Манастирот Св.Јоаким Осоговски

Дискусија во 'Религија' започната од snegulka21, 21 април 2011.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Покрај Лешок, Курбиново и секако Охрид кој комплетно ме смирува кога и да стапнам во градот, на листата на најомилени места во Македонија ми е и овој манастир.
    Преубава околина, преубав манастир. Кога бев во средно не носеа на екскурзии повеќе пати и фала им премногу за онаа политика на „запознај ја својата земја колку повеќе можеш“, затоа што носам прекрасни спомени.

    Не би се двоумела повторно да отидам, еве во некоја наредна прилика кога ќе треба да шетам некои пријатели од Странција.

    Магично и неверојатно смирувачки делува манастиров. Инаку да, не е дозволено заедно да спијат машки и женски по манастириве :)
     
    На Avril.09 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. majaaa

    majaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    26
    и јас сум од крива паланка така да кога ке посакате да не посетите пишете ми лп.инаку ако ве интересира нешто слободно прашајте,а за цениве ке се распрашам и ке ви пишам ..позз :* :* и верувајте нема да зажалите за избраното место(прекрасно е) :*
     
  3. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    Преубав манастир кои заедно со Св.Јован Бигорски ми се нај.

    Сакам да ги прашам тие што се од Паланка и тие што знаат дали има вистина во тоа дека секоја година на 28 август кога манастирот празнува, значи секоја година вечерта врнело и тоа било знак од светецот дека е тука. И точно ли е дека на тој ден обавезно неко умира и некој се раѓа?
     
  4. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Да сум била неколку пати и едноставно преубаво е :)
     
  5. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    93
    И мене ме интересира дали е вистина ова? Ајде Кривопалан4анки :) раскажувајте????
     
  6. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.786
    Допаѓања:
    24.953
    Хммммм... јас, иако сум кривопаланчанка, првпат слушам за овие преданија.... за дождот-да, речиси секоја година си врне како по традиција (последниот пат ако не грешам не врнеше)... а за ова другово стварно не знам... Ве чекаме сите за еден месец, не смеете да го испуштите празнувањето :) :) Поздрав
     
  7. LuisRoyo

    LuisRoyo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    12
    Не сум од Крива Паланка ама имам роднини таму и уназад не знам колку години идам за овој празник таму:) За овие работи првпат слушам, а минатата година сигурна сум дека не врнеше:) Не пропуштајте..овој датум се слави повеќе и од Нова Година во Крива Паланка..а за манастирот..прекрасен е :) Мислам дека од годинава повеќето средни училишта започнаа со екскурзии на Св.Јоаким Осоговски..фала богу..жално е да не се посети и запознае ова место:)
     
  8. LuDaChA22

    LuDaChA22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    29
    еве и ја сум паланкчанка :)
    прво за сместувањето: имате соби и апртмани од 300ден, 500 ден, и 600 ден. конаците кај манастирот мислам дека беа 300 ден., а горе кај ресторанот новите се 300 500 и 600ден. внатре има апсолутно се што ви треба. кујна, купатило, се опремено. има тв и интернет. на најгониот спрат има преубава тараса со директен поглед на манастирот, значи преубаво е таму. има и бифе и ресторани.
    за спиење машки и женски заедно незнам дали е дозволено.
    да, скоро секоја година врне за Богородица. оваа година не врнеше, ама пред две години знам дека само што отидовме до манастирот, запаливме свеќи и одма се вративме. мн врнеше.
    еве некои слики од таму. се надевам дека ке дојдете.


    имам слики и од собите, ама неможам да ги ставам. :^) која сака ке и ги пратам во порака. :)
     

    Прикачени фајлови:

    • 26062011155.jpg
      26062011155.jpg
      Големина на фајлот:
      434,9 KB
      Прегледи:
      238
    • 26062011159.jpg
      26062011159.jpg
      Големина на фајлот:
      519,8 KB
      Прегледи:
      238
    • 26062011171.jpg
      26062011171.jpg
      Големина на фајлот:
      681,4 KB
      Прегледи:
      238
    • 26062011175.jpg
      26062011175.jpg
      Големина на фајлот:
      526,1 KB
      Прегледи:
      238
    На shushu, martinuska и Serafima им се допаѓа ова.
  9. O.l.e

