Прво, да си кажам, местово ми е едно од омилените на планетава. Имам голема желба да го посетам повторно бидејќи помина доста време откако сум била па сеќавањата ми се некако бледи. За жал, пред неколку години се соочи со пожар, но повторно блесна со својата убавина. Исто така сум слушала за лековитите води, масла и многу други работи околу тоа. Па доколку некој има некакво искуство со тоа може и да сподели Споделете ги и своите импресии Во спојлер неколку сликички Спојлер
Дали и колку се наплаќа влезница на странски туристи кои летно време доаѓаат да го разгледаат манастирот? Благодарам однапред на информацијата.
Во манастирот не се наплаќа влезница. Луѓето оставаат и некоја паричка, кој повеќе, кој помалку и така. Доста од нив оставаат и златни предмети. Инаку што се однесува до манастирот е навистина едно преубаво место, вистински рај за душата...
Бидејки сум од тој дел на Македонија,морам да си се пофалам стварно Бигорски е едно преубаво место манастирот и се околу. Го посетуваат сите без да се наплати,бидејки има што да се види.
Јас припагам на друга религија( не сум ја избрала, ете од рагање ) Ама ги почитувам сите свети места, сум посетила многу од нив, и Манастирот Бигорски... Ми носи мир во срцето тоа место.....
Манастирот и природата околу се преубави,но убавината на литургијата таму,неможе да се мери со никоја земска убавина.
Незнам ни самата зошто сеуште го немам посетено,но во најскоро време и тоа ке биде реализирано. Претпоставувам дека е рај како како за очи така и за душа . Од толку раскажување и зборување за него се чуствувам како веќе да сум била таму. Манастирот во 1912 година http://www.bigorski.org.mk/biblioteka/F ... index.html
Пред 1 месец имав можност да го посетам манастирот и да ви кажам тоа е еднопрекрано место, а она што ме воодушеви беа резбите внатре во манастирот,се на се преубав манастир ако имате можност да го посетите воопшто не се двоумете.
Навистина мнигу би сакала да одам во Бигорски и јас и ве замолувам кој знае за организиран превоз или преку црква, или агенција или слично веднаш нека каже. Јас залудно барав. Има од Агенцијата Фибула, ама тргање и враќање од ОХРИД.а јас сум во Скопје.
Би требало да има организиран превоз за бденијата. Следни бденија се на Успение на Пресвета Богородица(28. август) и свети Јован Посен(11. септември).
Јаседвам чекам да одам во манастирот Бигорски, но и сакам да посетам уште многу други. Есега проблемот е што не возам, и ми треба организиран превоз. Дома не се сите заинтересирани како мене или неможат поради други обврски да одат. Мене ми е непријатно да молам роднини или пријатели да ме носат. Верувам дека и многу други се во иста положба како мене и затоа би требало или црквата или агенциите да организираат превоз во сабота или недела до нашите манастири, да се направи реклама, односно јавно да бидат достапни информациите за дестинациите, датумите и цените, како секој од насна големо задоволство би можел да си ја оствари својата желба.
Сум била неколку пати, последно бев за венчавката на мојата сестра пред 3-4 год., прекрасно место рај за очи и за душа, би сакала пак да го посетам некој ден.Можам да кажам дека е меето кое ме воодушевува со сета природна и духовна убавина.Сите кои не биле да го посетат поскоро Поздрав.
Ние бевме сега брзо таму на екскурзија, а бевме и во Рајчица. Прекрасно е вреди да се посетат двете места.
zosto 3 cesmi na vlezot se zmejovi ?ne mi se dopadna toa ,zmija i zmej neli se demonski raboti na ikonite eve na primer imam ikona so Sv.Gorgija i na nea toj so kopje go proboduva zmejot ,zatoa koga gi vidov cesmite zmej vo Bigorski se zbuniv da vi kazam,ako saka nekoj da mi objasni.
Од естетски причини. Зарем се` мора да има некоја симболика? Иако змејот има и одредена симболика на иконостасот крај крстот под нозете на Богородица, тој змеј е змијата која ја прелага прабаба Ева, а на чија што глава стапна Пресвета Богородица раѓајќи Го Христа Бога. Змијата исто така е симбол на мудроста (на владичките стапови - жезла, владичките столови и сл.). Христос во светото Евангелие вели: „Бидете мудри како змии и незлобливи како гулаби“.