1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Марка

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Gordana10, 10 март 2010.

  1. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    73
    Мнооогу ми е важно да е марка :)
     
  2. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Ако Теранова, Калиопе, Манго, Бершка итн... се сметаат за марка тогаш да :)
     
  3. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Па кај нас што и да купиш нема да биде оригинал...а и да има не ми е гајле...јас си гледам да купам нешто што ми стои, а и поефтино да поминам...не сакам да купам марка само за да се фалам: еј види ми ја блузава спискав 2000 за нејзе!!! :fubar:
     
  4. itgirl

    itgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    68
    Не сакам да ми е марка; Зошто кога за тие пари можам да купам повеќе парчиња облека и ќе имам различни комбинации? НЕ Е СЕ ВО ПАРИТЕ! има некои девојки имаат мноогу пари но што кога не знаат да искомбинираат? :^)
     
  5. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Лично за мене гајле ми е дали тоа што носам е марка или нешто купено од било кое друго место.Купувам она што ми стои добро, во она што се чувствувам пријатно и што ми се допаѓа!
    Немам намера да платам смешно висока цена за нешто што го има и во другите продавници, само затоа што не е бренд ! .Не значи дека ако е бренд има поквалитетна роба, има многу квалитетни работи што не се брендови.Ти всушност плаќаш за името на брендот, многу празам мајчки со залепени натписи на предниот дел на мајцата СО ТОЛКАВИ БУКВИ ИМЕ НА БРЕНДОТ и шеташ во град, главна фаца си носиш марка зар не ?! Да не споменувам што има големи веројатности после 2-3 прања да се растегне целата.
    Ама марка е зар не ?! |(

    ПС ми се гади од изјави од типот : не можам да носам ништо друго ако не е марка! |(
     
    На viki44e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    ^^ Битно е да е марка..ако треба и со етикетите ќе шетам,само сите да знаат дека е МАРКА! :!: :D
    Се зезам..
    Битно ми е тоа што го купувам добро да ми стои и пред се да ми се допаѓа лично мене..
    Да е квалитетно и да си го износам,а не по 2 перења да му излезе бојата или скраја да е ...да ми се истегне целото..
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    ^ Ехх кога само и другите би размислувале како нас .. :D
     
    На itgirl и viki44e им се допаѓа ова.
  8. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е битно дали е марка или не.Купувам се што ми се допаѓа и ми стои убаво :)
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  9. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.314
    Воопшто не ми е важно дали носам марка или не сакам да ми стој убаво, да знам дека ке го изнаносам и да си го купам со душа и срце. Дури ми се случува да купам од странство или од кај нас нешто што ми се допаѓа и да е марка и кога ке излезам со тоа некој да ми каже еј си купила блуза од на пример калиопе, а да не приметам дека сум во таа продавница и некој да ми рече еј ова ти е од калиопе а јас да вратам неам поим :lol: :lol: навистина тоа значи дека не ме интересира влагам негде без да знам каде и ако ми се допаѓа си купувам
     
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Квалитетот кој е сега не се споредува со оној од пред 10-тина год. ама и моќта за купување на граѓаните секојдневно опаѓа,па сразмерно добиваме полош квалитет,но не секогаш проследен и со пониски цени :!: .На времето се носеа со години фармерки,патики,чевли,јакни-сега ова е незамисливо(Најк патики после 5 год. престанав да ги носам откако ми капна малку сулфурна киселина во хемиската лабораторија,па и тоа незначително ги оштети,добија флекичка со потемна нијанса,ама јас си знаев,инаку уште ќе си ги носев и до денес :lol: ).Дури и една чантичка што поскапо ја платив со многу внатрешни прегради,најдов во едно најзабутано ќоше минијатурно етикетче дека е во Кина произведена-не велам дека и Кина нема поквалитетни производи,еве пријатели од Австралија ми потврдија дека во голем дел кај нив е кинеско производство,ама станува збор за поквалитетната гардероба,кај нас доаѓа најлошото од најлошите производители.Се сеќавам кога првпат почнаа да се среќаваат фејк марки кај нас пр.Adibas или кога по пазарите се продаваа маички со натписи D&G,Armani и сл :lol: .И точно е тоа дека текстилни фабричиња низ земјава го шијат она што се продава низ т.н.бренд-продавници.
    Друго-нема кај нас некои не знам какви брендови,па да се разочарувам што не ги поседувам.И онака модата,(освен високата,која е за најелитните кругови во најразвиените земји),која е наменета за масовна потрошувачка,нуди неколку вида стилови во секоја сезона-остава поширок простор за избор.
    Инаку сакам квалитетна гардероба(не верувам дека постои некој што не го сака истото),убави материјали и убаво изработено(јас сум ситничар и приметувам криво сошиени рабови,набрани постави и сл.),ама и не ми е пресудно да мора да е се‘ поскапо,се случува да купам и нешто со смешно ниска цена и помалку квалитетно,ако има интересен дезен,невообичаен крој или си го замислам во комбинација која ептем ми се свиѓа.
    Многу често и најскапото изгледа преевтино ако неприродно се носи.
     
