Марина (Карлос Руиз Зафон)

Discussion in 'Книги' started by MotherMonsterI, Mar 21, 2013.

  1. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Joined:
    Jan 7, 2012
    Messages:
    797
    Likes Received:
    837
    Синопсис :

    Кога сите ние би знаеле дека напуштените, стари куќи секогаш носат проблеми, а душкањето по туѓи предмети уште поголеми, никогаш не би се родиле возбудливите тинејџерски приказни. Па така, Оскар Драј – 15-годишно момче пораснато во интернат, лутајќи по улиците на Барселона завршува токму таму каде што не му е местото. На туѓ имот, во туѓ дом и со часовник во џеб којшто сигурно не е негов. Но кој би рекол дека токму тоа непромислено дело ќе го донесе до двајца прекрасни пријатели, незаборавна љубов и приказна од која лазат морници по целото тело?
    Оскар ја запознава убавата Марина, неговата придружничка во оваа возбудлива приказна и двајцата, неочекувано, но можеби малку намерно, завршуваат како дел од историја која се повторува и која им ги менува животите засекогаш. Марина, надежна писателка во потрага по нова мистерија го носи својот пријател во запуштените градини на едни стари гробишта, омилената дестинација на тинејџери во потрага по проблеми. Таму заедно набљудуваат еден чуден ритуал кој се случува секоја четврта недела во месецот. Старата кочија повторно се приближува до гробиштата, дамата со темна наметка и покриено лице повторно носи една роза и ја остава на безимен гроб. На надгробната плоча е изгравирана само една пеперутка. Оскар и Марина се решаваат да ја следат и тука започнува лудата и опасна игра на таинствениот Михаил Колвеник, на борбата против смртта, подвижните силуети кои демнат од темни агли и подземниот свет на Барселона низ нејзините канали.

    Никоја книга досега не ми оставила олку силен впечаток ! После оваа мислам дека ретко ќе се најде некоја која ќе ја побие. Какви се вашите доживувања од авантурата на Оскар и Марина ?
     

    Attached Files:

    КикиМаус, 2468, 1209 and 3 others like this.
  2. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Joined:
    Jul 31, 2012
    Messages:
    433
    Likes Received:
    135
    Gender:
    Female
    :o браво за изборот!
    Марина спаѓа во листата на моите 5 омилени книги.
    Начинот на кој е пренесена сликата за Барселона, за ликовите, заплетот... се е совршено!
     
  3. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Joined:
    Mar 16, 2012
    Messages:
    1,824
    Likes Received:
    5,092
    Gender:
    Female
    Маринаааа, Маринаааааааа :inlove:
    Кога ја читав, имав претходно прочитано и други книги од него и мислам дека веќе се навикнав на неговиот стил, на неговата моќ за опивање.
    Книга која ќе ми остане во сеќавање. :)
    Крајот не очекував да биде таков и многу ме растажи. Посебно делот со писмото кое го пишува. Си го препишав во тетратката со цитати и често си го читам. :)
     
  4. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Joined:
    Jun 15, 2010
    Messages:
    997
    Likes Received:
    1,468
    Го одолговлекував читањето на оваа книга - што од немање време од презафатеност со други работи, што од неподготвеност да ја дознаам приказната што се крие внатре, па конечно ја прочитав денес.

    Морам да кажам дека книга со вака добра содржина не сум читала одамна.
    Ми остави голем впечаток.
    Буквално не ја пуштив од рака.
    На моменти бев повозбудена и понапната од неизвесноста и од самите Оскар и Марина.
    Развојот на дејството, заплетот, па неговото разрешување, живото опишување на ликовите и локациите и целата мистерија што ја обвива приказната се феноменални и сами по себе ја креираат сликата во главата на читателот.
    Жал ми беше што заврши тажно.
     
