Не знам дали имам комнтирано во темава ме мрзеше да пребарувам, јас ги обожавам, едвај чекам малку да залади и да си почнам имам секакви,потенки подебеле, еднобојни, шарени. Да залади и се пуштам во потрага по тегет и бордо марама!
Ретко носам марама,имам 3-4,ама сепак убав моден детал се за тој што знае да ги искомбинира и вклопи во имиџот
Љубов се. Ја имам розевата марама со пеперутчиња од Авон и просто ја обожавам. Оваа зима сакам да си купам окер и бордо марама, па ако имате забележано некаде - кажувајте. И по можност да се еднобојни, како на сликиве.
Обожавам марами со оглед на тоа дека сакам да носам едноставна облека, мора да имам впечатлив накит или марама
Имам доста марами и повеќето се големи и подебели. Многу убав аксесорис ми се, а и воедно ме топлат колку-толку. Есента и зимата ги сакам само поради марамите и чизмите
многу сакам кога видам на некоја девојка..ја не знам да ги комбинирам.. На што внимавате при нивно купување?
Мразам марами. Самиот филинг дека имам нешто околу вратот ме нервира. И да ставам, во рок од половина час мора да заврши во ташна
Обожавам марами. Ги имам во сите бои, форми, материјали и големини. Морам да се пофалам дека деновиве добив 6 нови 100 % кашмир марами и едвај чекам да се залади па да ги прошетам