1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Марка

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Gordana10, 10 март 2010.

  1. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    307
    Хаха а многу ми се смешни оние што се фураат т.е.патат од комплекси се да им е марка, па ставаат фејк етикети или ке купат нешто од шутка ајдеее луј витон ми е :^) мислам wtf ?
     
  2. glammur

    glammur Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    20
    Всушност сега се е Made in Chinа. Каде и да купите нешто, речиси секаде пишува дека е направено во Кина. Како што кажа Криси тие најевтино ги прават. А има многумина кои се зависни од марки и се мора да им е од Mango, Bershka и сличните продавници. Нормално дека имаат убави и квалитетни работи, но доста скапи. А не знам што ако некој купува од Шутка?! Истите работи што ги има по продавниците ги има и во Шутка за поевтино, некој што не може да си дозволи да купува од поскапите продавници оди таму. Сабота/недела мислиш повеќе луѓе има во Шутка, него во ГТЦ.
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    ne znaci deka ako nekoj kupuva marki,smeta deka ne cini toa sto nekoj kupuva od sutka ili slicno
     
  4. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    не мора да биде марка подобро е да се гледа дали ви се свиѓа и дали убаво ви стои
     
    На PunchMarmelade му/ѝ се допаѓа ова.
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    во Скопје не купувам марки, не само затоа што ги нема реално, туку квалитетот е ужасен. Преферирам мали бутици во кои наоѓам стопати поквалитетна роба и поефтина нормално.
    Инаку кога патувам си купувам често во H&M, bershka, zara...
     
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.098
    Пол:
    Женски
    Вашно е да ми се допаѓа, а и немам ама ништо во плакар марка :D
     
  7. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    6.693
    Пол:
    Женски
    Гледам материјалот да ми е убав.Никогаш не гледам марки,гледам нештото да ми се допадне и да ми одговара на цената :)
     
  8. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    399
    Не гледам марки, нити пак би се чувствувала поудобно и посамоуверено ако носам марка, како што се чувствуваат многумина. Гледам да е проверен квалитет, да ми стои убаво, и секако да е и самото парче облека само од себе убаво :)
     
  9. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Не сум оптоварена со марки тоа што го купувам сакам во него да се чуствувам удобно,тоа ми е најважно. Најчесто практикувам да купам патики оригинал затоа што ги носам подолго време и повеќе се удобни за нозете.
     
  10. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    399
    да, за чевли не штедам и јас. важни се за ногата и за држењето. :)
     
  11. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    129
    Пред 2 год тетка ми ми купи едно капутче од Манго во Солун. Го имаше истиот модел и во Манго во Ск, само што беше поскапо за едно 2000 ден, кога го купила ја прашала продавачката таму дали може доколку не ми е точен бр да го зменам во Ск во Манго и оваа и рекла дека штом е на истата марка може со фискалната.

    И како за малер ми беше еден бр поголемо и отидов тука во Манго да го заменам за помал, па дури бев спремна да си ја доплатам разликата во цената. За квалитетот да не зборувам, материјалот на капутчето во Ск беше далеку понеквалитетен од оној во Солун, ама нели многу ми се свиѓаше и преку тоа преминав. Арно ама, продавачката ми рече дека не може да се замени дури ни со доплата затоа што мкд Манго ги шијат моделите во Македонија, а ја имаат само франшизата.

    И кај е сега тука правдата да се продаваат мн поскапи модели на Манго во мкд, кои по квалитетот не се воопшто блиску до оригиналното Манго? :^)

    Инаку не патам од марки, тоа што го купувам ми е битно да ми прилега убаво и да има квалитет.
     
  12. Aries90

    Aries90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    2
    Работи што убаво ќе ви прилегаат ќе најдете и во обичните бутици и во “марките“ само што она маркираното е претежно поквалитетно и поубаво. Незнам само што им е на сите проблемот дека као нелечеле комплекси несакале марки, ок им било и во немаркирана облека да се облекуваат кога факт е дека сите да имаат подлабок џеб ќе сакаат поскапо, поубаво, бренд, ама не како Mango, Bitsiani... тоа не се воопшто којзнае какви марки. Секој би сакал да има гардероба од Lacoste, Tommy Hilfiger, Guess, Ralph Lauren...само не секој може тоа да си го дозволи. И во Македонија има и оригинална брендирана облека, живеам во Германија и со сигурност тврдам дека некои брендови кај нас си носат оригинална облека, но се разбира, таква нарав сме, од љуборморни излегуваат муабети на “лепени етикети“ , не дека такво нешто не постои, но дефинитивно не за секој бренд!
     
