1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Манџа

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Shpagetta, 1 март 2012.

  1. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    Дали јадете манџи и какви?
    Дали знаете да ги приготвите?
    Кои ви се омилени?

    Јас многу јадам манџи. Мене ми се едни од омилените јадења.
    Јадам компир манџа, манџа со грашок и боранија, зелка манџа и тн.

    П.С. ако има ваква тема слободно клуч :$
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Најубава ми е телешката чорба, еве денес имам :mm: ^_^
    Леќа ми е второ место и се давам во неа.
    Боранија, грашок, компир и копанчиња, ма све сакам.
    Чорба со спанаќ.
    Зелка манџа.
    Па и гравче сакам.

    НО, чорби-манџи само од мама подготвени, на други место само бистри супи може да јадам, друго не :$
     
  3. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Оф темава ко погодена за мене. Имаме традиција во домот барем 2 или 3 пати неделно да се јаде манџа.
    Јадам секаква,со грашок, боранија,компир манџа,со зелка,па дури има една што ја прави мајка ми,а ја правеше баба ми маџна со домашни јуфки,мммм прсти да изедеш. Правиме и посни и мрсни со месо. Исто знам и да направам манџа.
    Сметам дека е доста важно да се јаде ваква храна.
     
  4. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    па вака си јадам манџи
    Омилена манџа ми се:
    компир манџа
    грашок
    боранија
    леќа
    зелка манџаа
    мммм ми се пријадее :$
     
  5. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Си јадам манџи и тоа неколкупати неделно на нашето домашно мени имаме манџи :)
    Омилени ми се компир манџа ама онака густичка, грашок манџа и манџа со мешан зеленчук ( златна мешавина )
     
  6. K0ST0VA

    K0ST0VA Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    58
    Јадам манџи ама најомилена ми е гравот. :lol: Колку само е убавааа. :inlove: А особено кога сестра ми ќе ја направиии-ја обожавам. :inlove:
     
  7. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Скоро секој ден правам манџа :D
    Најомилена на сите домашни ни е секако познатата компир манџа
    па грашок,зелка(баба ми го вика-вариво),боранија,спанаќ манџа со јајце и во петок
    обавезно посно гравче ммммм прсти да излижеш
     
  8. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Јадам манџи освен леќа, немам пробано бидејќи кај мене дома не го спремаат тоа. Инаку од манџите најубави ми се грашокот, со компири и каша. Инаку незнам да готвам манџи, али имам гледано како мајка ми ги прави, така да редно ми е да почнам да правам и јас зошто кога ќе станам снаа во некоја куќа ќе морам да знам, пошо ако незнам има да ме вратат таму од кај што сум дошла :D
     
  9. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Ај пишете и како ги правите манџите :)
    Јас готвам ама не сум баш експерт, некако со дарбава на ВИ сме.
    Повеќе сум испраксирана за суви јадења, да не речам брзи, а за сервирање сум виртуоз ;)

    Би сакала да знам како правите чорби и некои манџи од рецепт на баба ...
     
  10. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Па речиси сите манџи со месо се прават на ист начин- се дробат 2-3 главици кромид и се ставаат во тенџере, се става масло, а потоа се додава месото исечкано на парчиња. Може да се додаде црн бибер во оваа почетна фаза.
    Сето ова се пропржува малце, а потоа се додава филџанче вода и се остава на тивок оган да се крчка.
    Се додава постојано по малку вода, се додека месото целосно не омекне.

    Потоа, кога месото е готово можеш да додадеш што сакаш- компир, боранија, грашок, зелка- зависи каква манџа сакаш да правиш.
    Ако додаваш компир, бидејќи се вари побавно, ќе го додадеш додека месото не е целосно готово, за да се свари со него (се разбира ќе ставиш повеќе вода во тенџерето, но ќе го оставиш и понатаму шпоретот на 2ка или 3ка, т.е. на тивок оган)
    Доколку додаваш грашок од конзерва, тогаш се додава кога месото е готово, исто е и со боранијата, а зелката се додава малку пред да е готово месото.
    Исто така во секоја од овие манџи можеш да додадеш и морков исечкан на парчиња или пак за компирот, грашакот или боранијата можеш да ставиш и рендан домат или доматно пире уште додека се крчка месото со кромидот.

