1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Марка

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Gordana10, 10 март 2010.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Дали кога купувате облека ви е важно што марка е,или пак едноставно купувате од што ви се допаѓа? :D
     
  2. Superiska

    Superiska Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    33
    Jas kupuvam kvalitetno,nemora da znaci deka sve sto e skapo i e kvalitetno.ovde odat so 200posto zarabotuvacka.
     
  3. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Не ми е битна многу марката, поважно ми е да ми се допаѓа, добро да ми стои и да е квалитетно (ова може и да отпадне ако ептен ми се свиѓа на око :mrgreen: ). Не велам дека воопшто не купувам марки, но сепак кај мене преовладува небрендирана облека. ;)
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.501
    Пол:
    Женски
    Значи на времето кога се уште пишував во дотичната тема, кажав какво е моето мислење за марките во Македонија. Освен ако не одиш во продавница на Ралф Лорен, па да си земеш оригинал и да си го платиш оригинално, во Мкд нема оригинал. Сум ги видела истите патики и на пазар и во не знам ти каква чувена продавница. Разликата е нормално во цената. Само некои си искомплексирани луѓе со длабок џеб или татини ќеркички или не знам што, ќе одат во Фард да се облечат демек они марка носат. На пример една другарка за на одмор купи костим за капење од Lisca, демек ќе го плати, ама квалитет ќе носи. На првото бањање од костимот почна боја да тече. Жива ќе се изедеше за парите. Толку за темава.
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Незнам зошто така и се десило на другарка ти. Јас имам костум за капење од Лиска, го купив во 7мо одделение. Сега не го носам зашто ми е мал, иначе како нов е уште. А го носев можда 2 сезони.
    Скоро никогаш не купувам марки, особено ако се работи за облека. Го купувам она што ми се допаѓа. Едино за патики гледам да се поквалитетни некој, најчесто Најк или Пума.
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.013
    Допаѓања:
    198.827
    Пол:
    Женски
    Не знам колку може кај нас нешто да се нарече марка, па затоа и не ми е важно дали облеката ми е брендирана или не... само долната облека ја купувам од Lisca, и сум презадоволна, затоа што секогаш можам да си најдам точен број, и траат подолго време, а имам и костуми за капење и се супер, не испуштаат ни боја, ниту пак се истегнати како некои други костуми за капење што ги имам...
    а за друго... па важно ми е да е од добар материјал и да ми прилега... со марката не се замарам :)
     
    На lolita97 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.501
    Пол:
    Женски
    Па и ние се чудевме... Баш дека секогаш од пазарче купуваше и сакаше нешто демек поквалитетно. И ете како испадна.
     
  8. LaFille

    LaFille Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    57
    Кога одам во странство, купувам во Н & М, ем можам број да си најдам, ем е добар квалитет, па уште ако начекам и попуст, за малку пари купувам многу. Пред 5 години во Париз за време на една распродажба во Н/М за некои 100тина евра си изнакупив гардероба за неколку години. Многу од кошулите и блузите до ден денес ги носам. Од овде, само градници од Лиска купувам затоа што можам да си најдам корпа што ми одговара :lol:
     
    На lolita97 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.013
    Допаѓања:
    198.827
    Пол:
    Женски
    Ама па можеби не биле баш од Лиска во продавницата кај што купила... многу продавници кај нас држат роба со етикети што само така им ги налепуваат, а не значи дека се од тој производител, па така купуваш мачка во вреќа :roll:
     
    На lolita97 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.210
    Ех, H&M.... Имам едни сомотски пантолани што ми се 5 години стари и ги умрев од носење, секој втор ден сум во нив, и не мрднале. А ги платив 10 евра.... башка ми сојат најубаво од сите што ги имам.

    Инаку марките не ми значат нешто посебно. Алишта купувам од Македонија од македонски производители (ова за наше добро ептен ми е врежано во потсвест) или од странство. И не некои скапи марки, туку ХиМ, Маркс и Спенсер и слично, и тоа главно на попуст...

    Чевли купувам од Пеко секогаш, не дека е не знам која марка, ама многу ми легнуваат... имав еднаш проблеми и од тогаш многу внимавам.

    Е сега за бела техника... не можам, појако е од мене :lol: И за коли исто - би избрала помал модел ама од подобар производител, и тука нема двоумење!
    Што да се прави, секој си има пороци :lol:
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.501
    Пол:
    Женски
    Значи штом влегуваш во продавница од Лиска очекуваш дека е нивна робата нели? Оф леле...можеби не била баш од Лиска. Ајде даде мислење важно. Поздравче
     
  12. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    Не патам да ми биде се од марка,купувам тоа што ми се свиѓа и што добро ми стои и да биде од добар материјал,само најбитно ми е за кондури или патики почесто гледам од марка а може да се погоди и да не се некоја марка па да бидат како што треба,а плус тука мислам дека и немаме некој баш марки,туку само некои од типот на мис сиксти што и не ги рачунам баш за оние баш квалитетни марки а мислам дека се и застарени или некој фелер имаат тука конкретно што носат во мк така да не вреди :D
     
  13. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Една моја другарка работеше во Лиска во Рамстор, одамна е затворена, она ми кажуваше дека дали 10% од робата им е оригинал, се друго е шиено во Струмица и е за извоз ама тука само ставаат етикета Лиска и го продаваат како оригинал. Кај нас се е шкарт, и јас кога излегувам од Македонија купувам во H&M , C&A, Promod, барем знаеш дека што си платил тоа добиваш.
     
