Форумџика на годината

Марли и јас (Marley & Me) [2008]

Дискусија во 'Филмови' започната од Divinebutterfly, 1 октомври 2011.

  1. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Главните актери се Овен Вилсон и Џенифер Анистон...
    Ве молам луѓе,како можи да нема тема за најтрогателниот филм за кучињата и луѓето? :) Или барем за оние што сакаат кучиња. Сега го гледав,по 4ти пат и исто толку останав импресионирана како и првиот паткога го гледав,и иако филмот е смешен,крајот е многу трогателен.По 4ти пат ме расплакува ;( И тоа не онака да пуштам некоја солза,буквално плачев...Затоа ве молам напишете и вие лични впечатоци за филмот :)
     
  2. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Marley & Me (2008) МАРЛИ И ЈАС

    Прекрасен филм дефинитивно!
    Сум се убила од плачење на крајот, ни минута не ми беше досаден.
    Се беше онака како што треба да изгледа еден убав филм..
    Одлично, од мене 10/10 :clap:
     
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Marley & Me (2008) МАРЛИ И ЈАС

    Убав филм со мојата омилена актерка. Крајот беше многу тажен :(
     
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Филмот е прекрасен. Многу реална приказна за животот на млад брачен пар и нивното милениче, кое патем беше најсветла точка во филмот. Верувам дека секој сопственик на куче треба да го изгледа филмот и дека ќе се пронајде во многу делови.
    Крајот е многу тажен, се утепав од плачење :(
     
  5. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Филм кој дури и нај бесчувствителниот човек нема да го остави рамнодушен!
    Одлична приказна, добро одбрани глумци и едно откачено кутренце.
    Реална приказна за ординери фемили вит а дог...
    Има доста смешни сцени, но крај е многу тажен!
    Се протурив од плачење... :(

    Се на се одлична оцена му давам на филмов!
    10/10 :clap:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    766
    Правило за успех во филмска индустрија #1: Ако има куче во филмот, ќе умре. Без оглед на се. Кога ќе умре, толку ќе претераат и ќе го прикажат на најужасен начин за сите да рикаме како магариња.

    Кога го пуштив да го гледам, не мислев дека ќе биде толку емоционален филм. На трејлерите изгледаше како комедија. Кога завршуваше веќе си барав марамчиња.. 2 цели бокала си исплакав.

    [​IMG]
    [​IMG]

    Душичка мила. ;(
     
    На khaleesi1, Divinebutterfly и Hipica им се допаѓа ова.
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Џенифер Анистон + златен ретривер.... не е потребно ништо повеќе да ме привлече.
    Само што видов дека постои филмов, го спуштив и гледав во истиот момент. Голтав реплики цело време и се радував на опавчето на Марли. Ми се допадна тоа што имаше тажен крај. Со тоа излегува од оние рамки на happily ever after приказни. А јас уживам да живеам и дишам надвор од рамките.
    * Една мала забелешка за насловот на темава: нека биде Јас и Марли. Поприродно звучи за нашево говорно подрачје, не?
     
    На Breezy и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  8. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Ох,го гледав еден пат и немам храброст да го гледам уште еднаш оти срцето ми се кине на сцената каде што умира Марли ;(.Се утепав од плачење буквално,не можев при себе да си дојдам.И еве сега што ја видов сликата поставена во темата повторно ми навираат солзи во очите.
    Филмот е прекрасен,ја прикажува неверојатната врска помеѓу човекот и кучето.Имаше многу смешни и урнебесни моменти со Марли но крајот беше многу тажен.
     
  9. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Ми беше интересен филмов,посебно затоа што моето куче ме потсеќа на Марли исто такво е немирно :D
    Кога умре кучето јас не гледав зашто ми течеа солзи,тажен крај :(
     
  10. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Не само што е смешен, филмот е реален. Убаво имаат кажано: единствената маана на кучето е тоа што животот му е прекраток! Со овој болен факт кога тогаш треба да се соочи секој сопственик на куче.

    Убава паралела меѓу човечкото созревање (љубов, брак, работа, деца) и кучешкото созревање покрај нив. Ако ништо друго, барем ќе ве натера поубаво да се однесувате кон својот миленик, за кога ќе му дојде часот да не се каете дека не сте му дале доволно љубов.
     
    На Divinebutterfly и Juicy им се допаѓа ова.
  11. Justice

    Justice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    91
    Прекрасен филм!!!Но секако,многу тажен крај.... ;(
     
  12. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Ооооо колку добар филм. Море не добар, одличен.
    Не очекував дека ќе завршам со толку реки ,притоки на очите, лицето и разните ткаенини околу мене. Стварно, онака почнав со визија на комедија и имаше интересни моменти, нормално со Марли, али како опаѓаше разиграноста на Марли, така и енергијата и среќата у филмот. Стварно добар филм, кој говори за поврзаноста на човекот со кучето-единствениот вистински пријател на човекот, бракот, семејството, и она стандарнотото: „Може ли бебе и куче под ист покрив?“.
    И после се, се востанови дека Марли не било лошо куче, Марли било најдоброто куче што некогаш постоело.
    Одличен филм. :clap:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  13. butterfly.fly

    butterfly.fly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    26
    Филм што можам да го гледам 100 пати и исто да реагирам на него..Со самото тоа што се потсетив на него ми се насолзија очите,можеби зошто имам слично куче дома и ептен на душа ми паѓа се..
    Дефинитивно еден од најдобрите филмови..
     
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Многу топла приказна која плени.
    Актерите ја дополнуваат позитивната слика, иако приказната сама за себе си е доволно прекрасна.
     
  15. lady-red-riding-hood

    lady-red-riding-hood Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    30
    Прекрасен филм со тажен крај... :( :D
     
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Очекував да биде многу подосаден и поглуп, но ме изненади.
    Сакам приказни што завршуваат со клише, и сега сите заедно среќни си живеаа |(
    Кога видов Џенифер анистон одма си помислив, пак некоја поинтлес комедија, но згрешив.
    Многу мил фин, со многу чувства, дефинитвно ме натера да пуштам некоја солзичка на крајот ;(
    Добра замисла и добра изведба.
    Силна 7 :)
     
  17. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Прекрасен филм со претажен крај...Kолку пати го имам гледано и никогаш не ми станал досаден :P ...меѓу тоа уште колку пати да го гледам ќе плачам на крајот... ;(
     
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Прекрасен е :inlove:
    Воодушевена сум и од приказната, и од актерите кои одлично си ја завршиле својата работа. Ама на крајот не можев а да не пуштам некоја солза. :(
     
  19. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Одличен филм! Вреди да се погледне. Навистина на интересен начин е прикажана поврзаноста помеѓу човекот и кучето. Многу интересен филм, но со многу тажен крај.
     
  20. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    4.555
    Пол:
    Женски
    Само мене не ми беше ништо посебно или ?