1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Маните на хороскопските знаци

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од julie77, 20 ноември 2012.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Пет карактеристики на секој од хороскопските знаци кои со сигурност ќе ве натераат да се чувствувате како да сте во пеколот. Множеството на сите пет карактеристики се ноќна мора за секоја врска, па искрено се надеваме дека вашата друга половина ги нема, барем не сите негативни карактеристики. Кој од знаците ќе полуди доколку му направите неред во станот, кој ќе флертува со вашиот/ата пријател/ка ќе дознаете во следниот прилог:

    ОВЕН

    Личностите родени во овој знак се препознатливи по својата импулсивна природа! Би било добро доколку поработат на контрола и ублажување на моментите поттикнати од нивната неконтролирана лутина и бес.

    Да се биде во врска со личност припадник на знакот овен значи да бидете во врска со незрела и наивна особа, па затоа понекогаш ќе го имате чувството како да си имате работа со тинејџер наместо со зрела личност.

    Сакаат да истражуваат и се впуштаат во откривање на нови работи, но не секогаш може да очекувате дека ќе ги довршат до крај, бидејќи во меѓувреме нивното внимание може да биде насочено кон нешто сосема друго.

    Имаат големи проблеми со трпението.

    Важат за себични личности со ограничени сфаќања на работите, па затоа немојте и да се чудите доколку не го разбираат вашиот поглед на работите.

    БИК

    Биковите се општо познати по својата тврдоглавост, па затоа и немојте да очекувате доколку навлезете во конфликт со личност припадник на овој знак дека ќе бидете вие оние кои ќе бидат во право. Тие едноставно не попуштаат.

    Им посакуваме среќа на сите оние кои се дел од животот на овој знак, во поделба на задачите во едно домаќинство и заедница, тие едноставно ќе се сместат на креветот посматрајќи како вие чистите и работите.

    Нивните потреби секогаш ќе бидат поважни од вашите.

    Ужасно незаинтересирани.

    Припадниците на овој знак се ретко емотивно отворени, па затоа и не очекувајте дека со вас ќе ја делат секоја грижа која што ќе ја имаат.

    БЛИЗНАЦИ

    Близнаци или еден од низата хороскопски знаци што ја поседува една од полошите карактеристики, несигурност.

    Секој изминат ден со нив е предизвик бидејќи никогаш нема да знаете покрај која ’’личност’’ ќе се разбудите.

    Познати се по постојаното зборење, и ветувања, но никогаш не и со дела на веќе кажаните нешта.

    Брзо се заситуваат од нештата што ги опкружуваат, па затоа и вие не би биле исклучок.

    Да живеете со личност припдник/чка на зодијачкиот знак близнаци значи да живеете со остатоците од нивните проекти и идеи.

    РАК

    Нивните промени на расположението се исцрпувачки.

    Раковите имаат тенденција да навредуваат, но не и да ја превземат одговорноста за последиците од веќе кажаните навреди.

    Нападни се и зависни.

    Нека не бидете изненадени доколку веќе на вториот состанок добиете предлог за брак.

    Животот со раковите може да ви биде прилично досаден. Всушност, многу тешко би било воопшто да ги натерате да одите во некој ресторан заедно или на некое авнтуристичко патување.

    ЛАВ

    Со нив никогаш нема да ја осетите вистинската сигурност во врската, бидејќи тие секогаш се склони да флертуваат со секого во било кое време, било каде.

    Никогаш нема да ве сакаат повеќе од колку што се сакаат себе си.

    Личностите припадници на овој знак никогаш нема да признаат дека не се во право.

    Степенот на нивната ароганција ги надминува сите граници на толеранција.

    Секогаш мора да се во центарот на вниманието, па затоа и вашата појава покрај нив ќе биде секогаш во сенка.

    ДЕВИЦА

    Склони се постојано да осудуваат и претерано да критикуваат.

    Заедничкиот живот со девица значи да секогаш она ќе биде таа која ќе го прави првиот чекор.

    Се чини дека несигурноста им е вродена, што на ниеден безмалку било каков начин не е секси.

    Превртливи се.

    И секако нешто по што се најмногу познати, девицата и нејзината неизмерна склоност кон подредување на работите под конец како и се во секое време да биде чисто и уредно наместено. Пожелно е да не се доведете во било каква ситуација, како на пример шољата од која сте го пиеле вашето кафе да ја оставите неизмиена, бидејќи она секако ќе се погрижи овој несовесен потег од ваша страна да не го заборавите во следните неколку месеци.

    ВАГА

    Никогаш нема да знаете што мислат, бидејќи секогаш ќе ви го кажат она сто мислат дека сакате да го слушнете.

    Нивното донесување на одлуки може да трае со часови.

    Пазете се. Личностите припадници на овој знак во секој момент може да ви го свртат грбот без притоа да ве предупредат.

    Опседнати се со својата физичка убавина.

    Имаат недостаток на волја, и припадниците на овој знак навистина може да бидат сместени во категоријата плачковци.

