1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Манипулативни трикови како да победите во расправа според Шопенхауер

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Keanu_R.Wick, 25 октомври 2019.

  1. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Преземено од www.fakulteti.mk

    Разговорот помеѓу двајца неистомисленици понекогаш може да биде продуктивен во смисла на усвојување нови ставови, коригирање на мислењето или промени во поглед на предметот на расправата. Но, што ако главна цел на соговорникот е да го победи противникот или да биде во право по секоја цена, без разлика на вистината?!

    Вакви примери најчесто можеме да сретнеме во политичките ТВ-дуели каде што во практиката можеме да видиме како Шопенхауеровата „Еристичка дијалектика“, односно умешноста на водењето расправа или препирка, изгледа на дело.

    Имено, германскиот филозоф Артур Шопенхауер во своето дело прикажува 38 манипулативни трикови како соговорникот секогаш да биде во право, дури и кога не е. Поточно, станува збор за трикови кои помагаат соговорникот да изгледа дека е во право, но не и вистински да биде така. Наведените трикови Шопенхауер ги објаснува, но не ги препорачува. Можеби тоа е една од причините што делото „Еристичка дијалектика“ и не е објавено во текот на неговиот живот. Некои од тие трикови се:

    – да се нападне ставот, но доколку не може да се побие, тогаш да се нападне личноста што го изнесува тој став, односно вниманието да се пренасочи кон личноста на противникот;

    – изјавите на противникот да се стават во поширок контекст бидејќи на тој начин се попогодни за напад;

    – директно да се изнервира противникот, односно да се предизвика бес кај него;

    – да се карикираат тврдењата на противникот со цел да се предизвика смеа кај публиката итн.


    Меѓутоа, за разговорот да биде продуктивен, соговорниците мора да бидат на исто ниво со интелект и знаење, во спротивно разговорот ќе се сведе на бесмислено расправање, каде што аргументите ги заменуваат фактите. Токму тоа нам нè наведува на прашањето дали е поважно што зборуваме или со кого зборуваме? Според Шопенхауер: „Оној што е паметен, во разговорот помалку ќе мисли на тоа што го зборува, а повеќе на тоа со кого разговара. Ако постапува така, може да биде уверен дека нема да каже ништо поради кое подоцна би се покајал“.
     
    На sj *O* и WildMk им се допаѓа ова.
  2. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Баш исто како во некои неодамнешни "дискусии" со неколку форумџики :) а се надевав дека не постои тоа т.н. еристичка дијалектика.
     
  3. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Ако некој викаат со траење и ќутење ама не е така на некои личности треба да и еб.. матер :D за да не провоцираат повторно.
     
    На ku4ence, Prijatelot, Adorabela и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Требало така да направам честопати.
     
  5. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.600
    Допаѓања:
    34.218
    Мисламммм, знаеш дека има живот надвор од форумов, така?

    Едит.

    Не знам шо се замараш. Скоро секоја тема за форумџиките ти е, секој пост за форумџиките ти е.

    Ако си дошол тука за сите да те тапшаат по грб, си се зезнал.
    Мислам, ако очекуваш било каде сите да се на твоја страна, си се зезнал.
     
    На Профил, Leviosa2503, calliope и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Апсолутно. Зошто да губам време на "новото момче на Карлеуша" вести, кога може да влезам на форум два часа дневно?

    Без оф топик. И без често редактирање.
    Тапшање по рамо добро ќе ми дојде, ме разоткри :)
    Добра ноќ.
     
    На hellocity му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не сум знаела дека има и за ова теорија, ама не сум ни изненадена.
    Ме потсети на политичка дебата.
    А ко шо сме сите по политика тука, истото и во секојдневен живот го применуваме.
     
    На Keanu_R.Wick му/ѝ се допаѓа ова.
  8. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.242
    Допаѓања:
    4.756
    Пол:
    Женски
    Ете што му е него во главата и тоа на женски форум за дискусија- I called it.Ваквите мали човечиња кои посегаат по манипулации и единствена цел им е секогаш да се во право и победат во дискусија поготово кога и самите не се во право/знаат дека не се во право се тоа-мали човечиња. Нормален/вистински паметен човек нема потреба од трикчиња(и манипулации) се служи со вистината како оружје и свое мислење/гледиште и во дискусија никогаш не губи или ќе помогне на некого ,или ќе добие нова информација за темата на дискусија ;)
     
    Последна измена: 25 октомври 2019
    На Профил, najjacha и Keanu_R.Wick им се допаѓа ова.
  9. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Според мислењето на Шопенхауер, да се победи една вербална дебата, особено пред публика, е многу поважно отколку да докажеш дека си во право.

    Ова е поради фактот што публиката може нема да биде заинтересирана за вистината на прашањето, туку само вербалната расправа, и поради тоа не го поседува трпението, знаењето или вештините за да ја следат демонстрацијата.

    Додека ова ја претставува филозофијата на Шопенхауер во врска со користење на "cheap moves" при дебатирање, истовремено се манифестира човековата вродена суета, која е особено подложна на интелигенција, не сака да прифати дека она што страната го тврдела да се идентификува како невистинито против аргументот на противникот.

    Со други зборови, станува збор за борба против логиката како класичен метод за доаѓање до вистината, преку употреба на дијалектика, која патем е мотивирана од фактори за интелектуално послабата страна да се стекне со лажна доминација која би се перцепирала како валидно постигнување од аспект на социјалната антропологија.

    Додека ова од една страна е разбирливо со оглед на фактот дека човекот претставува социјално суштество чија благосостојба и опстанок зависи од хармоничен однос со останатите членови во човековото општество, сепак од друга страна, не значи дека истото треба да биде поддржувано или прифатено.

