Главните актери се Овен Вилсон и Џенифер Анистон... Ве молам луѓе,како можи да нема тема за најтрогателниот филм за кучињата и луѓето? Или барем за оние што сакаат кучиња. Сега го гледав,по 4ти пат и исто толку останав импресионирана како и првиот паткога го гледав,и иако филмот е смешен,крајот е многу трогателен.По 4ти пат ме расплакува И тоа не онака да пуштам некоја солза,буквално плачев...Затоа ве молам напишете и вие лични впечатоци за филмот
Marley & Me (200 МАРЛИ И ЈАС Прекрасен филм дефинитивно! Сум се убила од плачење на крајот, ни минута не ми беше досаден. Се беше онака како што треба да изгледа еден убав филм.. Одлично, од мене 10/10
Филмот е прекрасен. Многу реална приказна за животот на млад брачен пар и нивното милениче, кое патем беше најсветла точка во филмот. Верувам дека секој сопственик на куче треба да го изгледа филмот и дека ќе се пронајде во многу делови. Крајот е многу тажен, се утепав од плачење
Филм кој дури и нај бесчувствителниот човек нема да го остави рамнодушен! Одлична приказна, добро одбрани глумци и едно откачено кутренце. Реална приказна за ординери фемили вит а дог... Има доста смешни сцени, но крај е многу тажен! Се протурив од плачење... Се на се одлична оцена му давам на филмов! 10/10
Правило за успех во филмска индустрија #1: Ако има куче во филмот, ќе умре. Без оглед на се. Кога ќе умре, толку ќе претераат и ќе го прикажат на најужасен начин за сите да рикаме како магариња. Кога го пуштив да го гледам, не мислев дека ќе биде толку емоционален филм. На трејлерите изгледаше како комедија. Кога завршуваше веќе си барав марамчиња.. 2 цели бокала си исплакав. Душичка мила.
Џенифер Анистон + златен ретривер.... не е потребно ништо повеќе да ме привлече. Само што видов дека постои филмов, го спуштив и гледав во истиот момент. Голтав реплики цело време и се радував на опавчето на Марли. Ми се допадна тоа што имаше тажен крај. Со тоа излегува од оние рамки на happily ever after приказни. А јас уживам да живеам и дишам надвор од рамките. * Една мала забелешка за насловот на темава: нека биде Јас и Марли. Поприродно звучи за нашево говорно подрачје, не?
Ох,го гледав еден пат и немам храброст да го гледам уште еднаш оти срцето ми се кине на сцената каде што умира Марли .Се утепав од плачење буквално,не можев при себе да си дојдам.И еве сега што ја видов сликата поставена во темата повторно ми навираат солзи во очите. Филмот е прекрасен,ја прикажува неверојатната врска помеѓу човекот и кучето.Имаше многу смешни и урнебесни моменти со Марли но крајот беше многу тажен.
Ми беше интересен филмов,посебно затоа што моето куче ме потсеќа на Марли исто такво е немирно Кога умре кучето јас не гледав зашто ми течеа солзи,тажен крај
Не само што е смешен, филмот е реален. Убаво имаат кажано: единствената маана на кучето е тоа што животот му е прекраток! Со овој болен факт кога тогаш треба да се соочи секој сопственик на куче. Убава паралела меѓу човечкото созревање (љубов, брак, работа, деца) и кучешкото созревање покрај нив. Ако ништо друго, барем ќе ве натера поубаво да се однесувате кон својот миленик, за кога ќе му дојде часот да не се каете дека не сте му дале доволно љубов.
Ооооо колку добар филм. Море не добар, одличен. Не очекував дека ќе завршам со толку реки ,притоки на очите, лицето и разните ткаенини околу мене. Стварно, онака почнав со визија на комедија и имаше интересни моменти, нормално со Марли, али како опаѓаше разиграноста на Марли, така и енергијата и среќата у филмот. Стварно добар филм, кој говори за поврзаноста на човекот со кучето-единствениот вистински пријател на човекот, бракот, семејството, и она стандарнотото: „Може ли бебе и куче под ист покрив?“. И после се, се востанови дека Марли не било лошо куче, Марли било најдоброто куче што некогаш постоело. Одличен филм.
Филм што можам да го гледам 100 пати и исто да реагирам на него..Со самото тоа што се потсетив на него ми се насолзија очите,можеби зошто имам слично куче дома и ептен на душа ми паѓа се.. Дефинитивно еден од најдобрите филмови..
Многу топла приказна која плени. Актерите ја дополнуваат позитивната слика, иако приказната сама за себе си е доволно прекрасна.
Очекував да биде многу подосаден и поглуп, но ме изненади. Сакам приказни што завршуваат со клише, и сега сите заедно среќни си живеаа Кога видов Џенифер анистон одма си помислив, пак некоја поинтлес комедија, но згрешив. Многу мил фин, со многу чувства, дефинитвно ме натера да пуштам некоја солзичка на крајот Добра замисла и добра изведба. Силна 7
Прекрасен филм со претажен крај...Kолку пати го имам гледано и никогаш не ми станал досаден ...меѓу тоа уште колку пати да го гледам ќе плачам на крајот...
Прекрасен е Воодушевена сум и од приказната, и од актерите кои одлично си ја завршиле својата работа. Ама на крајот не можев а да не пуштам некоја солза.
Одличен филм! Вреди да се погледне. Навистина на интересен начин е прикажана поврзаноста помеѓу човекот и кучето. Многу интересен филм, но со многу тажен крај.