1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Маркети

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од femina90, 7 декември 2011.

  1. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    СП маркет- зошто онака, најблиску ми е
    Кам маркет- зошто е малку поевтино од останатите маркети
     
  2. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Кај нас се малку марките но добро снабдени
    Најчесто пазарувам од Кит-го затоа што постојано имаат некои попусти и е доста евтино.
    Во Тедико немам влезено откако чоколадото што го купив беше мувлосано :puke:
    Во Жито е доста евтина козметиката, ама продавачките им се многу нељубезни, како влегуваш во маркетот така една од продавачките почнува да те следи, постојано е зад тебе. На каса таа што е те гледа попреку
     
  3. kate-goldy

    kate-goldy Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Нас големите маркетите, посебно на мм му се специјалност :lol: Пазариме во Тинекс кај драмски и во тој во Зебра, Во Веро центар, во Рамстор, Кам ми е на 5 мин па и таму, Тедико ако ми е во близина ама некако неам обичај да влезам таму и да купувам, и сега купуваме и во Керфур :rofl: С П планет исто ми е близу ама ми делува скапо па ретко пазаруваме таму, може само во времето кога тоалетната од палома беше најефтина за разлика во др маркети ]:) и секако Стокомак за нешто поефтино, ама таа гужвата и тој куп...убива :P Ама каде и да влеземе, тргаме со список од неколку работи и купуваме уште 20 др работи што не се на тој список и искачаме со полна количка и празен новчаник :tmi: Ама најкрвава сум кога после контрола во ЦД диет клуб влегувам во тинексот и се нурнувам кај зеленчукот и овошјето и мм неможе никако да ме извади од таму и со количката си прави кругови околу рафтовите :lol: а да и заглавувам исто и кај делот за здрава и органска храна :wasntme: За козметиката моја и бебешката за син ми пазарам и во Космо и ДМ .... :talk:
     
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Oткако ни го отворија Веро Центар не сум влегла во никој ама буквално никој маалски маркет.
    Преку улица ми е, и дома редовно пазариме тука, месо посебно, мајка ми е премногу инспекторски насорена и не верува во многу од нашиве месарници, зашто немаат баш најисправни фрижидери а за услуга да не збориме. Веро, посебно ова Веро Центар е стварно врвно опремено, со најсовемени фрижидери со кислород и незнам таму што и имат најквалитетно месо и најубаво.
    Да цените се малку поскапи, за разлика од Тедико, Кам, Стокомак и Жито Велес ама па затоа снабеноста и опременоста им е на ниво.
    Рамстор не ми ич ус пат, порано знаев да се излажам да влезам ама сега веќе ич, и мислам дека Рамстор сепак има највисоки цени и од Веро е поскапо.
    Тинкес ретко влагам, малку ми е подалеку од Веро и точно прехаоично е. Плус многу ми се пожалиле дека ги крадат во Тинекс, дека им имаат искуцано работи што ги немаат купено.
    Јас мисам дека цените им се тука со Веро, ма да само во дисконтите мислам дека е поветина малку храната. За нај ефитно се разбира Кам, тоа во Скопјанка ми е најблиско и често знаеме да одиме.
    Мајка ми од работа во автокоманда секогаш заглавува во Кам и што се не купува.
    Кам има само одредени производи посебно германски, ама тие се толку убави и прекрасни и евтини плус така што се праи баланс што не е баш снабден со се. Ама па и не е баш тип на маркет од типот на Веро, Тинекс, и др.
    Во Германија има слично едно на Кам, ама исто така работите се во кутии со многу ниски цении се сао германски производи има на А почнуваше, не ми текнува сеа. Кога влеговме таму на сите одма ни дојде леле истот е ако Кам наше, вајда по тој тип е и ова нашево.
    Тедико и Жито исто имаме во близина, пазариме ама поретко.
    Мајка ми знае во Тедико да земе некогаш нешто, зашто има 3% попуст со картичката, ама ретко, зашто е многу несредедно и плус не е многу снабдено.
    Веро сега за сега ми е број 1, посебено во последно време, прават акции секоја недела на енкој производи, па така и знае да искочи и не толку скап.
    Во Карфур бев два пати и повеќе не би одела со цел да пазарам раму, зашто од што е преголем, ќе се забораам и нема да купам тоа што сакам. И има некои сомнителни производи, и не е така ефтино како што збореа сите. Башка ми е далеку многу.
     
    На ines.h му/ѝ се допаѓа ова.
  5. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    Vo naseto gratce nema golem izbor na marketi so zvucni iminja,taka da najcesto pazaruvam od My market.Imaat recisi se' (ovosje,zelencuk,mesarnica,mini pekarnica,nesto tekstil,sitna elektronika itn.) a cenite se gore-dole prosecni kako i vo obicna prodavnica.
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.538
    Пол:
    Женски
    Најчесто пазарувам од 2 дисконти во населбата каде што живеам. Од познатите маркети, пазарувам во Кам Маркет и во Стокомак.
     
