1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Марка

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Gordana10, 10 март 2010.

  1. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Имам само тренерки Адидас, а марки не купувам ова беше само исклучок
     
  2. ana.ubavkata

    ana.ubavkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    59
    Не ми е битна многу марката, поважно ми е да ми се допаѓа, добро да ми стои и да е квалитетно :D И воопшто не се ни замарам дали ми е од некоја продавничка од ГТЦ или некое парче од најновата колекција на Теранова.Само,ете.Има некои богати,татини ќеркички коишто им е важно да се покажат во брендирана облека исклучиво.Сега,не викам дека не купувам од Теранова и незнам кои,но понекогаш ете,не ми се даваат 2000 за обични фармерки :?:
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Освен некои парчиња спортска облека, друго не. Не патам од тоа да е марка
     
  4. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Јас купувам да е квалитетно и убаво ми е најважно.
     
  5. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Ако имам вишок пари можеби,а вака само гледам да е убаво и квалитетно и по можност ефтино
     
  6. Golden Rouse

    Golden Rouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Мене важна ми е марката. Еве работите кои сум ги купила од Zara , Stradivarius стварно се квалитетни можда ке го платиш малку поскапо ама ке го носиш. Подобро е така отклку да купам нешто евтино и да обеле за 1 месец и јас пак ке треба ново да купам и на крај пак исто ви се фаќа ем марка носите ем квалитетно е. :D:wasntme::wasntme:
     
  7. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Zara, Stradivarius, Bershka и слични, се fast fashion брендови. На нивните производители целта не им е којзнае каков квалитет, затоа имаат толку големи колекции и нови парчиња облека секои две недели.

    Така што, не би ги сместила во марки овие, а и со цена се блиску до мали маалски продавнички, а и тие се шиени во фабрики низ Кина, а и тука, на Балканот, кај што експлоатираат луѓе за минимални плати.
    Не дека јас не купувам, ама кога би имала повеќе избор низ Македонија, посебно со наши брендови, дефинитивно би купувала таму.
     
    На eliesaab, Rose96, kim.k и 2 други им се допаѓа ова.
  8. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Воопшто не се базирам на марки ии никогаш не сум купувала.. ако некогаш би ми се пружела шанса единствено за чевли би купила некои лубутонки или ралф лорен а исто така и некоја креација на зухаир мурад.. :inlove:
     
  9. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Сепак да не ги ставаме сите Ситимолски `марки` во еден кош.
    Има огромна разлика од Теранова до Масимо Дути.
    Теранова и Калиопе ич не ги спомнувам.
    Бершка и Страдивариус се според мене на најниско ниво некое, и според квалитет и според мој личен вкус.
    Средина негде Пул енд Бер.
    Додека Зара и Манго cе на веќе повисоко ниво. И не можете да кажете дека Зара е исто со маалска продавничка, кога фармерки во таа маалска продавничка не се 3.000, кожна јакна не е 6.000 и чизми не се 8.000.
    Алдо исто е добар бренд.
    Најважно, според квалитетот ја имам увидено и истрајноста.
    А за оние што се прави марки во светот од типот Гучи, Версаче, Кавали... Тоа за нас е се толку далечно и недостижно, затоа сметам дека нема ни потреба да се збори за тоа. Друго што ние ретко имаме прилики за носење парчиња од такви колекции. Кај да носам Д&Г фустан, на Скопје Фешн Вик ? :rofl:
     
    На eliesaab и wanderlust им се допаѓа ова.
  10. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    Има разлика и од марка до дизајнер. Сите ги спомнувате долче и габана, Лобутин и останатите.
    Тоа се веќе дизајнери кои нема шанси некогаш да стапнат на наше подрачје.
    Јас како марка ги сметам оние поскапите продавници како Масимо, Max&Go, Gerry Weber, Дизел, Liu Jo и слични.
    Извинете ама Теранова, Калиопе, Бершка не се марка и не се вредни за парите.
     
    На eliesaab, wanderlust и Ginger^ им се допаѓа ова.
  11. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е важно облеката да е брендирана. Не дека не купувам,всушност ретко купувам таква облека. Поважно ми е да ми се допаѓа,да ми стои убаво и да е квалитетно.
    Кога сме веќе кај марките,има голема разлика од марка до дизајнер.
    Армани,Кавали,Версаче,Долче и Габана,Лобутин се веќе дизајнери и логично е нивната облека да е прескапа и да е речиси недостапна за нас.
    Страдивариус,Бершка,Калиопе и Теранова не би ги вбројала во такви што се слични на маалска продавница,ама не се ни некои којзнае какви марки. Но,штом се нарекуваат марки,тоа и нека бидат. Ама се далеку од неквалитетни. барем моето искуство така кажува.
    Њу Јоркер,Ваикики,Котон,Тели Вејџл и Спрингфилд се на некое повисоко од овие погоре споменативе.
    Зара,Манго и Пул енд Бер се веќе на ниво,ама се далеку од дизајнерите.
    Масимо Дути,Том Тејлор,Алдо,Орсеј,Макс анд Ко,Лиу Јо,Гери Вебер и други,се веќе на највисоко ниво од овие што ги има кај нас.
    Но,пак ќе кажам дека не ми е важно да е марка бидејќи и во маалска продавница може да се најдат еден куп квалитетни работи.
     
    Последна измена: 4 декември 2016