Домати претпочитам да купувам од Кам и Рамстор. Кај останатите почесто се водлести и побрзо скапуваат. Исто и за главици лук. Од Стокомак купувам само кога се на акција инаку не ми вредат бидејќи не се многу издржливи. Авокадо од Веро или Кам. Течни јогурти никако од оној Стокомак во Центар. Не знаат да ги одржуваат.
Кам и Стокомак немаат убави овошје и зеленчук. Брзо скапуваат. И сувомеснатите се за никаде. Најзадоволна сум од тие колачите во канче што се
Си зависи колку од вработените обрнуваат внимание. Во локалниов едната шефица е строга, па ги тера брзо да менуваат парчиња кои не изгледаат добро. Во блискиот Кипер па, доматите не се добри, смачкани се. Пиперките им се така-така, а компирите им се убави.
Рамстор се катастрофа, секогаш има гужва, каси малку работат, спори се, зеленчукот сув, месото понекогаш добро, ништо посебно.