  7. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    .. :$ ...некако се навикнав така да ако ми притреба нешто прво одам во KAM маркет,а потоа да се надополнам одам MY маркет,Тинекс,Tуш,посебно ако имам гости да ми дојдат ненајавено,тука има тие готови јадења,десерти и сл...месо исклучиво купувам во Промес,секогаш ми е свежо,и има избор..
    ....околу козметика одам во Космо Тинекс,има голем избор на се потребно за лична хигиена, од обично до марка,значи за секој џеб прилагодено... 8) .
     
  8. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Кажете ми збор два за Рептил маркетите? Оваа година живеам веднаш до еден од овие маркети, досега не сум имала во близина па никад не сум влегла. По големината на маркетот се примеќа дека има солиден избор на производи, е сега ме интересира како се со цените, услугата? Да знам дали да влегувам воопшто.
     
  9. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.589
    Пол:
    Женски
    Кај нас во Прилеп ги има КАМ, Тинекс, Жито, Тедико, но најчесто пазариме од КАМ :D .
     
  10. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Женски
    Најчесто си пазарувам во Кам али некад знам да свртам и до Тинекс и Нова.
     
  11. LadyNitro

    LadyNitro Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    31
    Тинекс пошто си го имам научено, се знам кај е, така да.. :D
     
  12. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    СП; Билла, Фантастико..Зависи каде сум
     
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.472
    Допаѓања:
    39.695
    Пол:
    Женски
    Принц има голем избор и солидни цени и Кам зошто е така поефтин
     
  14. Mei

    Mei Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    70
    Пазарувам во Тедико и Кам бидејќи ми се во близина. Но затоа кога влагам во Кам се губам. :D Пошто сум така "изгорено" човече за благо и само што ќе влезам одма ми летаат очите натаму,незнам што попрво да купам,а пуста стрвност за благце. :( :lol:
     
  15. rak1

    rak1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    45
    Пазарувам во Рамстор, не оти ми е најблизу туку поради големиот избор.. Имам близу Дон,Рамстор,Кам и Рептил.. Во Дон и Рамстор цените се скоро исти.Но најмногу пазарувам од Рамстор..
     
  16. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Најчесто во Тинекс, но некогаш во Кам и Веро.
     
  17. boban90

    boban90 Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    се наоѓам во Кисела Вода пос.24ка.најчесто пазарам во локална продавница,но 2-3 пати во неделата одам и во кам маркет.Не дека е нешто посебно туку единствено дека ми е блиску.тинекс ми е малку подалеку па многу ретко го посетувам,но и тинекс кој го имаме кај нас е најлошиот тинекс.Нема ништо роба.
     
  18. Pinafan

    Pinafan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Машки
    Купувам во неколку маркети постојано.Најчесто дома си пазарам од Тинекс и Рамстор-Мега комплексот
    на бул.Борис Трајковски.
    Од Тинекс не сум задоволен воопшто бидејќи повеќето вработени им се крвнички насторени :devil:
    Незнам дали е ова секаде во сите тинекси,но во овој нашиов има такви некои принципи кои се безврска,а веројатно и уникатни.
    Бидејќи сум велосипедист речиси секогаш си носам ранец со мене.Гледам сега во последно време им паднало на памет ранецот да се остава! :| :) Страв ли им е човек да не ги украде или нешто друго,навистина незнам.Уште поинтересно е што има пишано т.е соопштение на каса дека ако евентуално нешто фали,тие не одговараат. :( Значи толку дрско и безобразно не сум видел никаде!Ако ништо друго,добро е што не ми фалело до сега нешто.

    Не ми смета ова со ташниве.Ако тоа им е правило во ред,мада порано беше дозволено.

    Али ова со велосипедите им е страшно глупава работа.Имам неколку велосипеди од кои два ми се спортски и скапи,а еден имам и еден утепан за по град и работа.Кога сум со обичниот велосипед си го врзувам надвор.Така и сум правел до сега.А ако одам накај Водно сум со некој од скапите сум си го оставал внатре.Сега од неодамна викаат цитирам "а не не.Не може внатре.Велосипедите се за надвор".И велам жено како надвор.Од каде сега ова правило?На крај ако пробаш да објасниш не е исклучена можноста и да добиете некоја пцофка гратис.
    Мислам дека овие работи треба да си оправат во тинекс.
    Значи пак ќе кажам,со убавиот велосипед одам само кога сум слободен накај водно и влегувам у спат да земам најпотребни работи.Тоа е 3-4 минути колку да се земе некој сок за нагоре.Е сега она што ме иритира овде е што доколку сум тргнал на водно и сакам да земам нешто,треба да се враќам по 3 пати.Нели не е дозволено да се внесе велосипед внатре,а и па надвор нема кој да го пази.
    Да биде уште полошо овие работи порано беа дозволени а сега одеднаш им текна нешто дргуо.
    Незнам дали ова го има и во другите тинекси,ама во овој нашиов имаме и собирање на поени од т-мобиле па ако некој плаќа со картица и собира поени загарантирано ви е чекање од најмалку 10 минути на каса. :@
    Да не зборам и колку пати ме имаат украдено. :tmi:

