Не бев обожавател на марами, ама од лани почнав да ги носам. Убаво изгледаат. Имам 7 марами. Сите ми се поклон.
Имам едно прашање за волнени шалови. Си купив два есента ама не можам да ги носам, ми оставаат волнени влакненца на облеката и особено на капутот, не се широко плетени, мислам немаат дупки во нив, мазни се и меки. Ги исправ рачно пред да ги носам ама не помогна, не знам дали пак да пробам да ги исперам или ако имате некое друго решение? Исто пробав и малку да ги исчеткам, нежно, но и тоа не помогна. Имаат многу убава боја и не сакам да ми останат така некористени, само еднаш ги носев.