Покрај најдобрите тенисери, Федерер, Надал, те една тема за типчево :geek: Што мислите за овој тенисер? Дали би го вбориле помеѓу најдобрите?
Многу го сакам штета што не игра повеке , или барем не професионално. Добар тенисер е само лоша страна му беше тоа што лесно губеше контрола и избувнуваше. Не верувам дека постои тенисер кој има искршено повеќе рекети од него . А и многу ми е убав мене , сакам такви избувливи , агресивни ѕверки
Еееее се израдував кога видов дека има посебна тема и за Марат! Порано играв многу тенис, и го пратев редовно секој натпревар, навистина добар тенисер иако најмногу го сакав поради изгледот
Мај фејворит! Згоден у ПМ, водолија во хороскоп и руско дете (нема врска што е дојден некаде од -становите - притоа мислам на Узбекистан, Таџикистан, Киргистан итн.) - типов е одличен! А ако сме сериозни, ептен го биваше, само да знаеше малку повеќе да се контролира (ама Мекинро никој не го стигнува), освен тоа немаше многу среќа со повредите. Еден од подобрите тенисери кој, за жал, не дојде толку многу до израз. А дали знаете дека играше на Skopje Challenge во далечната 1998 година? Младинско натпреварување беше тоа, имаше детето 17-18 години и уште тогаш беше бомба. Не само во тенис Дојдов на гости во Скопје, отидов на тениски турнир оти влезот беше бесплатен, а и ми беа блиску терените, во Градски Парк. После скопскиот турнир се прослави на светско ниво.
Ѕверка беше човеков на терен. За жал темпераментот си го правеше своето Инаку, имаше фантастични способности, можеше да стане нешто навистина многу големо Многу ми недостасува на терените и тв-екраните Иако мислам дека вака сега му е многу подобро, може максимално да практицира хедонизам, нешто што професионалниот тенис не му го дозволуваше Marat, you are and will be missed!! Инаку, никогаш не можев да сфатам како тоа човечево е Русин....Некако воопшто не ми се поклопуваше и немаше ниту една допирна точка
Стварно беше јак човеков...Штета што се повлече. http://www.youtube.com/watch?v=gF-9GVOiO84 И Федерер и судијава почнаа да се смеат
Леле мислев дека сум единствената во МК која го обожува,или една од ретките Еден од најзгодните мажи воопшто,а кај тенисерите без конкуренција Инаку реално не може по квалитет да се спореди со Федерер,Надал,Џокович ама беше добар играч,посебно сервисот,кратко беше број 1 Не личи на Русин затоа што само е роден таму,а потеклото му е Татарско Знам дека изјави дека по повлекувањето ќе се занимава со планинарење и сака да ги освои највисоките светски врвови,ама не следам ништо во врска со него сега па не знам до каде е.Не сум во тек и со неговиот приватен живот.Инаку додека играше беше во врска со сегашната жена на Абрамович,ќерка на руски милијардер И да,останував до доцна во ноќта или до утринските часови да го гледам кога настапуваше во Австралија и Америка не толку поради тенисот,се разбира Презгодно машко бре