1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Маркети

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од femina90, 7 декември 2011.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.742
    Допаѓања:
    32.092
    Пол:
    Женски
    Како да оставам ранец во Кам Маркет, Стокомак, Тинекс, Тедико, кога може некој да ми го украде. А после тоа вработените нема да одговараат за тоа. Вакво нешто се има случено лани во истиот Кам Маркет каде што пазарувам. Додека татко ми пазарувал, некој муштерија на излегување видел дека му ја нема ќесата (со производи од друг маркет). Им се развикал на вработените, а тие му рекле дека не сносат никаква одговорност. Им рекол дека за возврат ќе им земе роба за таа сума. Што се случило потоа, не знам.

    Затоа ми се допаѓа Веро (таму многу ретко пазарувам). Имаат посебна каса каде што се оставаат ранци или ќеси и ти даваат бројче, со кое што на излегување си ги земаш работите назад. Така треба да работат сите маркети.
     
    На cresa-jagoda, meckicka и kukla21 им се допаѓа ова.
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    ^Незнам што се чудите за ова со оставањето кеси и торби, постојат многу луѓе што идат баш со таа намера да крадат, а после робата што им фали на пописи им ја кратат од платата на вработените. Вработените во маркети не зимаат плата повеќе од 10000 денари, конкретно во Веро и Тедико зимаат 8500, а во Тинекс 10500, за Рамстор незнам ама и они се тука, Кам исто така. И на таа плата + што им кратат за украдена роба подобро ич да не одат на работа. Не е во ред тоа што си немаат шкавчиња со клучуња па да можеш да си ги оставиш работите и да си ги заклучиш, меѓутоа тоа да се шеташ низ маркет со оргомна отворена ташна или ранец упатува на крадење иако можеби намерата ти е далеку од тоа.
    За нељубезноста нема да коментирам, туку ги разбирам, не е лесно да работиш со по сто илјади луѓе на ден, од кои 80% ќе те напнат со нивните психолошки проблеми па уште на тоа да му се смешкаш на секој и да му правиш муабет. Не е лесно ама ич, и незнам кој би имал сила за тоа. Тинекс ми се убедливо најтупаџии на каса со тие поени и глупости, а и луѓево се напнаа со тие поени. Абе за една сметка добиваат 15 поени, а тоа се 3 денари, за 3 денари прават толкави редици на каса па ти иде да пукнеш. Друга работа е тоа што ставиле по 10 каси од кои 8 им стојат за украс. Додека во Рамстор е сосема друго посебно во тој во Центар незнам колку каси имаат ама сите им работат секогаш и имаат убедливо најголем избор од сите маркети. Тинекс го отупеа со македонските производи како да те ограничуваат само на 2-3 производи за избор. Најблиску до мене имам Кам ама од таму купувам секој ден само најосновни работи, немаат многу голем избор ама сите тие германски производи што ги продаваат им се топ. Продавачките тука се исто така многу фини дали дека маалски маркет па сите не знаат и нема инциденти :)
     
  3. Pinafan

    Pinafan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Машки
    Се согласувам до некаде дека не треба да се оди со ташни,

    НО
    Која е логиката?

    1.Која е логиката Да жени со ташни кои најчесто крадат да не ги оставаат,а сите други да мораат да ги остават.Зарем таа ташна и спортска ташна се нешто различни?

    2. Која е логиката???Кога веќе направиле да се оставаат ташни и ќеси,за истите да не направат шкафови т.е истите да бидат заштитени?

    3.Која е логиката?? Да нема човек кој ќе оди по луѓе кои се сомнителни!Јас на нивно место би им оставил на луѓето да влегуваат и со ташни,но ќе одам по нив.Но пак ќе кажам тоа е грешка на менаџментот во тинекс,што (не)вработил човек кој ќе се грижи за сигурноста во маркетот.

    Мене не ми пречи оставањето на ташни,не поради тоа што не ќе бидам во можност без неа да крадам,туку бидејќи во неа ги имам најпотребните работи.Она што највеќе ми пречи е што имам 3 мобилни телефони(кои не се скапи) но од кои на два морам да бидам 100% достапен.Еден службен,на кој можат да ми јават во секој момент и друг на кој исто така можам да бидам побаран во секое време од странство.Мене бизнисот и опстанокот ми зависи од тие два телефона,а веќе неколку пати се случило токму кога ќе стои ташната да заsвони телефонот,а јас да немам прилика да се јавам.И мене после ми прават проблеми на работа поради која причина не сум одговорил на повикот.Ете тоа е најголемата причина зашто се бунам за оваа работа.


