https://fokus.mk/pronajden-glushets...-ahv-go-povleche-proizvodot-od-kam-marketite/ Па и јас некогаш немам... Ама подобро гладен од колку нешто штетно да јадам правено од аматерски фирми во аматерски услови...туку мене ме нервира што кога одбивам и презирам такви работи ме мразат и ме прават луд
Зеленчукот и овошките се добри ако не се замрзнати и расипани, печурките природни се исто во ред од кам. Ајварот од sunny исто. Конзервираните производи со исклучок на битолска павлака и туна ги избегнувам и јас заради силното присуство на xenoestrogens, но, тоа е друга тема, не за овде. Инаку лоша храна во секој маркет има ако не правиш добра селекција, да знаеш. Тоа е претежно конзервираната или во кесички. Како грицки, кечапи, павлаки за готвење, паштети и сл. Не е кам крив ако лошо бираме и јадеме, самите сме си.
Ја немам можеби некоја скапа облека ама на храна не штедам и секогаш барам некој уникатен нов производ
Јас сум јадел се и сешто се додека не ми се отворија очите и хоризонтот пред 12 години и направив целосна промена што купувам и секогаш читам дали има конзерванси... Гледам да не е со палмина маст и млеко... А повеќето од купувачите зимаат се и сешто само да е ефтино и јадат се и сешто ама само ефтино (неквалитетно) мене ми влијаеше една друга по различна средина и менталитет за да се разбудам..... Тука купувачите прифаќаат се и сешто и немаат стандарди и критериуми и затоа се преплавува пазарот со неквалитетна роба која се троши и се така во круг истата Овошјето и зеленчукот од каде знаеш од каде е и дека не се полива со вода од Вардар.?
Истото прашање важи и за Веро и Тинекс. Само затоа што изгледа убаво и свежо не значи дека не е со пестициди, минато низ рестриктивни стандарди и полевано со бистра вода. Освен тоа како и да е одгледано дома го миеш неколкупати, зар не? Правиш крвна слика да видиш дали си здрав од време на време. Тоа е сешто можеме за жал.
Не јадам зеленчук и овошје ам кога јадам гледам да е од една јужна земја бидејќи знам дека таму е чисто е сега дали ставаат пестициди незнам сигурно има... Не можеш од се да се заштитиш ама барем пробувам некој не пробува и ме исмејува... Леќа и ориз купувам увозни, оризот италјански леќата грчка
Пршута во Кам на Pivac и Beretta ,чист состав само месо и сол.Ништо друго.Мн се вкусни Исто и маслинки во Кам само со зачини,сол и маслиново масло
Во веро најчесто идам. Иако еднаш ептен се разочарав во верото во тафталиџе пред отприлика 2 год. идам кај готовите јадења и велам на таа да ми стави од макароните со кари сос и женава гледа нема црпалка (или како и да се вика лажицата) и со цел памет со гола рака бутна во макароните и почна да става Ја гледам и неверуем она гајле нема става ли става со рука ја само си заминав. и по некој ден поминувам од таму и уште накриво ме глеа демек сум наручала а сум заминала а може па требала да се замисли зашто
Кам е закон. По некоја работа Веро и тоа е се. Останатите маркети ако се прашувам можат да си го стават клучот
Што се дешава со Тинекс? Пред некоја недела празни рафтови беа во овој што ми е во близина. Сега гледам има роба од некои си брендови кои ги нема по други маркети, а што претходно ги немало ни во Тинекс. Ептен ми беше чудно кога влегов ко во некој друг маркет да сум. Да не го продаде Тинекс кучата?
Пропаѓа Тинекс, одамна дел од дистрибутерите не им носат роба, должен е секаде, сега и со плати почнале да им каснат.
Имаше гласина за продажба, но негираа. А, слабо им оди откако ептен ги качија цените. Овој кај мене има едвај 2-3 муштерии.
Дел од Тинекс маркетите се ребрендираа во Конто и мислам изгледа нешто слично на КАМ со пакети по полици, демек дисконт, а цените сепак високи. Останатите едвај функционираат и мислам ќе останат само 2-3 можеби шо им се убаво разработени. Пред 2 месеци сосема случајно влегов во тој кај катната гаража 26 Јули и внатре штама и празни рафтови, а доста често пазарев порано таму оти ми беше блиску.