    ШКОРПИЈА

    Љубоморната шкорпија е веќе надалеку добро позната.

    Никогаш нема да знаете што навистина чувствуваат, бидејќи се едни од ретките знаци со можноста да манипулираат со своите, но и емоциите на останатите.

    Спремни се да ве остават и повредат како никој досега.

    Личностите водени од зодијачкиот знак шкорпија го поседуваат епитетот на добри измамници и се прилично таинствени.

    Конфликтите со нив, редовно прераснуваат во вистински драми.

    СТРЕЛЕЦ

    Во низата на сите зодијачки останати знаци важат и се носат со епитетот на најлоши слушатели. Од нивна страна секогаш ќе бидете гледани на еден понаков начин или височина, они ќе бидат оние кои секогаш ќе бидат над вас.

    Забавата е единственото нешто што им е постојано во мислите, и доколку би ја снемало бидете подготвени на постојано жалење и плачење.

    Они знаат апсолутно се, па затоа ви посакуваме среќа во обидот да ги научите нешто ново.

    Изразено се доминантни и склони кон особината да контролираат се.

    Често се без осет за туѓите чувства.

    ЈАРЕЦ

    Нивниот приоритет е работата, и тоа јасно ќе ви го дадат до знаење.

    Два збора: контрол фрик!

    Се што прават го прават исклучиво за себе, и воопшто не се загрижени од фактот дали би ве повредиле со некоја постапка притоа.

    Сакаат рутина во работите што ги прават, па затоа и врската со нив би била прилично досадна.

    Затворени се, криејќи се позади нивните ѕидови, па затоа и ви посакуваме среќа во пробивањето на истите!

    ВОДОЛИЈА

    Водолиите својот живот често го живеат во ’’своите глави’’ па затоа и често изгледаат отсутно.

    Тие секогаш знаат што е најдобро, па затоа и врската со нив би била како некое следење на веќе дадени инструкции.

    Состанок со овој знак би била навистина голема реткост, бидејќи тие повеќе од било што го сакаат своето друштво.

    Склони се кон донесување на одлуки и заклучоци однапред како и кон осуди и предрасуди.

    Секогаш ќе знаете што мислат, но не и што чувствуваат.

    РИБИ

    Рибите и нивната постојана потреба од многу простор.

    Ретко ќе може да ги убедите за било што, но и доколку успеете, ќе им биде потребна цела вечност да го завршат она нешто што го започнале.

    Ретко знаат што навистина сакаат од својот живот.

    Они се тие кои ќе ги жртвуваат своите потреби и емоции за да врската биде со највисок квалитет, но подоцна и за постапките направени од нивна страна без потеба ќе ви замерат на начин да се чувствувате виновно.

    Секоја наредна врска ја идеализираат, па затоа и од вас ќе биде очекувано да ги исполните нивните фантазии и замисли за идеален/на партнер/ка.
     
    На lavce1359, MarchelineAmaru, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    освен за забавата , секој стрелец што го познавам ,вкључувајки ме и мене ги има тие карактеристики
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Ништо не е точно....
     
    На lavce1359 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Точно...
     
  5. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Уф... така си е! :D
     
  6. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    ВАГА

    Никогаш нема да знаете што мислат, бидејќи секогаш ќе ви го кажат она сто мислат дека сакате да го слушнете. - Точно така ,освен во специфични случаи со посебен круг на луѓе.

    Нивното донесување на одлуки може да трае со часови. -Никако ,за секунда сум одлучена.

    Пазете се. Личностите припадници на овој знак во секој момент може да ви го свртат грбот без притоа да ве предупредат. -По заслуга.

    Опседнати се со својата физичка убавина.-1900%

    Имаат недостаток на волја, и припадниците на овој знак навистина може да бидат сместени во категоријата плачковци.-Ако имам добра мотивација ,имам и јака волја.
     
  7. lavce1359

    lavce1359 Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    16
    ВОДОЛИЈА

    Водолиите својот живот често го живеат во ’’своите глави’’ па затоа и често изгледаат отсутно.

    Тие секогаш знаат што е најдобро, па затоа и врската со нив би била како некое следење на веќе дадени инструкции.

    Состанок со овој знак би била навистина голема реткост, бидејќи тие повеќе од било што го сакаат своето друштво.

    Склони се кон донесување на одлуки и заклучоци однапред како и кон осуди и предрасуди.

    Секогаш ќе знаете што мислат, но не и што чувствуваат.

    Точно, но и водоолиите се едни од најдобрите хороскопски знаци а имам слушано и од други луѓе за тој податок..:)
     
  8. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    не ее точно....не флертувам секогаш и било каде.....и во секое вереме....признавам дека не сум во право...не сум арогантна...а за центарот на внимание не зависи од мене....
     
  9. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    ВАГА

    Никогаш нема да знаете што мислат, бидејќи секогаш ќе ви го кажат она сто мислат дека сакате да го слушнете.

    Нивното донесување на одлуки може да трае со часови.