    Инаку не ми е јасно ова дали е секаде вака во секој маркет со кратење на плата ако фали роба.Имав слушано за кам вакво нешто порано и за во еден мал ланец на маркети каде што работеше една школска другарка.Ајде за мал можеби и се знае до кого е проблемот,но особено во голем маркет зашто му фалело на газдата роба да плаќа вработен на каса тоа ми е ноу сенс.
    За нељубезноста мислам дека не си во право од неколку аспекти.

    Ќе се задржам на двата маркета споменати погоре. Веро(тафталиџе) и Тинекс(бул.борис трајковски)

    Прво ниту во еден од нив вработените на каса во една смена немаат по 100000 муштерии на ден,туку највеќе по 3 нули помалку т.е по 100,еве во тафталиџе нека биде и до 300 највеќе.

    Се согласувам дека има луѓе досадни,ама тоа е секаде така.На кое работно место нема досадни клиенти?
    Зарем е подобро за целото работно време никој да не влезе и сами да си седат или пак некој да влезе,па макар и да ги опцује.
    Верувај ова второто е многу подобро.

    Друго маркетот тинекс работи од 08-21:30 часот.Е сега незнам дали е точно,но по некоја логика веројатно смените им се поделни на пола.Ако е така луѓево работат помалку од 7 часа што и е доста супер според мене.Тоа не е ни една смена целосна смена.Во Веро на пример работат повеќе до 22Часот,значи половина саат повеќе па пак љубезноста им е на повисоко ниво.Значи заморот воопшто не го прифаќам како решение.

    Претпоставувам дека има некој кој ги посетил и двата маркета и можеби тогаш ќе разбере за што зборувам.

    Разликата во веро тафталиџе и тинекс-на борис трајковски е неспоредлива во поглед на купувањето.
    Во Тафталиџе е сигурно 10 пати поголем бројот на купувачи,работат 30 минути повеќе,а со самото тоа и фрекфенцијата на луѓе е поголема,но пак таму секој знае и да се нашали,но и да си го направи денот весел.

    Пак ќе кажам,не дека во тафталиџе сите се добри,а во тинекс сите лоши,туку напротив и во двата маркета има лоши вработени.И во тинекс кај мене има супер луѓе особено неколку кои навистина мислам дека,ама буквално ништо неможе да им го расипе расположението.Паќ ке напоменам дека не е секојпат до касиерите или вработените.Не се они криви што некој им рекол дека треба да им куцаат на луѓето поени.Тоа е ипак наредба од раководителите и нивна огромна грешка.

    Би напоменал дека неколку наши маркети имаат среќа што немаат гужва како маркетите во Солун на пример.
    Да има такви турканици на каси тука,незнам дали некој ќе се сети да стави собирање на поени од т-мобиле или незнам такви глупости.Е тоа е организација.Денес да примиш и испратиш 10000 луѓе и секој ваков безврска потег знае да чини многу.Тука и се гледа кој е успешен,а кој не.Кај нас кога би било така пола менаџери на маркети или други претпријатија ќе летаат од работа.Среќа што немаме толкав обем на работа.

    П.С Морам да напоменам дека темава веројатно ја чита некој од поглавните во тинекс,па денес за првпат видов велосипед внатре,а и човек кој влезе со ранец по подолго време

    Да чукнам во дрво,али работиве изгледа се менуваат на арно.Дали е само за предизборие или не останува да видиме :)
     
