Мислам дека марамите ја усовршуваат и исполнуваат комбинацијата. И даваат смисла, даваат елеганција и софистицираност на изгледот, а и привлекувате внимание на тој дел од телото, без да го откриете. Ова доаѓа од личност што мислеше дека марамите се непотребни. Невр сеј невр.
Обожавам марами, но не носам толку често само преку зима. Сакам да си земам во сите бои за во секоја прилика да можам да си менувам. http://www.newyorkgirlstyle.com/blog/20 ... ish-scarf/ http://www.stylisheve.com/how-to-tie-and-wear-scarves/ http://www.fashionscarvesandshawls.com/tieascarf.html Еве нешто корисно.
И јас ги сакам марамите, особено на есен Да ве прашам дали знаете од прилика колку пари се марамите во кинескиве продавници?, слушам имало убави (би требало да се поефтини)
Многу сакам марами,ама многу! Мали,средни,големи,шарени,еднобојни .. ма секакви Скоро во секоја моја комбинација вметнувам и марама освен летно време нормално.
Марамите ја надополнуваат и ја прават повпечатлива секоја комбинација. Ги имам многу во мојот плакар, закачени ми се на посебна закачалка и ми се подредени по бои. Имам и двобојни, и шарени, со цветови, со точки, со енимал принтови... Ги носам задолжително во есен и зима, најчесто во комбинација со бела кошула и подолго џемперче. Последната што ја купив беше со леопардов принт, иста ваква
И да ви се пофалам вчера ја надополнив колекцијата со уште една марама. Бојата е иста како на сликава (во спојлерот), додека пак мојава на краевите има тенки ресички. И да- многу, ама многу ја сакам! Спојлер
Марамите за ова време ми се идеални и ретко кога да излезам без марама. Единствено не ми се допаѓаат тие со натписи Шанел, Луј Витон, Гучи...а гледам дека доста ги носат Спојлер Ми се допаѓаат со цветни дезени или нај обични во појаки бои.
обожавам марами и шалови, имам најразлични, цветни дезени,животински принт,еднобојни, на риги, кругови....ги сакам марамите многу убав детал се
Ги обожавам. не можам без нив. Имам во сите бои. Го надополнуваат стајлингот и те прават повпечатлива. А и не знам зошто но мене ме потсетуваат како некој француски стил или на оние дами од аристократијата. Не ми замерувајте
А што мислите за марами во смисла на вакво носење...Модните икони експериментирале и успеале, но мислам дека треба огромна смелост за вакво нешто и поголем град од Скопје за да не те трачарат...хаха...
Сум се нашла во ситуација кога совршено ми одговарало марамата вака да ја носам, ама пустото сум немала храброст... А што се не сум носела... Не знам зашто така А, да, многу ми се свиѓа како стои, обожавам како едно вакво парче може да направи да изгледаш како дел од стариот Холивуд.