    Потоа кога си го додала зеленчукот следи последната фаза- запршката.
    Таа се прави на следниот начин- во тавче (јас најмногу користам тефлонско, како за палачинки, не ми лепи ништо во него и најубаво ми е за пржење) ставаш масло, да биде прекриено дното на тавата со него, и додаваш брашно (една или две лажици, во зависност од тоа колку густа сакаш да биде манџата) и лажичка црвен пипер. Сето тоа убаво го промешуваш за да нема грутчиња, а доколку се појават, како последница на мала количина на масло во тавата која не била доволна да го прикрие брашното- тогаш не паничи, само додај малку вода и со лажица притисни ги грутчињата за да се растворат со водата.
    Водата не треба да биде топла затоа што така би се добило тесто ;)

    Така подготвената запршка се истура во тенџерето со манџата, се додаваат зачини по желба, сол, оставаш да прокрчка уште некоја минута, и имаш вкусна манџа :)

    Гравот и леќата се прават на друг начин :)

    Се надевам дека ме разбра Сањаева , ако имаш прашања- тука сум :)
     
  11. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Те разбрав :)

    Абе готвам јас, не дека не, еве баш денес имав леќа, ама се некако мислам дека нешто пропуштам во правењето. А прашањето ми беше како прават на пример - ете како што кажа фемина11 со домашни јуфки ... или да речеме чорба од штавељ, па и обична чорба ... јас ако почнам да правам чорба на крај или излага како супа (што повеќе ми се свиѓа) или како компир манџа :)
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Епа тоа не е манџа- чорба е и поретко е ко супа, не верувам да постои манџа со јуфки :lol: , се знае дека јуфките се варат кратко, има да станат кашести ако се варат подолго, не ми е логично, а ова со спањак/штавељ не е манџа, туку е каша и се прави ептен лесно, се обарува спањакот кој е ситно исечкан, се додава младо кромитче или праз кој што претходно може да се запржи и се додава брашно растворено со вода, со остава неколку минути да поврие така соединето и тоа е тоа.

    п.с. и ние денес имавме леќа :lol:
     
  13. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Се давам во манџи!!!
    Ги обожавам бе! :inlove: Нема повкусно нешто, онака мераклиски да се најадеш, убајна!
    Омилено ми е грав, па компир манџа. Ги јадам сите, ама овие две ми се омилени и би можела секој ден да ги сркам. :wasntme:
     
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Кога ќе правиш манџа, прво ќе запржиш сецкан кромид, ќе додадеш сецкана пиперка и сецкан домат или сос од домати, а можеш најпосле и рендан морков или сецкан ситно да додадеш ... Па ќе зачиниш со што сакаш. Зачин обавезно, бибер ако си љубител, црвен благ пипер итн ... Истово се прави и со месо. Само прво месото ќе го пробариш па ќе додадеш тоа претходно што ти кажав.
     
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    43.152
    Манџа - кога некој ќе ми спомне такво нешто, ми доаѓа веднаш асоцијација на нешто во кое пливаат сомнителни работи, треви и зеленчуци :x

    Ама компир манџа како што ја прави татко ми, со свинска кртина, тоа почитувам.
    За мене добра манџа е и леќата, боранијата со млад морков, чорба со пилешко и мали макарончиња во неа, ќофтенцата во сос кои исто така можат да фигурират како манџа, сите типови густи зеленчукови чорби, гравчето со и без ребра, ѓувеч...
     
  16. anastasceto

    anastasceto Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    6
    многу сакам манџи најомилено ми е боранија ...
     
  17. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    Мх мх , само што си се најадов вкусна манџа со макарони :mm:
     
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.401
    Преку недела главно манџи јадеме, и плус неизбежниот ориз со кокошка.
    Децата се навикнати на манџи, и многу ги јадат, и плус згодни се за преку недела, лесно се топлат, па кој кога ќе дојде - си топли и јаде.

    Не сум голем љубител на манџи, па затоа немам некоја омилена манџа. Можеби компир манџа и спанаќ.
     
  19. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Јас искрено несакаммм манџии!!! Бљааакккк :puke: , буквално сум ваквааа!!!! Сите дома викаат по мене, може само манџа со смањак, другоо нејкумммммм!!!!!!! :puke:
    А што е најтрагичнооо, машково моее се дави во манџи, дома неговите ситее мн сакаат посебно со месоо.... нека ми е со лесноо :x
     
  20. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Јадам манџи...ги сакам секакви само не ја сакам таа со ориз и спанаќ.Посебно би ги јадела,ама заедно испомешани.НЕ! :!: