Колку што видов нема ваква тема, па затоа отворив. Тука може да поставувате слики од марами и шалчиња или да напишете какви марами и шалови практикувате да носите.
Моментално една желка е побрза од интернетов, па не можам да ставам ни слики ни видеа. Марамите ми се опсесија. Веднаш кога ќе можам ќе постирам слики од своите фаворити
Ги сакам,зиме-лете ми се неизбежен додаток,на секое парче облека му додава посебност,искомбинирани со добри обетки или каиш,изгледа супер.
Немојте со сликиве, плачам по вакви нешта . Обожавам марами и шалови, само не секогаш можам да си дозволам, па затоа и немам кој знае колку во плакарот... А постираниве се прекрасни
Премногу сакам марами. Најчесто ги носам во една боја зависно од тоа како сум облечена. но, понекогаш, кога мајками се ќе ми пере, се облекувам баш како хипик. Се што е на мене е шарено. И тогаш носам марами од типот,