    Освен тоа, онаа публика која е доволно едуцирана за спорното прашање и е запознаена со правилата на дебатирање, секогаш ќе успее да го препознае и отфрли овој нецивилизиран метод. Така, овие манипулативни трикови можат да предизвикаат "backfire" и со тоа противникот уште повеќе да ја истакне својата интелектуална инфериорност, истовремено намалувајќи ја својата вредност и достоинство како индивидуа во очите на човековото општество.

    Veritas omnia vincit...
     
    На ku4ence, candy.cane, Keanu_R.Wick и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.798
    Пол:
    Женски
    Лол.
     
    На Alisa22, Someonespecial, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    ,,Победувањето" во случајов е дискутабилен поим. Повеќе би рекла дека ова се life hacks за како да ги имресионираш комшиите и најчесто се користат во несериозни дискусии и дискусии чија цел е се shits and giggles и забава, а не логичко докажување.

    Набројаните поими се едни од најчестите fallacies кога се работи за официјална дебата и баш не се трикови за победување, туку за загубување. :D

    Морам да кажам дека има разлика кога луѓето прават вакви потези во официјален сетинг или во лежерен.
    Кога си на вистинска дебата, противникот (со право) претпоставува дека ги користиш најсилните можни аргументи. (Не ти оди во прилог да не го користиш најсилниот аргумент.) И сега ако ти истапиш со fallacy ко најсилен аргумент, автоматски губиш. :D

    Од друга страна, во неофицијална дебата, (како на пример двајца пијаници во 3 ипол сабајле во вмро-сдсм спор), користењето трикови (фенси кажано fallacies) не укажува толку на вистинитоста на тврдењето колку што укажува на менталната ограниченост на оној што ги користи. Со други зборови, можеш и да си во право, а сепак да немаш појма како да докажеш.
     
    На prominent, Briar Rose, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    35.974
    Еми сја...така и трампизмот победи во јуесеј...
    Плус едуцирана особа нема да се насанка на овие трикови...
     
    На candy.cane и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.090
    Допаѓања:
    163.462
    Пол:
    Женски
    А според кој филозоф е оној трик кога немаш аргументи, па се жалиш на трикови, посебно напаѓање на личноста (или фенси кажано ад хоминем)? :D За двајца другари прашувам, едниот веќе е присутен на темата, т.е. он ја отворил... :D
     
    На Профил, ku4ence, Nigredo Odor и 4 други им се допаѓа ова.
  14. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.242
    Допаѓања:
    4.756
    Пол:
    Женски
    Само да додадам.во дискусија нема потреба да ја докажуваш твојата поента доколку си навистина сигурен/на во иста и туѓа способност/неспособност да разбере апсолутно не зависи од тебе и е твој проблем и одговорност, нити пак отсуство /ограниченост на разбирење ќе направи твојата поента да исчезне доколку е вистинита. Доколку постојано имаш потреба да ја докажуваш твојата/ите поента/и онда треба да седнеш и расчистиш сам со себе да видиш дали позадината е несигурност/проблем со его и во тој случај не си ништо повеќе од овој другиов.Не навлегување во длабока дискусија со ограничени умови е единствениот и најдобар трик што можеш да го користиш во твоја полза
     
    Последна измена: 25 октомври 2019
    На Keanu_R.Wick и Dentina им се допаѓа ова.
  15. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Дебата претставува строго логичка меѓусебна дискусија за одреден предмет за да се утврди ставот или перспективата или аспектот на засегнатата материја што е најпрогресивна во неговата карактеристична особина.

    Оттука, целта на дебатирањето е да се дојде до заклучен поим за одредено поставено прашање, односно поддржување или спротиставување на она кое прашањето го сугерира, кое истовремено се однесува на развојот и интелектуалната логика.

    Според ова, мислам дека и самиот термин "победување" може различно да се интерпретира и истото зависи од природата на спорното прашање за кое се дискутира.

    За одредено неутрално прашање кое не претставува универзално признат факт и содржи поделени ставови, смислата за "победување" на одредени страни може да претставува обид за да го убеди противникот да се согласи со неговото гледиште. Но во овој случај вистината, односно реалноста претставува само субјективна перцепција.

    Меѓутоа, на пример, доколку се дебатира на прашањето: "Дали Земјата е рамна?", тогаш луѓето кои аргументираат во полза на гледиштето кое се спротиставува на универзално признат факт, имаат тенденција да го манифестираат однесувањето познато како "fact blindness", што значи дека тие нема да се предомислат дури и кога им се претставени неоспорни факти.
     
    На Профил, Angie1432, Keanu_R.Wick и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    35.974
    "Амин" - рече атеистот...( чедо, во право си......на тоа мислев)
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Шопенхауер е крив! :)
     
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.691
    Пол:
    Женски
    Си користам свои испробани трикови за да победам во расправа
     
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Кијану друже, Шопенхауер има околу триесет и осум ,,трикови" за кои знаеме според изворна литература, и тоа не се манипулативни, туку легитимни, користени при дебата со намера да се утврдат аргументативната објективна и субјективна филозофска вистина.

    Овие три што си ги одбрал, смеам да прашам зошто ги сметаш за манипулативни?
    Сакаш вистинска литература линкирана по поштенско сандаче, пошто имаш многу грешки во постот а ме мрзи да коригирам и објаснувам.
     
  20. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    35.974
    Дај сподели литричр Нигредке. да се образујемо и оБЕЗОБРАЗујемо.