    На Silver.E и mims-89 им се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Види за да ставиш човек - обезбедување кој би ги прател луѓето низ маркет треба да вработиш уште двајца тројца, а тоа е трошок за фирмата, а и не верувам дека некој би се осеќал удобно додека пазари некој да го следи цело време. На газдите и на менаџментот воопшто не им е гајле колку се краде во маркетот они си имаат правило, таа роба што фали си ја плаќаат вработените, ова ти го кажувам од сигурни извори и во секој маркет е така. А од друга страна сакаат во огромен маркет да имаат минимален број на вработени, а тие да треба да работат се - од куцање на каса, до чистење и редење роба + и да внимаваат да не ги краде некој, а тоа никој неможе да го постигне па затоа си ги имаат поставено тие правила за оставање на торбите. Значи од оваа страна го оправдувам тоа, но сепак како што викаш ти дека во ранецот имаш се што ти треба и мораш да го носиш со себе е исто како што морам и јас и сите други да си ги носиме ташните со себе заради вредните работи и други х причини, неможе да те условуваат да мора да си ја оставиш ташната, а верувам дека секаде можат да си дозволат да си стават шкафчиња со клучиња...
    Тоа за љубезноста е секаде различно, сегде има и такви и такви, досега не сум налетала на некоја екстремна нељубезност, а искрено не ни очекувам да е некој љубезен со мене додека ги купувам најосновните продукти за живот. Љубезност очекувам во продавница за облека на пример, а во маркет од кај што купувам леб па сеедно ми е, дали се љубезни или не.... Работат за минимална плата и трпат секакви притисоци од страна па уште и да мораат да го поздравуваат и одпоздравуваат секој што ќе влезе во маркетот тешко нив. Зависи и од карактерот на човекот, има некои што се нонстоп насмеани и расположени за муабет, а други што ни чао не ти викаат... мене ми е сеедно и за двете групи.
    За велосипедот сметам дека тотално не си во право, сигурна сум дека пред маркетот има простор за оставање точаци каде што можеш да си го врзеш и заклучиш додека пазариш, да влезеш со точак во маркет е исто ко да си влегол кај некој дома со точакот, не се должни вработените да чистат после тебе или да им го зафаќаш просторот со точакот. Тоа што сега ти дозволиле да го внесуваш точакот сигурно дошло до ушите на шефовите па бидејќи секој денар им значи и тоа ќе го прифатат, ништо чудно да почнат да пуштаат и со кола да им влезеш во маркет :lol:
    Кога сме кај муабетов да ги пофалам во Рептил се многу организирани и средени, имаат некои клуб картички за попуст и цените им се стварно ок па и пониски од големиве маркети. Вработените денес беа посебно љубезни и расположени, голем плус ми е што имаат пекара и свежо печен леб и пецива кои патем се превкусни, багетите и чеиабата лебчето, ммм...
     
    На Dvolicen, Pinafan и fificaaa им се допаѓа ова.
  5. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Женски
    Тоа што ве опоменуваат да ги оставате ранците и торбите е ради тоа што на секој би му било незгодно да проверува во ташни и ранци што носи муштеријата. Мн. нормално е дека е дел од приватност и мене би ми било незгодно да буричкам по туѓи ташни, башка ако има и повеќе муштерии нормално е дека би ве гледале како крадец иако немате ништо внатре , таков ни е менталитетот. А и има секакви кои реагираат различно па вака по сигурно и за тие што работат таму , а и за нас. А не секој маркет може да си дозволи некој да чува стража да не се украде нешто. Во Камот кај што пазарувам се по 2 на смена и не знаат што попрво да напраат дали да наредат дали да трчаат по секој да не украде нешто. А за точакот јас лично како муштерија би ми било мн невкусно во просторот од каде што купувам леб да стои некаков си точак , а не па вработен да бидам и да го чувам.
     
  6. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Јас имам работено во еден голем маркет, некој период, не многу долго, така што еве ви една директна перспектива од другата страна.

    *Прво, што се однесува до оставање ранци или ташни. Имавме МНОГУ случаеви кога фаќавме личности кои крадат и тоа личности за кои никогаш во животот нема ни да помислиш дека можеби се такви.

    Колку за пример, фативме на камера една позната балерина од нашава земја како краде... Ахам, да, да позната балерина, не откривам име. Секој божји ден доаѓаше да пазари во маркетот кај што работев, сите ја знаевме и она сите не' знаеше, си призна и изговорот и' беше дека не знае ни самата што и' станало и што и' се случило, од тој настан не ни влезе уште еднаш.
    Потоа се сеќавам дека фативме една наставничка која предаваше во основно училиште од прво до четврто, постара жена, исто така секој божји ден беше во маркетот, и со сите секој ден муабети, насмеана, и на крај ја фативме на камери како краде, призна ама и си се правеше како ништо да не се случило и другиот ден повторно си дојде да си пазари со истите муабети.
    А да не зборам па колку пати сме фатиле госпоѓи, облечени со скапи бунди, накит, фризури итн што крадат, да крадат, да не ти се верува. Дали два, три пати сме фатиле некое циганче да земе некое чоколатце, сите крадци беа госпоѓи и господини што без никаков проблем отвориле новчаник и си го платиле тродупло производот што го украле.

