Да ви препорачам од Кам да си земете замрзнати лиснати-како коцки се, во проѕирна амбалажа, се печат во рерна 20тина минути и се многу, многу вкусни. И Алпико чоколадо од топен лешник, ма ни Милка не му е рамна
Ме потсетивте на чоколадите со марципан од Кам и вчера бев да си купам. Имаа многу широк избор на чоколади со ниски цени, па пред Нова Година би можеле да се земат во предвид. Јас купив и едни како мини чоколатца на Алпико, со повеќе вкусови, слични како Мерси, но многу поевтини, а навистина убави.
За основни работи пазарам во Кам и маалскиве продавнички, а за нешто покрупно во Тинекс-Зебра. Многу е снабден, има се што ми треба и секогаш држат свежо месо. Многу сум среќна кога некогаш ќе начекам баш кога вадат лепчиња долги со сусам од фурна и мислам дека доручек-ручек-вечера ми е лепчето. Уживам да си разгледувам, да си шетам со корпата, персоналот е одличен, од се сум задоволна. Постојано имаат некои промоции, плати едно земи две, а јас како дете се лажам Во Рамстор и Веро поретко пазарам, малце ми се подалеку па да не тегнам кеси до дома, инаку во новово Веро (Џамбо) има добар избор на книги и козметика.
Најчесто пазаруваме во Тинекс (кај Драмски) бидејќи ни е на 5 минути. Одлично снабдени, чисто, средено, само што персоналот им е ужасен. Дали е до мене, ама секогаш ја избирам касата на која што има најмала редица, но на крајот ќе излезе дека тие што се наоѓале на крајот од најголемата редица ќе завршат бааги пред мене бидејќи секогаш, ама секогаш касиерката мора на сред куцање да отиде да види код на нешто и ја чекаш по пет минути. Исто така често пазаруваме и во Веро и тој ни е на пет минути. Пред да го отворат Тинексот кај Драмски секогаш пазарувавме во Веро 2, но сега поретко. Месо исклучиво од таму купуваме, на мајка ми и остана тоа во навика и нема шанси од друго место да купи месо. Едно време пазарувавме и во Тинексот кај Веро2 што е, но не ни се допаѓаше поради неорганизираноста и несреденоста на самиот маркет. Во Тедико, Кам, СП и Рамстор никогаш не сме пазарувале. И да не го заборавам Стокомак кој не е организиран, но е многу евтин и мајка ми често знае некои работи и од таму да ги купи наместо од Тинекс.
аааа да ги има пробано, превкусни сее и ми се јади сега Инаку мојте пазарат најчесто Од Тинекс и Кам.
кои ги измислил маркетите алав да му е обожавам да си сетам низ маркети од пиле млеко има посебно во веро све што ми треба буквално при рака ми е
Kam nema golem izbor ama toa sto go ima e kvalitetno-se nastrviv na cokoladata Alpikm...mmmmm.Inaku nemam nekoj omilen market,kupuvam od sekade.Vero e najskap od site,definitivno!
Најчесто пазарам во Веро и Тинекс. Многу ретко во Кам,бидејќи не ми се допаѓа неорганизираноста и непрегледноста на самиот маркет.
За мене, пазарењето е еден цел ритуал и сакам да уживам додека купувам. Живеам на таков прометен дел од градот и буквално сум опколена со маркети, ама најчесто купувам во Тинекс. Најснабден ми е, вработените веќе ме научија и не ми се моткаат пред нозе ко порано, ме оставаат на мира да си разгледам и да си напазарувам. Имаме еден маркет, маркетиште, Киси-трејд (струмичани знаат за што зборам) и има солиден избор, па и посебно ме радува делчето со овошки и зеленчуци - ти мерат и ти пакуваат, ги лицкаат кесичките и е еден од ретките маркети во кој има љубезен персонал. Прилично е голем и посебно мерак ми прави тоа што имаат оддел за дрнгулии низ кујна - чашки за кафе и чај, чинивчиња за грицки, свеќички и свеќишта за украс низ дома. Не минува тура пазарење без да пикнам нешто такво во корпа. Кам маркет им е омилен на моиве двајца климактерични тинејџери. A мене грицките и благото од таму ми се омилени. Меѓутоа, се наоѓа прилично далеку, па ретко се наканувам да одам до таму пешки. Моите обожаваат да пешачат и често си пазаруваат од таму кога нешто фали. Најпогоден ни е и со цените, па и квалитетот е одличен. Неретко знам да речам, дека германското си е секогаш без утка.
Не само јас, него и сите дома кај мене - пазариме од Тинекс и тоа години и години наназад. Ем ни е најблиску, ем обично се што бараме има тука - значи фул е снабден, така да нема потреба од влечење кеси од друго место. Е сега, тоа што дел од вработени знаат на моменти да се испонашаат за непотребни и банални работи, ме вади од такт, дури еднаш ради ова бев и спремна никогаш повеќе да не влезам во Тинексот кај мене, ама нормално лутината мораше да ми помине, затоа што помини - замини, мораш да влезеш за нешто, ептен ми е успат. Исто, има една тетка на каса,наконтана целата - мислам дека поголем мизантроп од неа нема. Се` мрази, дури и животот. Па кога ќе почне да ти врти очи, ау ау.. Веро исто го сакам, ред има како во никој друг маркет. Само ретко кога пазарувам тука, ниту едно Веро не ми е на поминување. Во Стокомак има некои работи доста поефтини, само страшно многу ме иритира атмосферата таму - и избегнувам да одам, ептен некогаш кога се мора и кога немам избор. Во Тедико немам отидено кој знае од кога, зборам за добри 7,8 години, ако не и повеќе.
Најефтин ми е КАМ и од таму си пазарам повејке ама за зал нема се само одредени производи е сега па тоа шо нема си одам до ТИНЕКС и си најдувам тоа шо ми треба!!!!!
Во Охрид, нема ни Веро ни Рамстор Многу ми се допаѓа Во Скопје кога ќе дојдеме да пазаруваме таму.. Ама еднаш годишно одам таму А тука, Многу купуваме од Дон. Во Дон најмногу пазаруваме
Порано најчесто пазарувавме во Гиго-Трејд,го има на повеќе места низ Скопје, но ценичките не се толку ефтини, дефинитивно е најефтино во Марк Маркет не знам дали го има на други места низ Скопјево ама цениве се дисконтни, колку е само ефтино тоа чудо Откако ни отворија Кам и таму знаеме да испазариме не ретко А, кога сум кај ханито пазариме во Тинекс, Туш и секако Кам
Општи прашања девојки може некоја да ми објасни каде има маркети на тинекс? Околу ГТЦ, или Чаир? Значи ги гледав адресите на нивната страна, ама не можам така по улици и мапи да се ориентирам.
Општи прашања За Чаир, не знам, ама блиску до ГТЦ имаш на Југодрво, карши тој паркингот.Кога се симнуваш на Југо дрво, само вртиш за накај ГТЦ, и од лева страна е Тинексот. Не знам колку ме сфати.
Општи прашања Има во Чаир, поточно во Топанско Поле. На мапата пишува Трговски Центар, во близина на Рамстор. Со бел кров е. https://maps.google.com/maps?q=Blag...goje Parovikj, Skopje, Macedonia (FYROM)&z=18
ВЕ МОЛАМ НЕКОЈ АКО ЗНАЕ ... Каде можам да најдам маркери или течност кои светат во ТЕМНО !? во спотот има ... http://www.youtube.com/watch?v=uSD4vsh1zDA Благодарам однапред