  5. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Joined:
    Jun 25, 2011
    Messages:
    394
    Likes Received:
    492
    Ја добив Марина за подарок, и на почеток не се ни нафаќав да ја читам, едноставно насловот ми беше многу досаден :D Ама јас и мојата досада, немав друго што да правам..и седнав да ја читам. До тогаш не бев запознаена со стилот на Зафон, и можам да кажам дека останав е баш ваква :o :o . Ја прочитав во еден ден! Неможев да ја оставам, сакав само да знам што понатаму ќе се случи.
    Книга, книга и пол! :D
     
  6. butterfly6223

    butterfly6223 Популарен член

    Joined:
    Nov 15, 2012
    Messages:
    422
    Likes Received:
    1,256
    Многу добра книга. Вреди да се прочита!
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    5,801
    Likes Received:
    55,008
    Gender:
    Female
    Како да не беше доволно тоа што книгата сама по себе е морничава, па викендов додека ја читав на тераса, почна да ми прелетува една црна пеперутка околу мене :^)
    Адмирал пеперутката (или на латински Vanessa atalanta) се појавува во доцна есен и рана пролет, и лично мене ми е една од поубавите пеперутки на нашево поднебје. Многу пати ја имам фотографирано, ама сега баш и не ми беше симпатична... Сред бел, сончев ден мене ме фати некоја језа, морници почнаа да ме лазат.

    Туку, да се навратам на книгата - ова ми е прва книга од Зафон што ја читам, и иако самиот вели дека од неговите книги оваа му е омилена, уште две негови дела се најдоа на мојата листа за читање. Ми се допадна начинот на кој ги опишува сцените и на моменти можев толку многу да се соживеам со настаните, што ми се чини дека почнав да ги доживувам истите чувства како и ликовите. Приказната го задржува вниманието, а особено ми се допаднаа описите на Барселона што се провлекуваат низ авантурите на Оскар и Марина. Додека ја читав, имав чувство како да сум таму.

    Би му ја препорачала на секој кој сака да прочита интригантна приказна раскажана на виртуозен начин.
     
    1209 likes this.
  8. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Joined:
    Jul 8, 2011
    Messages:
    1,039
    Likes Received:
    2,274
    Gender:
    Female
    All time favorite. Имено го обожавам Зафон, сите негови дела, секој роман е приказна самата за себе, но кон Марина сум посебно приврзана. Ја имам читано неколку пати, секој пат ја доживувам поинаку од претходниот, на поразличен начин, со поинтензивни чувства. Веројатно и никогаш нема да ми здодее. Барем се надевам. Го има сето она што го барам- совршено разработена приказна, силни ликови, неочекуван заплет кој со себе носи трагична нишка. А да, и ретко добра корица :D

    Патот до пеколот е поплочен со добри намери. - Марина, Карлос Руиз Зафон
     
    sweet-cherry likes this.
  9. the.one

    the.one Популарен член

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    564
    Likes Received:
    797
    Си ја купив од саем по препорака на другарка, и навистина не зажалив! Ја прочитав буквално за еден ден, почнав да ја читам навечер и не спиев затоа што едноставно не можев да ја оставам. Премногу ми се допадна бидејќи имаше неизвесност до самиот крај, предобра содржина и прекрасни описи. На повеќе наврати плачев заради книгава, толку се соживеав, и кога ја завршив се чувствував како да сум изгубила дел од мене... Секому ја препорачувам, посебно на љубители на мистерии, како мене. Оваа е првата книга што ја читав од овој автор, но дефинитивно ќе следуваат повеќе.
     
  10. Heartbeat

    Heartbeat Истакнат член

    Joined:
    Aug 10, 2013
    Messages:
    382
    Likes Received:
    270
    Gender:
    Female
    Книгава ми е една од омилените. Ја имам повеќе пати читано и секогаш ми е интересна. :inlove:
    Ја обожавам!
     
  11. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Joined:
    Aug 24, 2010
    Messages:
    3,889
    Likes Received:
    13,461
    Една од омилените книги што ги имам прочитано.
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    13,813
    Likes Received:
    80,646
    Gender:
    Female
    Неочекуван пресврт на настаните. Одлична. (y)
     
  13. Shia

    Shia Истакнат член

    Joined:
    Jan 10, 2017
    Messages:
    241
    Likes Received:
    481
    Gender:
    Female
    Една од омилените книги ми беше во тинејџерските денови, целосно ми го задржа вниманието.