    Ова е чиста вистина, не преувеличувам и не измислувам кој сака нека верува, кој сака нека не верува. Се' ова сме виделе со свои очи на камера, признале и го извадиле украдениот производ пред сите и си го платиле повеќекратно. Не сме оделе никогаш по никого, зашто така никогаш нема да го фатиш, кога ќе види дека одиш по него/неа нема да се осмели да украде, ама кога ќе види дека нема никој околу него/неа, одма зема нешто, а не знае дека го гледаш на камера, а на камера одлично се гледа.

    Од тоа работно место дефинитивно сфатив дека постојат СЕКАКВИ луѓе и изгледот како што може да ве излаже ништо друго на светот не може, дури и најголемиот лажго нема да ве прелаже така како што самите можете да се излажете со тоа што ќе судите по изгледот.

    Затоа нека не ве чуди ако ве третираат како потенцијален крадец.
    Плус па што вработените си го плаќаат тоа што ќе се украде. Во случај да не се фати крадецот, а на попис да излезе дека фали роба.

    *Второ, точак внатре не можете да внесувате. Затоа што тоа е продавница каде се чува храна, а таа храна не смее да биде во допир со никакви бактерии. Вработените на помалку од 6 месеци одат на детални санитарни прегледи баш заради таа причина. Нормално дека нема точаците да ги ставите кај лебот, да, ама ако во случај влезе инспекција тоа нема да го гледа баш така наивно и нив не ги интересира колку на вас ви е скап точакот. Плус маркетот не е во ваша сопственост па внатре да си внесувате ваши лични превозни средства, мислам, логика. Затоа си постои катанец, ланец, клуч и што ти ја знам друго па ќе си го заклучите надвор, како и што е впрочем нормално. Зарем во кафич ако отидете ќе ви дадат внатре да го ставите? Нормално дека не, како и во секоја останата институција од било каков карактер.

    *Трето, однесувањето на вработените. Е сега факт е дека има луѓе кои си се намќори и едноставно ништо не ги менува. Тоа е тоа. Имав на работа колешки што беа секогаш љубезни и насмеани, не зашто глумеа туку зашто едноставно такви се. Имав колешки кои ни на живо се радуваа, ни на мртво плачеа, знаете за какви личности зборам. Имав и едни кои беа супер, ведри, насмеани ама не им поминува нервозата лесно, еден ќе ги изнервира во текот на денот и цел ден се нервозни и невесели. Јас лично не се замарам со луѓе кои не ми значат и не се дел од мојот живот. Секогаш сум била таква. Така што една непријатна случка не ми влијаела на денот. Од едно уво влегло од друго излегло. Ама не се сите такви. Треба да сфатите дека тоа се само различни карактери. Можеби најнасмеаната вработена сто пати повеќе ја изнервирале од таа што е смуртена. Ме сфаќате. Не викам не, има и вработени што се мрзи, лоши, злобни итн. Ама повеќето се такви заради луѓето што влегуваат да пазарат.

    Како и да е, во поголемите маркети дневно не сакате да знаете колку луѓе поминуваат. И сите се брзаат, сите сакаат први да бидат услужени, немаат трпение, па не сакаат да чекаат ако на каса се случи некој проблем, па зошто лента снемало, па зошто наградни игри, па зошто купони, само време се губело, а тоа е само дел од работата и едноставно мораш да го кажеш тоа зашто така ти кажале, па триста муабети ќе ти извртат. И, ти треба цел ден да се носиш со нервозите на сите што си ги донесле од работа, од дома, од свекрвата, од шефот, од партнерот, од професорот итн., а не се само нивните нервози, можеби и вработениот си има свои лични проблеми.

    Секој поединец сака да си заврши работа, што е нормално, си излегува и толку, а вработената на каса треба на секој да му исполни желба и сите преку неа да поминат, со расположените да си расположен, со намуртените да си на дистанца, со комуникативните и ти треба да си комуникативен зашто цело маало ќе те дознае дека си таа намуртената од тој и тој маркет, со нервозните да гледаш да не ги доизнервираш, со некултурните треба железни нерви да имаш...

    Плус и друга работа, има и крајно некултурни луѓе. Значи КРАЈНО, последната точка на некултура и поган речник ја имаат достигнато. И доволно е пет такви да влезат во текот на денот и да те извадат од контрола. Епа видете сега вие колку треба да си трпелив за да не му ја залепиш некоја на некој или па да не му се развикаш. И од камен да си, па ќе пукнеш.