  11. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Теранова и Калиопе според мене не се баш марки. :/
    Инаку сакам кога облеката ми има етикетка, плитко од мене како личност, но така е. ZARA, Mango, H&M ми преовладуваат во гардероберот. :)
     
    На MissDesertRose му/ѝ се допаѓа ова.
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сефора мене ни Зара, Манго, Н&М не ми прават нешто посебно мерак.
    И тие не се нешто марки, туку брендови наменети за широка потрошувачка од средните класи. Значи реално како парче со етикета не вредат многу, макар што основачот на Н&М е еден од 10-те најбогати луѓе во светот.
    За мене марка е Долче и Габана, Армани, Диор, Шанел, Гучи итн.... Е тоа е нешто со кое можеш да се гордееш во плакарот, а не со маички од Зара купени на попуст по 5 евра.
    А јас не можам да си ги дозволам такви парчиња, како и поголемиот дел од македончињата. Не само што немаме каде да купиме, туку немаме ни таков стандард.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Зборувам за наш стандард, инаку добро сум запознаена со марките. Никаде не реков дека ги сметам овие за особени марки, само кажав дека ме радува етикета.
    Мене Гучи, Версаче не ми го прават меракот. Повеќе се врти околу името кај нив, отколку во убавината на тоа што е створено. Не велам дека се лоши дизајните, туку ради нивното име не им се дава простор на останатите. Моја другарка за омилена фирма ја сметаше Гучи, но цела година не знаеше главен дизајнер кој е, важно е само да се каже. :/
    За гордост, сигурно не би се гордеела само затоа што поседувам нешто. :D
     
  14. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Воопшто не ми е битно дали е некоја марка или не!
    Ако ми стои добро, ако е квалитетно и ако ми се допаѓа, ке го купам од каде било!
    Да имам неколку парчиња во гардероберот кои ми се марка, ама ги имам купено зошто се навистина квалитетни и знам дека ке ги износам.
    Инаку патики секогаш купувам од nike не за да бидат марка, туку зошто сум дустабанлија (имам рамни стапала) и ако сум во други чевли подолго време, многу ме болат нозете.
    Мразам кога некој ке ми каже дека неможе да замисли да купи нешто кое не е марка. Тоа ми е аздис, ништо друго.
    Гледам да купам нешто убаво и да поминам поефтинко. Несакам да купам една блуза од 3000 денари и да скиснам во неа, подобро ке купам 3 за истите пари и ке носам различна секој ден.
    Да бидеме реални, на 3/4 од луѓево во македонија не им е таков стандардот, за да можат да си дозволат да купуваат марка гардероба. Таа 1/4 или воопшто неможат да си купат или можат да купат што им душа сака.
     
  15. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    во мојот плакар нема брендирано парче облека :D дури и гардеробата ми е необновена откога имаме деца се за нив гледам да купам :) без разлика на се не патам од скапи парчиња облека гледам да ми се допаднат и да се чувствувам убаво кога ги носам.Ми се случува да дадам повеќе пари за патики бидејќи најчесто ги носам, еднаш купив патики од пазар и ги фрлив за 2 месеци а и си се здобив со последици на стапалата така да више неееееее од пазар патики никако :D
     
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Марка е за мене, кога мајка ми ќе ме изненадеше со некое сошиено парче по нејзин дизајн со етикета - Кангол. Е сега не е оригинал Кангол, оригинал е мадам З, ама нашла жената некоја моја стара маица која не ја носам, со убава „марка“ етикета и ја ставила на новата маица :D

