаше и гужва па не разбрав убаво. Иако не сум од Паланка горда сум што постојат такви места во нашата Македонија, прекрасни, каде може мир да се најде :)
     
  10. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Сместување може и во манасирот да најдете. Има соби. А има и хотел Турист, кој е во центарот на градот. Ама мислам дека поскапо е во хотелот, а за во манастирот ефтино било, само за точна цена, повеќе ќе се распрашам. :) Чекам гости во Паланка!! :lol:
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    92
    И да се распрашаш Аврилче, оти тука има навистина заинтересирани луѓе ;) би сакала еден викенд да си поминам во конаците на манастирот, знам таму и ресторанче си има. Прашај и пиши нииии ^_^
     
    На Avril.09 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Јоаким Осоговски во топ 10 листа за туристички престој во светот

    Свети Јоаким Осоговски, манастир во Македонија е избран во топ 10 дестинации за туристички престој и спиење во избор на канадската новинарка Ребека Стивенсон која е вљубеничка во патувања низ целиот свет.

    Манастирот во Крива Паланка го избрала затоа што „ве носи во море од ридови и шума, во составот на манастирот има црква од 12-тиот век. Манастирот ви одзема здив и скандалозно ефтин“, напишала во својот коментар Ребека Стивенсон. Според неа ноќевањето во Свети Јоаким Осоговски чини само 7 долари.

    Во изборот на Стивенсон Свети Јоаким Осоговски е ставен на 4-то место. Единствена туристичка локација за која не е ставен веб сајт туку само адресата на и-мејлот на манастирот. Во изборот од 10 најдобри престојувалишта низ целиот свет Јоаким Осоговски е убедливо најефтино место каде што може да се преспие.

    На www.dailygleaner.com, веб страницата каде е објавена веста, главна слика на страницата е токму манастирот во Крива Паланка. Под неа пишува дека местото е душевно скривалиште со непобедлива цена за престој и одмор.

    По горда неможам да бидам! :sun:
     
    На душленце, shushu, Miss.Ricci и 3 други им се допаѓа ова.
  13. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Многу убаво место. Покрај Канео ова ми е второ најубаво место што го имам посетено во нашава земја. Немам престојувано подолго време, ама на еден ден прошетки одам редовно

    Ах штета, имам прекрасни слики, сакав да ставам ама неможело повеќе од 2мб
     
  14. butterflyyy

    butterflyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    59
    Минатиот викенд за Велигден бев во манастирот и преубаво си поминав, навистина е прекрасно местото
     
  15. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Многу ми е мило што читам позитивни коментари за нашиот ни убав манастир. Инаку Паланчанка сум и јас, сега веќе не живеам таму, ама додека бев средношколка, не пропуштав викенд или празник да не сум таму. Сега поради обврски одам само за 28 ми Август, а би сакала да можам почесто како некогаш. Кој сака нека повели, нема да зажали, едноставно е преубаво.
     
  16. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    92
    разбрав дека сместувањето чинело од 300 до 600 денари, во двокреветни, трокреветни соби и апартмани со посебна доплата и притоа со секоја соба имало кујна. Преефтино за едно такво прекрасно место. :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Девојки, знам дека е манастир и дека обично машките и женските спијат во посебни соби, но пак да си прашам- дали и овде е така, или можат пример маж и жена да се во иста соба :wasntme: ?
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира истото :?:
     
  19. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    99% сум сигурна дека може и машко со женско да си спие. Сепак не сме до толку. :lol:
    Нема да прават проблеми, со сигурност. ;)
     
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    :lol: Ливинг, знаев, одамна те пратам по темава, ама ти е срам да си прашаш а :D :*

    А бе сепак е манастир, јас знам за манастири каде што не е дозволено да се спие мешано, туку посебно спијат машки, посебно женски :wasntme:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.