    Пазете се. Личностите припадници на овој знак во секој момент може да ви го свртат грбот без притоа да ве предупредат.

    Опседнати се со својата физичка убавина.

    Имаат недостаток на волја, и припадниците на овој знак навистина може да бидат сместени во категоријата плачковци.
    Ништо не е точно............особено дека можат да бидат во категорија плачковци. Барем за мене НЕ...
     
  10. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    Па, и не е баш така за бик. Да, тврдоглави се, ама и не се до толку мрзеливи да остават сите работи некој друг да им ги заврши. Токму напротив, сами си завршуваат се, бидејќи се самоуверени, веруваат дека само тие можат некоја работа да ја завршат така добро како самите. Посесивни се. Не скржави, посесивни. Брзо се врзуваат за луѓе, а и за материјални работи. Ако ви кажат дека нешто им е драго, не им го чепкајте. Ќе почнат да чадат од нервоза. Љубоморни се. Не многу. Пасивни. Сепак, не се лоши. Решителни се и другари за цел живот. Ако некој го сметаат за другар, така ќе биде до крај на животот. Многу брзо простуваат и не држат лутина.
     
  11. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    РИБИ

    ... :$ ......да,давам многу ама и очекувам да ми дадат..... :$
     
  12. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    БЛИЗНАЦИ
    Близнаци или еден од низата хороскопски знаци што ја поседува една од полошите карактеристики, несигурност.
    Секој изминат ден со нив е предизвик бидејќи никогаш нема да знаете покрај која ’’личност’’ ќе се разбудите
    Познати се по постојаното зборење, и ветувања, но никогаш не и со дела на веќе кажаните нешта.
    Брзо се заситуваат од нештата што ги опкружуваат, па затоа и вие не би биле исклучок.
    Да живеете со личност припдник/чка на зодијачкиот знак близнаци значи да живеете со остатоците од нивните проекти и идеи.

    Се е точно освен тоа дека никогаш не си ги исполнуваме ветувањата и дека само збориме а дела нема и ова : Да живеете со личност припдник/чка на зодијачкиот знак близнаци значи да живеете со остатоците од нивните проекти и идеи.
     
  13. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Маниве си ги прифаќам, но не можам да се сложам за тоа последното.
     
  14. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    Вистина. Иако не се сложувам дека секогаш моите потреби се поважни од оние на другите, не сум толку себична. Пасивни но мерата на пасивност е секогаш различна. На пример дечко ми е толку пасивен што не му пречи ако некој друг му ги облече чорапите, ако него го мрзи. |( Јас, не сум таква. Дури и некогаш ме иритира кога некој друг сака да ја заврши работата наместо мене.
    Најнегативна карактеристика на овој знак е тоа што знаат да бидат болно љубоморни. И тоа. :)
     
  15. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    БЛИЗНАЦИ

    Близнаци или еден од низата хороскопски знаци што ја поседува една од полошите карактеристики, несигурност.

    Секој изминат ден со нив е предизвик бидејќи никогаш нема да знаете покрај која ’’личност’’ ќе се разбудите.

    Познати се по постојаното зборење, и ветувања, но никогаш не и со дела на веќе кажаните нешта.

    Брзо се заситуваат од нештата што ги опкружуваат, па затоа и вие не би биле исклучок.

    Да живеете со личност припдник/чка на зодијачкиот знак близнаци значи да живеете со остатоците од нивните проекти и идеи.

    Ауу многу лошо ова бе :D :!: не е се точно
     
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.902
    Допаѓања:
    32.476
    Пол:
    Женски
    РАК

    Нивните промени на расположението се исцрпувачки.

    Раковите имаат тенденција да навредуваат, но не и да ја превземат одговорноста за последиците од веќе кажаните навреди.

    Нападни се и зависни.

    Нека не бидете изненадени доколку веќе на вториот состанок добиете предлог за брак.

    Животот со раковите може да ви биде прилично досаден. Всушност, многу тешко би било воопшто да ги натерате да одите во некој ресторан заедно или на некое авнтуристичко патување.

    Не е точно. :^)
     
  17. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Не е баш така
     
  18. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    ДЕВИЦА

    Склони се постојано да осудуваат и претерано да критикуваат.

    Заедничкиот живот со девица значи да секогаш она ќе биде таа која ќе го прави првиот чекор.

    Се чини дека несигурноста им е вродена, што на ниеден безмалку било каков начин не е секси.

    Превртливи се.

    И секако нешто по што се најмногу познати, девицата и нејзината неизмерна склоност кон подредување на работите под конец како и се во секое време да биде чисто и уредно наместено. Пожелно е да не се доведете во било каква ситуација, како на пример шољата од која сте го пиеле вашето кафе да ја оставите неизмиена, бидејќи она секако ќе се погрижи овој несовесен потег од ваша страна да не го заборавите во следните неколку месеци.

    Леле што направи текстов од мене. Не сум превртлива гарантирам
     
  19. pufki4ee

    pufki4ee Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    11
    Прилично точно :D
     
  20. girl.heart

    girl.heart Активен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    4