Најчесто пазарам Стокомак, Кам. Рамстор онака. Многу се скапи не сфаќам зошо. Истите работи, све исто, а поскапо бар за 10 ден. Вај?
Јас разговарав со комшика која работи во КАМ. Ми рече дека порачувале палети. На пример...... Сирење една палета, кашкавал друга палета, и др. Голема разлика има во цените. Исто и во Стокомак е така. Јас од таму пазарувам. Не одам ни во Тинекс, Рамстор, Веро и останатите маркети.
Da toa znam. I imaat rabat pogotovo na mlecnite proizvodi poso magacinite se eden do drug so se vika. Ama Kinder primer u Kam ili koj i da e e max 44 u Ramstoee e 50 i neso. Ne me zezaj.
Нарачуваат поголеми количини и затоа имаат пониски цени за набавка, мислам дека и маржата е пониска отколку во другиве маркети, освен тоа за одредени производи (козметика, нега и хигиена) имаат различни добавувачи, често со пониски цени од оригиналниот добавувач. Дел од производите се наменски пакувани за нив лично, со помали трошоци. Просториите кај што се маркетите се магацини, не се класични деловни простори, повеќето се нивни, не плаќаат кирија за разлика од Веро и Тинекс на пример, па и Рамстор ( без Рамстор мол). Робата е во кутии изложена, баш магацински, не како во класичен маркет.
Битолска павлака. Црниот тврд леб со семки. Sunny ајварот. Витаминка корнишоните/фефероните. Blue Sea туната. Пирошките со кашкавал. Гауда кашкавалот. Пармезанот. Овошките, зеленчуците обавезно. Има уште, но не можам да се сетам во моментот. Битно е дека сум задоволна од квалитетот.
Најмногу производите од нивните марки. Замрзнатите грашок, жолта боранија, златна мешавина, слатка пченка, ајварите од Сани. Брашното Густо, нивниот чоко крем Гаја од кило, грицките од Салути, кршениот ориз од кило, црвената леќа. Млеката, киселите млека, јогуртите и киселите павлаки од Бела Фарм. Кечапот и мајонезот на Лебон. Благите ствари од Милорд. Турското кафе Фиеста. Фолијата за свежа храна и кесичките за храна од Каса Кам. Од други производи, најчесто од таму купувам лимони, Евридеј влошки, Нес Кафе од 50гр, чоколадите Милка, копаните од Слога и пилешкиот џигер со срца од Анаком.
Замрзнато овошје, за смути и сл. Во други маркети знае да е дупло поскапо. Тоалетна хартија, средства за чистење, дезодоранси, паста за заби.
Сакам глушец во замрзнат зеленчук од Кам Само Олимпус сок некогаш бидејќи ми е нај блиску друго ништо од таму бидејќи е субстандардно а јас се ценам себе си и не јадам субстандардна храна од нискобуџетни фирми и имиња кои го преплавуваат пазарот и рафтовите со квантитет а не квалитет и нормално ниво.... Ама купувачите се навикнати да јадат само најефтини цени и не си се ценат себе си и своето тело храмот на душата и внесуваат секакви ефтини аматерски помии од аматерски субстандардни фирми што влијае и се одразува на изгледот и телото
Лол. Извини што ние кутрите нискобуџетни сиротињи јадеме од кам бидејќи веро и сличните ,,алтернативни" маркети ни се прескапи. Бај д уеј, Олимпус сокот не е нешто особено здрав. Не гледам како ти е сокот помало зло од една краставица/домат/туна/интегрални тестенини/маринирани печурки од кам, ама добро. Башка, квалитетот на храната е битен, но количината и начинот на кој е купена, составена и спремена уште побитен. Но, што знаеме ние субстандарните нали.
Хаххахахах не ми го сфати коментарот ама ајде... Се како провокација сфаќате....Што треба по долно да најдете во замрзнатиот зеленчук освен глушец за да ви се згади и да сфатите дека тоа во Кам не е храна ??
Не е во ред да пишуваш со иронија, има луѓе кои навистина немаат, го знаеш тоа. Инаку, ги укинаа зеленчуците со карфиол и морков внатре, нели во едно пакетче се најде глушец. Патем и од веро кога пазарувам забележувам црви внатре, ако заборават рокот да го променат. Лично најдов во чајните колачиња со крем внатре пред три месеци. Впрочем, општо познато е дека често добиваме третокласни производи на увоз кои не минуваат низ НАССР стандарди за жал. Сиромашна земја сме, јеби га.
Да отвори на гоогл пиши глушец во замрзнат зеленчук во Кам Кај мене дома сестра ми и мајка ми се од таму земаат како да нема друг маркет и ја морам се посебно да купувам и дупли пари се дава