Манастир Св.Јован Бигорски

Дискусија во 'Религија' започната од Miss.Ricci, 2 март 2013.

  1. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Нас не ни дозволија, јас спиев во Рајчица, сопругот во Бигорски, и тоа бевме со колеги на сопругот што сите ги знаат таму, криво ми беше што имаше пар што спиеа во Рајчица, треба истото да важи за сите.
     
  2. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.085
    Допаѓања:
    17.200
    Пол:
    Женски
    @Pa8la а зошто за едни може, а за други не? Прашувам зашто никогаш не сум била.
     
    На Pa8la му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Не знам ни јас тоа, мене ми кажале дека во Бигорски можат жени да преспијат ама само два дена и за празникот, и мене чудно ми беше, пример не мораше ни во иста соба да спиевме. Морало благослов од отецот, така слушнав. Инаку прекрасно е, Бигорски е поголем од Рајчица, ама Рајчица некако има посебна убавина, се гледа и Дебарско езеро, многу убав поглед има.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SkBoy20

    SkBoy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Машки
    Дали има некој превоз од Ск до Бигорски?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.976
    Допаѓања:
    4.823
    Пол:
    Машки
    И организиран има, а може и со комбињата за Дебар.
     
  6. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    Видов на страницата дека има контакти од повеќе отци во манастирот. Сакам да прашам, дали треба претходно некаква најава за да може да се побараат или може било кој? И во кое време е соодветно? Би била благодарна ако некој сподели искуство. @Orthophill дали ти е познато?
     
  7. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.391
    Пол:
    Женски
    Морате да се јавите ако сакате да преспиете во манастирот, ако не преспивате секако можете кога сакате.
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  8. praski4e

    praski4e Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    1.433
    Пол:
    Женски
    Ние пред 4 год бевме и преспавме во Бигорски. Тогаш спиење ни наплатија по 300 ден од човек сега знам е поскапено.
    Многу е мирно убаво присуствуваме и на ноќната литургија е тоа е ежење многу убаво чувство.
     
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.391
    Пол:
    Женски
    Ама во новиот конаци што е надвор од манастирот?
    Никогаш не ни наплатиле нас, одеа и едни роднини поради детето, им понудиле пари, отец Партениј не сакал да им земе, им кажал "чест ни е што ни бевте гости".
    И во Рајчица имам спиено и не ми наплатиле.
    Знам многу одамна во Осоговски преспивање беше 200 ден., сега не знам колку е, ама во Бигорски никогаш не ни наплатиле, ниту во Рајчица.
     
  10. praski4e

    praski4e Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    1.433
    Пол:
    Женски
    Не во новите ние во старите спиевме внатре во склоп на манастирот. Сега во Осоговски е 600 последно што знам. Тоа е супер ама изгледа кога бевме ние во коронаата имаше навала и затоа ни наплатиле нз.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.591
    Допаѓања:
    8.364
    Пол:
    Женски
    Жени, дали е дозволено и мажи да преспијат таму? И колку е ноќевањето? Има ли оброк? Ви благодарам.
     
  12. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.805
    Допаѓања:
    8.671
    Пол:
    Машки
    Зошто да не би било дозволено?
    Мислам дека ноќевање не наплаќаат, ама побрзо бинго ќе ти падне, отколку да најдеш место.
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Navina

    Navina Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2024
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    после утринска молитва и литургија има доручек. Ние сега бевме, доручекот беше во 9:45 мин

    ручек е после вечерна молитва која почнува во 16:00 часот, значи откако ќе заврши тогаш.
    Исто така во куќата на Мијаците има превкусно јадење и преубаво кафенце.
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.805
    Допаѓања:
    8.671
    Пол:
    Машки
    Во Куќа на Мијаците со цените, не во облаци, туку летнаа до Месечината. Јес да е вкусна храната, амбиентот одличен, те служат во традиционална мијачка носија, ама цените станаа изгор. И богаташите почнаа да ги избегнуваат.
     
  15. Navina

    Navina Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2024
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Исто така во куќата на Мијаците има превкусно јадење и преубаво кафенце.
    Да, храната е супер. Ставаат повеќе во тањирите. Салатата пример е голема, си вреди за парите. Е сега нема мн опуштање хехе
     
  16. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.805
    Допаѓања:
    8.671
    Пол:
    Машки
    За таа цена што ми ја нудат, ќе јадам во Мечкуевска куќа Пуже, Лебедово езеро, Електра Гарден, Ореов Лад, Парк Гиновци, Облаче, и ќе се превртам од маса од јадење. Има и на други места доволно големи порции за цената.

    Умешноста не е во големината на порцијата, туку како е зготвено и во квалитетот. Џабе е кога ќе ти направат шопска салата за 5 души, а вие двајца. Џабе е плескавица од пола кило, а си нарачал и мезе и салата, па од предјадењето ќе се најадеш и плескавицата ќе ја оставиш за да му ја дадат на Џеки.

    Кога бев во Италија во Милано, седнав на пешачката улица во градот. Седнав да јадам пица и во менито немаше да си бираш големина. Една големина беше, како за еден човек. Кога ја донесе и ја изедов, таман ми беше, без да ме прејаде. Така треба да биде и во македонските ресторани. Не е суштината во обемот на порцијата, туку во квалитетот и подготовката. Барем за мене е така. А има некои што очекуваат и бараат плескавица од пола кило и компири пирамида во тањирот.
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.