    O.l.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    6
    Поздрав до Паланчаните имаат преубаво културно богатство, сум била неколку пати на соборот, знам дека ноќе се оди, знам дека во конаците е ефтино преноќувањето и дозволено беше порано машки и женски да бидат заедно во иста соба ама без сексуални односи (се надевам дека никој не помислува на нешто такво таму ама мислам дека си кажуваат таму тие што ги издаваат собите), ова знам дека е така бидејќи моја другарка беше со дечкото на 2-3 дена и беа сместени во конаците

    Поздрав
     
  10. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Многу убаво место. Би сакала да го посетам :)
     
  11. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Преубаво место :inlove:
     
  12. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Многу го сакам манастиров од сите што ги имам посетено низ Македонија овој ми остави најголем впечаток и можам да кажам дека е преубав и вреди да се посети :)
     
  13. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Манастир св.Јоаким Осоговски

    Сместен на 3 км од Крива Паланка се наоѓа на надморска височина од 825м. Подигнат е на остатоци од стара црква која датира од XI век. Манастирот плени со својата духовна, архитектонска и уметничка вредност. Во манастирскиот комплекс покрај конаците има и две цркви посветени на св. Јоаким Осоговски и св. Богордица, камбанарија со заедничка гробница во темелите, зграда за премин, зграда за туристи, летна градина и кујна, нова гостилница и резиденција на МПЦ. Во неколкуте манастирски комплекси постојат и околу 120 легла за сместување.
    Може да се контактира преку телефон и да се добијат информации за цените кои се различни од видот на сместувањето и има услови за сечии примања. Јас не сум спиела таму , но неколку пати см била со колективот на по еден ден и да ви кажам што е и како е , не можам. Таа божја убавина и чудо треба да се видат и доживеат.
     
  14. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    1.486
    Манастир Свети Јоаким осоговски

    Одамна сакам да го посетам манастирот св. Јоаким Осоговски близу Крива Паланка. Ме интересира дали е тешко да се стигне со кола? Ако се оди со автобус, како до манастирот? Дали може да се преспие таму? Ако знаете или имате искуство со посета, ве молам пишете...
     
  15. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.858
    Допаѓања:
    3.238
    Манастир Свети Јоаким осоговски

    Никако! Патот е прекрасен, асвалтиран! Комотно со автомобил до манастирот ќе стигнеш. И автобус, исто така може директно до таму.

    Пиши ми приватна порака, вистинска личност сум за информациите кои ти требаат. Лично се знам и сум пријател со сите кои работат таму.

    Сум спиел 1000000 пати, сум бил на викенди и одам многу често. Прекрасно е и препорачувам на сите вас да одите ако имате можност, и тоа со барем едно ноќевање, за да ја почувствувате целата енергија која тоа место ви ја дава. Не се опишува тоа со зборови и ако отидете ќе сфатите за што зборувам.
     
    На Prijatelot му/ѝ се допаѓа ова.
  16. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.524
    Пол:
    Женски
    Мора да отидете и да преспиете, прекрасно е.
    Има два конаци, двата се чисти, горниот е понов и собите се прекрасни.
    Не е скапо а дефинитивно вреди, се одмораш и полниш батерии, прекрасно е за спиење.
     
    На SignorinaB му/ѝ се допаѓа ова.
  17. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    Планира ли некој да оди оваа година? :) т.е. за 2-3 дена е тој собор,но јас сакам преку ден да си идам,многу метеж не сакам :)
    Инаку имаше нешто таму не се сеќавам перница ли беше,ако знае некој повеќе за тоа нека ми каже,бидејќи не се сеќавам,одам 3 години по ред,но не се интересирав за тоа тогаш многу :)
     
  18. odbojkarka

    odbojkarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Ајде да ја размрдаме темава малце повторно. Планирам да одам таму на неколку дена и да ги наполнам батериите од прекрасната природа таму. Колку им се сега цените за ноќевање во конаците и солени да не им се малце цените во ресторанот?
     
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.524
    Пол:
    Женски
    Во зависност од тоа дали ќе се сместиш во стариот или новиот конак, варираат цените.
    Има од кај 200 па до мислам 600 денари од кревет.
    Вака барем беше лани, ама не верувам многу да се сменило.

    Имаат фејсбук страница, можеш да се јавиш.
    Инаку океј се цените во ресторанот, ама во Крива Паланка што е на пола саат пешки има супер ресторани за многу пониски цени :)
     
    На odbojkarka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Paolita

    Paolita Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    Ако се оди со автобус кога има автобус и од кај тргнува. Не сум од крива паланка, со автобус од скопје треба до автобуската во крива паланка па потоа од таму да фатам автобус до манастирот или како?