Buonasera, signore e signori После евровизиската рок еуфорија, целосната доминација и заслужената победа, дечките од Монескин редно е да имаат посебна тема на форумов. Монескин е италијанска рок-група од Рим, која ја сочинуваат главниот вокал Дамиано Давид, басистот Викторија Де Анџелис, гитаристот Томас Раџи и тапанарот Итан Торчио.Бендот пред да стане славен настапуваше на Виа дел Корсо, главната трговска сообраќајница во центарот на Рим. Учеството на Евросонг е благодарение на победата на италијанскиот познат фестивал Сан Ремо, чиј победник од овој фестивал заминува да ја претставува Италија на Евросонг.Монескин“ го освои Санремо оваа година со истата песна "Zitti E Buoni" со која тотално издоминираа на сцената во Ротердам и ги заразија цел свет со нивната песна. За себе велат дека нивната музика е инспирирана од 70-тите години, чиј звук се обидуваат да го вратат во сегашно време, а тоа го покажуваат и со сценските костими, кои се инспирирани од „Ролинг Стоунс“ и „Дорси“, Дејвид Боуви и Иги Поп. За мене самата песна е заразна за слушање, целокупно на сцена изгледаа како да си на некој концерт на некој светски бенд со што оставија поголем впечаток од било кој друг настап во последно време. Не се сеќавам некогаш да сум била толку заразена и преокупирана со некоја музичка група, ги заследив на Инста, се живо и диво превртив од нивни настапи на Јутуб па и цели плејлисти на Спотифај. Parla la gente purtroppo parla, non sa di che cosa parla!
Толку хипнотизирана не сум била досега од никој артист, група, нивна музика. Толку моќен вокал, таков секси глас, таква енергија, харизма, групата во целост е бум. Му ги изгледав сите настапи на јутјуб шо му се, на инста ги заследив Најмногу ми е ќеф шо почнале од улица, без никого, сами, мн млади и со својот извонреден талент каков успех постигнуваат. Јас сум многу заразена со нив и се надевам дека еден ден ќе ја имам чест да бидам на нивни концерт Како порано не ги знаев Шо му мислам на пејачот е друго хахахха Каков глас има
Фала ти Евровизија што постоиш за да дознаваме за вака исклучително добри изведувачи и групи Страва добри песни и вокал. 2 недели ми се на рипит нивни плејлисти и песни, особено Zitti e Buoni, Torna a Casa и I wanna be your slave
Обично не сум голем фан на Евровизија, но годинава гледав пошто искрено немав идеја како да го потрошам попаметно времето. Голем фан сум на италијанската музика и сè што е поврзано со Италија, така што бендов си доби посебно место во моето срце и ветувам дека ќе ја исслушам цела нивна дискографија. Башка Дамиано is such a babe.
Прејаки се, после евровизијава почнав и другите песни да им ги слушам и многу ми се свиѓаат. А особено за Дамиано имам да кажам колку е секси и харизматичен човеков, абе неодолив, мислам дека сум благо опседната. А да, очекувам и да направат концерт во близина.
Песнава ме прај да сум перверзно дрзок и валкан на јазик. Ме намовнува ми иди да го измавам, оргазми. hahahah Не, сериозно, заразна им е ептен музикава и гласот негов, алал да му е.
Ќе ви пренесам цитат од мојата најдобра другарка, со кој апсолутно се согласувам: Нема дупка која не би му ја препуштила на овој.
Дечкиве ги знам од лани, ги открив кога беше карантинот, мило ми е што ги знам од тогаш Кога видов дека ќе ја претставуваат Италија знаев дека ќе растурат ама дека ќе победат? Па ова беше врв и мило ми е што после победава станаа познати и надвор од ИТ и што има се повеќе и повеќе што им се свиѓаат и тие и нивната музика
Добра им е музиката, ама најмногу ми се допаѓа тоа што се open - minded како група. Им ги гледав настапите, заедничките моменти, и ми се допаѓаат со сета своја експлицитнa енергија. Мислам дека Викторија е многу побрибрана за разлика од момциве. Не знам зошто, ама ептен cute енергија ми вибрира. А, овие тројцава се гледа дека се дивјаци. Which i like it.
na ova li ke gi ucime decata, maski so stikli, zeni vo pantoloni???? se znaese porano red i poredok, se prakaa poraki za normalni vrednosti preku gospoda i dami kako vlado janevski i dana internesnl sega masonosatanistite se ni izburickaa ccccc
Е сега сама си го донесе муабетот, пред Дамјано па и пред Кончита, Верка итн.. првиот маж со штикли на Евровизија бил/а баш дамата што ја спомна ти Дана Интернешнл. Колку за информација Дана Интернешнл прво била господин пред да стане дама
Ова прво не е од вчера, впрочем во минатото имаше повеќе glam rock бендови, почнувајќи од 70-те со баш ваков и многу поексентричен изглед, со штикли, светкави сакоа, тони шминка. тантели... Тука се вбројува и еден сер Елтон Џон, Квин,Кис, Ти рекс, имиња со кои голем дел од нас израснале. И Фреди бил геј и Елтон Џон исто, па зарем за тоа нема да ги слушаме? На крајот, ако се поврзувам со музиката немам што да се замарам со нечиј приватен живот, пороци, врски и слично. Се согласувам дека Евровизијата одамна нема што многу вредно да понуди, но не поради ова, туку поради нискиот квалитет на музика што обично се нуди. Оваа не ја ни проследив освен крајниот дел кога ги прикажуваа песните на кратко, а за чудо баш овие италјаниве ги фатив.
Јас не сум фан на овој стил на музика, мене од песната ме боли глава. Ниту неговиот стил ми се допаѓа, ама вчера отворив да видам како изгледал пред овој стајлинг и изгледал многу подобро и секси. За вкусови не се расправа па затоа и самата тема не е за мене.