  14. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    99
    Марка? хах каква марка, кај нас се е made in china! Нема марка кај нас, само етикета и екстремно високи цени по кои се лажат оние со подлабок џеб. Не купувам никогаш ништо заради етикетата, туку го купувам она што ми е удобно и што ми се свиѓа. Тетка ми работи во мак примат фабриката, и се што шијат они оди за извоз, а они купуваат кинеска роба, ги вадат етикетите, ставаат нивни и ги пуштаат во продажба во нашиве продавници и многу често се наоѓаат во незгодна ситуација, да доаѓаат муштериите и да ја враќаат робата зошто е без квалитет. Тоа е кај нас, гледаат само да те украдат а квалитет никаков, со некои исклучоци. А за Lisca гледам коментирано е погоре, јас имам костум за капење кој го носев точно 3години и не смени ниту боја, ниту се растегна од солта, ништо, се уште е како нов.
     
  15. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Имаше еден виц во врска со “марките“ Ништо премногу смешен, ама сатирично ја отсликува точно оваа појава на марки кај нас. :drunk:

    -Абе знаеш дека Версаче умрел бе?
    -Аиии сварно?
    -Да бе!
    -Ама оној оригиналот? 8)

    Бтв. ќе ми го дефинира некој зборот МАРКА?
     
  16. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Ха - ова е веќе прашање на место!
    И што знам како да го одговорам прашањево - глупаво е да речам: па марка се оние облеки кои чинат над 25 илјади (пр!)

    За купување - купувам она што ми одговара, моделот ама и цената. Не ми дават душава да лупнам мн пари на парче облека. За чизми и кондури - да, ама другото..
    Во мојот плакар имам само едно брендирано фустанче (да речам МАРКА), ама и тоа ми е подарок. BSBG Max Azura e.
    А иначе не ни знаев дека постојт ваква марка, ама видов на интернет за шо станвит збор... и... ауч!
     
  17. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    За ЛИСКА не знам, ама го цитирав ова за тоа дека повеќето артикли ги шијат тука тоа е точно. Јас живеам во град кај што има премногу конфекции и можам да кажам дека пола од робата што ја носат во брендираните бутици во СК е шиена по конфекции. Јас имам поклон од една другарка што има конфекција и една сезона шиеја за Манго, такво пролетно кратко палтенце, го видов во Ск во продавницата на Манго беше 6000 и нешто, а значи она мене така ми го даде на поклон. Една другарка си беше купила кратко фустанче од Манго околу 7000 ден беше и една вечер на излегување видовме едно девојче во истиот тој фустан и ни кажа девојчето дека мајка и работи во таа конфекцијата што шијат за Манго и од таму и го донела. Исто знам една друга конфекција шијат за Хепенинг. Има една друга шијат за Бицијани. Еден мој другар лани си купи костум 30.000 од Бициани и после кога дозна во која конфекција го шиеле, срцето го стегна :) Кај нас во Мк на пример ќе донесат 10 парчиња оригинал и после ќе испратат шема по конфекциите и се шие на големо :) И така се чудам кога ќе почне некој да се фали каква марка носел, а не знае дека речиси целата роба се шие по конфекции. Значи за алишта се што ми стои убаво може да носам, а за марка се исплаќа спортската облека, патики и тренерки барем ќе знаеш дека е квалитет. Исто и накит и саат е добро да е марка.
     
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    kolku i da sum svesna deka kaj nas e sieno,itn,itn,sepak koga kje vidam nesto i mnogu mi se svigja ne mi e ama ic bitno kaj e sieno i slicno,bitno mi e da si go iznanosam i da se cuvstvuvam ubavo vo nego.
     
  19. she-17

    she-17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    23
    марки кај нас НЕ ПОСТОЈАТ. во мојов град има 6 продавници со т.н. оригинални патики, тренерки, маички и незнам ти што. едната е крстена Најк другата незнам како итн а всушност тие 6 продавници се сопственост на 2 фамилии кои го држат цел град в раце(имаат и кафичи блабла), се натпреваруваат меѓу себе кој е попознат, од каде повеќе се купува..а робата е ТОТАЛНО иста секаде - кинеска и неквалитетна :?: за да немаат конкуренција ги искупиле сите можни дуќани па сега ние..врти врти мора пак нив промет да им направиме :| баш денес купував патики, ги свртив тие 6 продавници, патиките одвај издржаа да не ми се одлепат в раце, се откажав од одбирање и си купив црни стартки од converse. барем знам дека чинат за нешто!
     
  20. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    152
    За шиењето по Македонија на марки како Mango ,Bitsiani и слично сум запознаена, само мислам дека тоа е чист бизнис и нелегално. Меѓутоа, не ми е јасно што се чудите и викате нема квалитет се е made in China. Па нормално дека е, кога имаат најевтина работна рака, Victoria's Secret пола работи се од Индонезија,пола од Кина, трети од Тајван, а нарачуваш од сајтот , значи оригинал се, само користат работна рака од Кина . Марката Burberry пред некоја година ја затвори фабриката во Лондон и ја премести во Кина.Значи ли тоа дека облеката не е оригинал и не е квалитетна?