    Како и да е, според мене, не треба да ве занима, кој е нервозен, а кој е расположен, не влегувате во маркет за да вас некој ве забавува или се однесува не знам како со вас, верувам дека си имате драги личности за тоа. Едноставно влезете, ако ви треба нешто прашајте, никој нема да ви сврти глава, ниту пак треба да ве интересира дали е расположена или не вработената, нејзино е да ви одговори и да ве упати, толку, испазарете во нормално време, а не буквално две минути пред да затворат со изговор дека ви треба да земете нешто, а притоа останете внатре 40 минути, и љубезно излезете како нормални луѓе. Кога сите ќе го прават ова нема да имаме ниту изнервирани муштерии, ниту изнервирани вработени.
     
    На cresa-jagoda, esperansa777, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Pinafan

    Pinafan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Машки
    Не се согласувам со полно работи али не е ни битно.

    Прво во еден од маркетите мислам дека има и многу повеќе луѓе од што треба.Дури има луѓе кои се кријат и не им се работи.Едноставно такви се луѓето.

    Платата незнам колкава е,секогаш слушам разни коментари,така да ќе се воздржам од коментари за неа.Само не верувам дека истата е 8000-8500 денари.

    Инаку дека во големиве маркети 7 часа е многу работа не би се согласил.Зборував со некои луѓе во тинекс и ми велеа дека одат 22 дена на работа по една смена што е навистина супер,споредбено со други места.Јас на пример порано одев 29 дена во месецот.

    За ова со велосипедите веројатно не си ме разбрала.Не ставам велосипед внатре кој го возам низ град,туку само оној скапиот истиот кој и дома си го чувам во соба.
    Оној кој ми е за по град си го врзувам надвор токму онаму каде што е местото за велосипеди.Немам ниту намера да го ставам внатре.
    Инаку вчера видов луѓе и собими кои ги ставаат внатре,што мислам дека е до некаде нелогично,али ако е чист негледам никаков проблем.

    За крај ќе кажам дека за нељубезноста во некој маркет на каса,нема врска со купувањето на производи.Дали денес ќе купам само леб од 30 денари или ќе купам цела количка за која ќе оставам на пример 3000 денари не гледам ништо разлика.Верувам дека таа на каса на крај од месецот ќе земе иста плата без разлика на мојата куповна моќ и потреби.Значи висината на платата не и зависи од мене.Добро ќе и зависи ако не влезам,но неверувам дека ќе ја качи или намали ако купам повеќе или помалку артикли.А ова со добар ден,пријатно или слично е чисто од култура.Ниту некој ги тера да зборат ниту ништо!И да ми речат и да не ми речат вработените исто ми е.Всушност кога доаѓам на каса,незнам како би изгледало доколку не кажам барем здраво.Ама Навистина би ми било чудно,некој да оди на каса со корпа и да остави само пари,да си ги стави работите во ќеса и без барем едно чао или пријатно да си отиде. :^) Најчесто тоа и јас го зборам,и тоа исто,веројатно од навика.Чао и си излегувам.

    Инаку пак ќе направам споредба со Солун.Пред 5-6 години од клуб претстојувавме во центарот на градот.
    Па ми се чини кога било кој од нас ќе влезеше луѓето беа толку весели и љубезни,што ми се чини дури и не заслужуваа луѓе како нас.мана им беше јазикот па слабо можевме гласовно да се разбереме но пак луѓето беа толку добри што навистина се обидуваа на секој можен начин да не услужат и да бидеме задоволни.Едноставно да му е срам на човек да влезе,а да не купи нешто.
     
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Бидејќи и јас често возам велосипед, и тогаш попогодно ми е да си носам ранец, да прашам.

    Зошто јас да го оставам ранецот (а, во него имам основни, важни работи), а жените можат да се шетаат внатре со ташните (кои знаат да бидат и огромни чиниш куфер е).
    Нема логика !!!! :^)