  13. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.480
    претходно имаше добро прашање: А ШТО ПОДРАЗБИРАТЕ ПОД МАРКА? Да бидеме реални, вистински брендови како Louis Vuitton, PRADA, VERSACE,GUCCI и мн други во Македонија ги нема. И подобро што ги нема (освен кај т.н шверцувачи на таква роба, кои ја купуваат outlet а ја продаваат на искомлексираните 100 пати поскапо) бидејќи во МК нема стандард да се купува ташна од 1500 евра, кондури од 3000 евра или слично.Јас купувам се што ми се допаѓа иако внимавам на кондури и ташни, тука плаќам поскапо и барам да е некоја марка што ми се допаѓа, инаку патувам и омилени ми се H&M и C&A каде што за евтини пари ќе си се облечеш квалитетно. МОРАМ ОВА ДА ГО КАЖАМ ЗА ПОМОДАРКИТЕ ВО МОЈА ОКОЛИНА КОИ СЕ НЕРЕАЛИЗИРАНИ ВО ЖИВОТО ПА ПАЃАТ НА МАРКИ, И ДА СЕ ЧУДИШ LOUIS VUITON тие го изговараат како ЛУИС :rofl: ЕХ ЕХ ЛУИС ЛУИС, И ТЕШКО СИ И НА ОВАА ДРЖАВА СО ИСФРУСТРИРАНА НАЦИЈА :sweat:
     
    На MissDesertRose и EffyPink им се допаѓа ова.
  14. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    124
    не ми е битно дали е марка или не битно ми убаво да ми стои,квалитетот и пристапната цена
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.660
    Пол:
    Женски
    Никој не зборува така од љубомора, факт е дека кај нас има многу парчиња облека со лепени етикети. Ете, и девојката погоре со капутчето од МАНГО си кажа - не можеле да и го заменат ни со доплата, затоа што тука ги шијат моделите, а ја имаат само франшизата. Значи, ги лепат етикетите и некој се лаже да плаќа многу за нешто што мисли дека е марка (не дека Манго е којзнае колку јак бренд, на пример како Луј Витон, Прада или не знам кој). А не велам дека нема оригинали - можеби има, ама за таквите ретко кој кај нас може да си дозволи да ги купи. Бидејќи, реално гледано, имаат превисоки цени за нашиот стандард, што не е случај со земјите со повисок стандард, макар што се сомневам дека просечен човек во Германија на пример, нонстоп купува брендирана облека.
    Не патам по брендови, или марки. Најважно ми е да ми прилега убаво и да биде од убав материјал. И колку толку да биде квалитетно. Најмногу обрнувам внимание на квалитетот кога купувам чевли. И не жалам пари за нив.
     
  16. Aries90

    Aries90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    2
    Тоа со љубомората го спомнав од лично искуство со такви искомплексирани, а таман работа сите да се такви. Баш заради девојката со сторијата за Манго реков дека постои и кај нас лепење етикети, но не за сите брендови. А инаку и овде не сите се припотресени да носат марки, далеку од тоа, но Луи Витон ташна можат поголемиот дел да си дозволат од причина што Луи витон овде е исто како Манго кај нас, за нивниот стандард ташна од 400,500 евра не е којзнае што. А како што кажа и fighter, со такви помодарки се имам и јас сретнувано па не викаат Булгари него БВлгари :rofl: :rofl: :rofl:
     
  17. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.480
    страшна работа е тоа помодарството...посебно кога се маваат од земја дека секое парче од облеката им е марка...а ќе те погледнат тупо кога ќе им го спомнеш Dolce, пошто они само ко ДИЕНЏИ :rofl: :rofl: :rofl: си го знаат и мислам...сега не ми текнува...а колку ги има такви....ехехехехеееее
    Не дај боже да им дадеш потешка задача пример да го прочитаат yves saint laurent[ евентуално issey miyake :lol:
     
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Прво :!: да те опоменам друг пат текстот да не го пишуваш цел во боја ;)
    Ете гледам подолу си се корегирала :)
    Второ, се согласувам за C&A. Квалитетна роба имаат, а не е воопшто скапо. Пред две и пол години си купив од таму сомотен качкет за наши 300 денари и коска е. Во зима го носам нон-стоп и уште е како кога го купив.
     
  19. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    129
    За C&A се согласувам и јас, имаат и убави и квалитетни работи.
     
  20. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    115
    Девојки, Забегавте малку офф топик со 'фалш ' робата. Инаку Марки купувам тоа што ни го нуди нашата Македонија, Теренова,Манго,Хепенинг,Кара и сл. За Луи Шанел, Диор,Прада не зборувам оти како прво кај нас е само фалш, и како второ за наш стаднарт е прескапо. Зависна сум од убава и удобна облека,- не од бренд.