    Рамстор кој е во непосредна близина и е отворен пред некое време овие работи ги нема.Таму љубезноста со купувачите им е на далеку повисоко ниво! :up:
    Си влегувам набрзина кога одам на возење.Велосипедот или ми го чува некој или пак го ставам внатре.Си купувам и за 2-3 минути сум надвор.НЕ треба да се враќам до дома,не треба да чекам некој што собира поени,не треба да оставам ранци.Едноставно таму си има луѓе,кои гледаат кој и како краде,а речиси и секогаш има некој надвор па може да се замоли да ви го чуваат велосипедот.


    Да не го заборавам и веро во тафталиџе.Таму купувам кога сум на работа.
    ИНаку таму веќе има и менаџер кој е исто така велосипедист,па тој може да ги разбере нашите маки,па бидејќи пред тоа веро крадењето на велосипеди е честа појава,велосипедот ми стои во канцеларија на менаџерот.Ова многу ми значи бидејќи можам на мира да пазарувам,без да сеќирам дека ќе треба пешки да си одам до дома.Таму имам и доста пријатели,па да не ги фалам тука,ќе кажам само дека глобално сите вработени им се супер.

    Просекот го расипуваат оние кои работат на месарницата,па бидејќи кашкавалот е дел од моето секојдневен оброк,многупати наидувам на ѓаволски вработени.Освен нив атмосферата им е на врвно ниво.Да не зборам за производите,каде мислам дека има најголем избор.Така да тоа е мојот избор и гледање на работите.Пазарам и во други маркети но многу поретко....лелелеле сум се заборавил од пишување еј :tmi:
     
    На Silver.E и LittlePinky им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.538
    Пол:
    Женски
    Вакво нешто ми се случи во Кам Маркет (во Ѓорче Петров) ден пред Нова Година. Одев на гости и влегов да купам сок и наполитанки. Имав и ташна и ранец со мене. Доаѓам на каса и вработената ми вика - Ако може да го видам ранецот. Јас и велам - Може, нема проблем. Кога виде дека немам ништо укредено, го затвори ранецот и ми го плесна. Не се ни извини. Јас се изнервирав, ама бидејќи брзав не и реков ништо. Често пазарувам таму и никогаш не ми го побарале ранецот. Само таа гуска се најде паметна да го направи тоа. А и однесувањето и беше нула. Кој им е виновен што немаат камери. А и ако оставиш нешто што го носиш со себе, тие не одговараат. Срамота. Друг пат кога ќе влезам таму (ако е истата вработена) и ако носам ранец со себе, нема да го оставам таму, туку ќе го носам со себе. Ако пак ми направи такво нешто, знам што ќе и речам. Безобразна една. Колку пати сум пазарувала во Тинекс со ранец на себе и ниту еднаш не ми направиле проблем.

    Инаку, најчесто пазарувам во Стокомак (во Ѓорче Петров). Немаат многу избор, ама најосновните продукти им се најефтини. А и многу сум задоволна од услугата на вработените.
     
    На Pinafan му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Pinafan

    Pinafan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Машки
    Немам проблем со клептоманија!И кога би ми побарале би им дал да проверат.До тука е некако во ред,мада и тоа ми е помалку безврска.За човек кој им пазари секој ден мислам дека и треба да го имаат веќе научено.Точно е дека има апаши и веројатно на попис им фали роба но мислам дека доколку сакаат да се справат со нив треба да стават обезбедување и да шетаат по маркетот,а не така во сите купувачи да имаат недоверба.Пак ќе кажам дека тинекс на борис трајковски донеле тотално погрешна одлука.
    Купувачите треба да се привлечат,а не да се гледа со криви очи кон нив.Впрочем тоа и го пишува во книгите по економија.Ова на тинекс им се веројатно некои коси правила.

    Значи не само јас ,туку сите се обврзани кои носат ранци да ги остават!Но тоа не е се.Најтрачиното е што највисоката таргет група на крадци(тетките со ташни преку рамо)се оставаат така да пазарат.
    Најискрено еднаш и имам приметено како една девојка си дигна еден мирис,и тоа како да е се најнормално.Си ја отвори ташната и си го стави парфемот во истата. :( Бев со еден другар кој рипна да ја каже.Му реков ќути си.Они си се криви кога не си ставиле луѓе за обезбедување.Дојдовме на каса и девојчето си помина најнормално на каса.Ни свирење ни ништо. :(
    Ете толку им треба на тинекс.Пак ќе кажам преку ова некако се поминува,ама ова со велосипедите е тотална бесмислица,па поради тоа многу пати Рамстор или друг маркет на пат кон Водно е мој избор.