    А, башка се шетаат мајки со количките со бебиња, па и тие се погодни за крадење, ако веќе кажуваме...
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Пинафан таа им е платата верувај, познавам луѓе што работат и во Веро и во Тинекс, а имам и работено на прокет за информациски системи конкретно за еден маркет нема да го именувам. Точно знам каде колку вработени има и верувај дека се малку, под минималниот број на вработени за да може да функционира нормално еден маркет. Во еден маркет, нема да кажам кој има вработено 22 луѓе од кои 3ца се слободни во еден ден, значи 19 луѓе работат во две смени, односно по 9 + главен шеф кој работи само прва смена и секогаш е слободен во недела. Со 9 вработени во една смена од кои едниот е заменик менаџер + главниот шеф, 5 касиерки и човек на месара и пилјара и само еден магационер очекуваат да функцинора маркет во кој има поставено 10 каси?! Како прво нема персонал за да ги уклучи сите каси! Од сите тие каси работат само 5 во најголемата гужва, а инаку работат по 2-3. Другите вработени каде се? Вака ако гледаш од надвор и дремеш на каса пола саат сигурно си мислиш дека во канцеларија пијат кафе и затоа не се на каса, ама не, редат роба или чистат, или услужуваат луѓе, еден да е на пауза да речеме затоа што несмее во исто време на пауза да бидат двајца вработени. Затоа не ни фунционираат маркетите како што треба, затоа што на еден вработен му се препишуваат повеќе фукнции, епа неможе со волку персонал сите цени да ти бидат точни, сите рафтови наредени и сите муштерии задоволни. За работното време е точно дека секаде работат по 7 саати, ама па и секаде имаат само 5 слободни дена во месецот, така да не е точно дека работат 22 дена.
    Се согласувам за тоа дека не е учтиво барем од општа култура да те поздрават и одпоздрават на каса... Еве како што кажа за во Солун така се привлекуваат луѓе, од љубезноста мораш да купиш нешто инаку ќе ти биде незгодно... Незнам... слаб им е маркетингот, сакаат да вложат минимум, а да заработат максимум, а тоа неможе така. Последно што видов за Тинекс е дека имаат најнова капања, ако најдете производ со поминат рок ви го даваат истиот со исправен рок за пола цена, ако најдете неточна цена, на каса ви наплатат производ по повисока цена треба да ви го дадат бесплатно итн... Еве мајка ми налетала на погрешна цена на прашок за перење, пишувало 300, а на каса излегло 400 и и рекле дека ќе и го наплатат по цена од 150 денари, ама и било незгодно па не го земала :D
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.405
    Пол:
    Женски
    Кам и Тинекс.
     
  11. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Пазарам во сите маркети: Рамстор, Веро, Тинекс, Кам, Стокомак, Тедико.
    Најевтини ми се Кам и Стокомак, штета што немаат се што ми е потребно, иначе само таму би купувала, иако Стокомак е претесен, пренатрупан и секогаш има огромна гужва на каса!
    Но, големите маркети (Рамстор, Веро, Тинекс) нон-стоп имаат производи на попуст, па и таму пазарам. Се што нема во Кам и Стокомак, таму го купувам.
     
  12. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    713
    Допаѓања:
    5.902
    Пол:
    Женски
    Уф ме има фатено една маниоја за пазарење секаде одам Рамстор, Тинекс, Кам, Стокомак, Веро и има едни нови продавнички ТСВ маркети се викаат имаат ефтини производи ги има на повеќе локации во пролет кај ла тана, на злено пазарче итн посетети ги може ќе си купите нешто ефтинко.
     
  13. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.369
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Ние пазаруваме во Тинекс, Кам маркет, Stop shop, навикнати сме таму.
    Пазарувавме во Тедико ама го затворија.
     
  14. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    Најчесто во Веро, секогаш имаат се' што ми треба. Понекогаш во Тинекс (пошто ми е поблиску), ама не ми се допаѓа што воопшто не е естетски уредено. Јас кога си пазарам сакам и се убаво цакум пакум да си е наместено, а маркетов кај мене со години си стои така.
    Патем, Гранап маркетот го отвараат на минутка од кај мене, па изгледа тоа ќе ми биде нова дестинација за пазарење. :sun:
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.038
    Пол:
    Женски
    Најмногу пазарам во Веро, во Кам и во СП маркет. Едноставно заради добрата снабденост со добри производи.
     
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    ова како јас да сум го пишувала :)
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cuci81

    Cuci81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    3.830
    Кам и Стокомак како најефтини. Бидејќи немаат се за останато во Тинекс, а за месо Веро.
     
  18. Annah87

    Annah87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    719
    Пол:
    Женски
    Начесто во Супер Тинекс и Кам
     
  19. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Веро е број еден според мене. Најскап е и најквалитетен. Јас барам квалитет. Стокомак ги рангирам на најниско ниво.
    Понекогаш купувам и од Кам, но одреден производ. Зошто само таму го има.
     
  20. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.123
    Допаѓања:
    6.564
    Некој што има работено во маркет, доколку може да ми пише лп, сакам да го прашам нешто :)