Јадам секаква манџа ама да е без месо, што значи телешка манџа и манџа со гулаш не јадам. Ако мора да се јаде компир манџа, а внатре е гулашот го ваѓам. Обожавам манџа од грашок.
Си готвам манџи често. Најчесто готвам грашок (кој нема пробано во комбинација со печурки, обавезно да проба ), гравче, спанаќ, компир манџа, и чат пат боранија. Леќа многу сакам, ама не ја јаде либето, така да, отпаѓа. Убаво е да се јадат манџи, здраво е, а и некако заситуваат, па подолго време не сум гладна.
Живееме без баба, а обврските и темпото си го прават своето, и ретко мајками да има време да зготви, најчесто и семејниот ручек ни е само во недела. Од понеделник до сабота, најчесто јадеме побрзи јадења или нешто полуготово, полуготово или надвор. Од манџи кај нас се прави боранија, со многу зачини, па потпечена и одозгора со павлака и кашкавал. Компир манџа исто, меѓутоа поретко. Леќа и гравче често, еднаш во неделата едното обавезно, па следната недела другото. Чорби, ѓувечи и слично нејадеме. Исто и грашок нејадеме. Супите ни се омилени, крем супа, супа со печурки, кокошкина супа- фаворити.
јадам да манџи и тоа скоро сите,а за подготовка знм некои да правам.. од компир,од домати,од месо едни,и така
Јас јадам секакви манџи и најубаво јадење ми е тоа. Многу ги сакам манџите особено кога има повеке врсти на зеленчук. За мерак. Само кога има месо во нив не ги јадам зашо јас не сакам месо, не сум вегетаријанец ама не го сакам и го јадам во мали количини ама во манџа не сакам да го има.
Бидејки живееме со баба, јас од малечка сум си научана на готвена храна и да,обожавам манџи! Секогаш на прво место ми е грашокот, него го јадам секако и во манџа и потпечен и како прилог со пченка и морков, и со свинско и со телешко и со пилешко месо.Значи секако.Ние дома преферираме да јадеме свеж грашок освен во многу ретки случаи кога сме снемале па јадеме од конзерва. На второ место ми е леќата.Имаше еден период кога ја прејадов, па неможев ни да ја погледнам, ама за среќа кратко време беше, па сега пак ми е актуелна. Од другите манџи сакам и боранија, гулаш,спанаќ потпечен и како чорба, сакам каша со ќофте,полнети пиперки и компир манџа.Еднствено грав не сакам, не ми е убаво, го јадам само во ретки случаи кога морам.
Кога бев мала неможев да замислам да јадам манџа. Мразев се што беше поврзано со лажица. Лудо дете бре. Денес си јадам скоро се. Обожавам грашок,гравче,компир манџа,боранија,леќа. Не ја сакам само зелката манџа и онаа очи манџа.
Си сакам манџи. Најмногу сакам манџа од грашок, па од ориз, па компир манџа и на крај грав и зелка манџа.
Не сум некој љубител на манџи ама кога нема друго ги јадам. Најмногу ми се допаѓаат гравче и леќа. Вчера за прв пат во мојот живот сварив леќа Па не беше лоша, се јадеше, само сол и фалеше
Иако цела недела имаме обврски, јас и брат ми на школо, па приватни часови, баба на работа секогаш таа наога време да направи ручок, обично тоа е манџа, ако е многу изморена кога ке си дојде од работа, наутро во 4 часот станува да направи ручок. Ги сакам сите манџи освен, боранија, грашок, бобарник, т.е сите манџи што се со зрнаст зеленчук.
Искрено во последно време почнаав да одбегнувам да јадам манџи не знам зошто најверојатно затоа што станувам во 2 јадам во 4 и толку е и не вечерам инаку јадам гравче,компир,спанаќ чат пат,зелка ама поретко,леќа не поднесувам и тоа е