    Е тоа е марка ;)

    Некако станав имуна на марки. Впрочем во повеќе теми се имам изразено дека H&M можат попуст да ми дадат, море гратис кошули за тоа дека со години кај нив пазарувам. Ништо не се врти, квалитетот останува ист со години и години перење, носење, пеглање. Чат пат по другиве средни брендови знам да си купам нешто. Но тоа е тоа.
    Овие Гучи, Мучи, Версаче, Мерсаче ми звучат толку снобски, дури и ѕвездиве кога се дерат на црвен тепих - who you're wearing? Dolceee, Pradaaa, Gucciii, Manolo Blahnik, I mean like duh :emo:

    Обично тука се плаќа за името, помалку за квалитетот. Не оспорувам ничиј квалитет но мене така ми се гледа, а јас лично сум и онака друга категорија. Немам средства ниту толку златни кредитни картички за да можам да си седнам со шампањац во продавницата на Коко Шанел и да чекам дизајнерот да ми дува на тазе лакираните прстиња на нозете а продавачката да ми носи фустани од страна и јас само да испуштам онака здодевно - не. Да. Не. Бљак. Ахам. Може. Оф колку е здодевен животот. Кога ќе одиме на секс партија со Бред во хотелот на Шанзелизе бр. 45? |(

    А секогаш многу повеќе им се радувам на оние парчиња кои се убави, квалитетни и купени за ич паре. Не е уметност да дадеш многу за едно обично маиче со истетовирано познато именце. Уметност е да купиш нешто 3 пати поубаво, 2 пати по квалитетно, а 87 пати поевтино. Радости и среќи - 250 пати поголеми, чисто математички пресметано :)
    Па слободно нека ме прашаат на зелен тепих - who you're wearing?
    Го знаеш Миле? Епа кај братучед му што живее, е не тука, туку лево, има една ефтинија, го купив за 2 евра. Џабе! :)
     
    На frutini и Dgirlll им се допаѓа ова.
  17. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    А јас да видиш Пирамидке колку се радувам кога ќе купам нешто ефтино, а мерак ми прави!!
    Обично влегувам во мали бутичиња, збутани некаде, каде што за 1000-че ќе си изнакупам неколку работи. Тогаш сум најсреќна. :wasntme:
     
    На Phyramide, frutini и angel92 им се допаѓа ова.
  18. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    3.269
    Во Македонија воопшто не ми е важно каква марка носам затоа што нема марки тука. Ништо од маркиве не се оригинал.. или се од претходните години. А иначе кога сум во странство, носам марки и воопшто не ми е важна цената. Важно е како стои на мене :)
     
  19. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Го поддржувам постот на Митка.
    Единствено брендирано во мојот плакар е градник (и тоа дури 2 :D ) од Викторија сикрет (кои ми се подарок од братучетка од странство).
    Не сум никогаш била опседната дали тоа што го носам е марка или не. До душа, татко ми ме тераше секогаш кога купував гардероба со него (особено тренерки и патики) да се марка.
    А последниве години (откако сама си давам пари за гардероба), сум иста како и порано. Тренерки и патики обавезно се Адидас или Најк, а за остатокот ич уво не ми свири. што ќе ми се допадне тоа го купувам.
    Сепак, кога имам доволно избор, се трудам да купам 5 работи за 5000 ден отколку 1 работа за 5000 ден.
    Не за џабе земав маж економист 8)
    Ах да,да не заборавам, си ги обожавам чизмите, кондурите и сандалите од Баргала (ете тоа е марка и квалитет :rofl: ) кои ги носам :?: па и јас не знам колку-ама многу години се во прашање.

    А кога сме веќе кај марка, ова, она, тој муабет, да си кажам дека првичната цена за фустанот ми беше :o :o :o а потоа фино лепо си отидов кај мојата лична шивачка и ќе ми го направи за 15 пати поефтин од првичната цена на дотичната брендирана фирма. Е ова ме прави среќна!!!!
     
  20. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    3.269
    За жал во последно неможеш да најдеш некаде каде што ќе купиш 2/3 работи за 1000. Дури и во кинеските центри нема такво нешто.